Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Зеленото, малото!

Сончево пролетно утро. Излегувам на терасата и погледнувам на лево. Целата пољана покриена со штотуку порасната трева. А под дебелото дрво, кое секое лето држи една пријатна сенка, приметив нешто поразлично. Иако беше зелено и потполно се вклопуваше во околината, нешто беше различно кај тоа купче растенија. Веднаш се сминав по скалите и отидов кај дрвото, а таму пораснале детелини. Безгрижно се нишаат на тивкото утринско ветре кое ги сушеше од вечерната роса. Пресреќен дека можеби ќе најдам детелина со четири листа, занесен се впуштив во потрагата. Одеднаш сфатив дека нештото кое ја правеше таа разлика која претходно ја забележав е токму таа четирилисна детелина. Иако претставуваше една од работите кои ја носат среќата на светот, беше подвиткана од силниот ветер и дехидрирана од јакото утринско сонце. Беше дел од сите, а воедно беше и многу различна. Подолго време останав загледан во неа размислуваќи, како може нешто кое носи среќа самото да биде несреќно? Зар не е тоа како да имаш милиони во своите џебови, а да не можеш да си купиш ништо за јадење?
Отрчав дома, земав вода во една чаша и се вратив назад кај дрвото. Ја истурив водата токму врз четирилисната зелена убавица и спокојно си отидов. По неколку дена таа се’ уште стоеше таму. Овој пат силно исправена наспроти ветерот, и видно разеленета и покрај јакото сонце.
Кој би рекол?! Дури и за детелината која е носител на среќата, понекогаш е потребна поддршка за таа да ја најде својата. А сега, непрекинато ужива во околината спремна да се соочи со сите предизвици.
 
Нов Ден.

Утро е. Денес после долго време е сончево. Ден проследен со среќа, љубов и живот. Но нема никој надвор. Нема кој да ужива на денот. Само неколку деца што сеуште не го сватиле суровиот свет во кој живеат и безгрижно си играат во тревата уживајќи на новиот, сончев ден, пол со живот.
Но за мене што значи новиот ден ? Живот, среќа и љубов ? Не знам. Изгледа збунетост. Повторно со истите мисли, со истите чуства, со истите надежи. До кога вака. Некои ми викаат период дека е ова. Некои дека е до годините. Некои ништо не ми велат, а тие што не велат ништо се најсурови совети од сите. Но ја не слушам никого. Не можам да верувам на никого. Ни на себеси веќе не можам. Збунет сум. Го забележувате тоа.
Па затоа ќе си излезем надвор да уживам во новиот ден во животот, среќата и љубовта. Можеби ќе допрат до мене, а пак збунетоста ја оставам во собава нака седи сама бидејќи нема да ми биде потребна кога ќе уживам надвор во новиот ден.
Отидов јас.
 
По ѓаволите со сите разиграни мисли за минатото и иднината, сакам конечно еднаш да се сложат овие лего коцки во мојата глава и да можам повторно да го изведам овој мал пластичен воз на вистинскиот колосек. Всушност, токму како малите вовчиња, сакам да има само еден колосек... можеби ќе се врти постојано во круг, но ќе биде јасен, гласен и во секое време ако погледнам низ прозороецот да знам каде одам. Тоа би било толку прекрасно.

Во меѓу време ме мачат хронични болки во левото колено кои се ништо во споредба со маката која ми ја задава утринскиот мамурлак, па завчера морав да му се развикам на Бане за сосема банална работа околу една банана. Имено, тој толку силно ја тресна вратата од тоалетот додека трагаше по загубеното овошје што ме разбуди а јас револтирано го истурив гневот врз него. Немав проблем со моето ненадејно будење, имав проблем како и секое утро, што се будам без шанса да одберам која да ми биде првата мисла. Би сакал еднаш тоа да бидат бананите на Тања, кои се неспоредливо по практични од краставиците. За жал, секоја утринска прва мисла, навистина делува на мртва природа, но е далеку од овошна салата.

Чудно е зар не... толку себичен не сум бил од памтивек... додека тој го прелета последниот рид, јас сеуште немам потреба да застанам и да го дадам мојот восхитувачки аплауз. Можеби бидејќи сум станал сурово капиталистичко гомно како и сите околу нас кои беспоштедно го докажуваат тоа секој ден, или по веројатно, бидејќи лицемерието сепак не ми е толку големо колку што сакам да го покажам.
Едно знам, да... не вредам ни мисла повеќе од фениксот во преродба, но ни помалку за некој некого да мрази. Вредам една трошка верба, во неговиот личен рај, и желба за добро утро, во нашиот друштвен пекол.
 
Кој ми те зема

Прв бев јас на овој свет, а ти после мене. Прво јас научив, а ти после мене, светот е голем, а јас и ти сме на два краја. Прв јас дознав, а ти после мене. Чезнеам за тебе, прв јас дознав, но незнам ти за мене. Мисла за тебе во глава ми се мота, прв јас дознав. Очи широко отворени, кон тебе, прв јас те гледам. Многу ноќи те сонувам јас тебе, прв јас дознав, а ти ме сониш мене? Денови исполнети со копнежи за тебе, прв јас дознав. Муза моја ти си, прв јас дознав.
Кој ми те зема и кој тебе те има, кој тебе сега и секогаш те гали, последен јас ќе знам. Кој ми те зема....
Сепак душа си моја, прв јас дознав...и среќа и радост и живот ти мој си, прв јас дознав.
Кој ми те зема...да, да знам дека те сака, и ти го сакаш него, прв јас дознав. Ама зошто јас и ти не, последен јас дознав....
 
Приказна за Константин.

Во едно далечно мало место си живеел Константин. Тој потекнувал од сиромашно семејство. Живееле во една мала колиба петина. Тој со двајцата брача и родителите. Живееле од ден за ден. Многу тешко се снаоѓале да се прехранат.Таткому продалав од неговата мајка што шиела. На Константин му било најтешко бидејќи бил и најмал од сите имал само 18 години. И така еден ден решил да се самоубие. Зел јаже и се обесил во единствената соба во која седеле. Мајка му го нашла прва. Го зела телото и го закопала во дворот ако може така да се рече тоа што го имале. На сите им било тешко заради таја загуба но знаеле дека мора да продолжат со животот. Така најстариот брат тргнал во почелба во некои од големите градови. А по неколку години и останатиот брат му се придружил. Татко ем продолжил да ги продава ткаените џемпери и чорапи што ги праела неговата жена. Така се снаоѓале за јадење, но им било тешко за синовите. Тие биле далеку од нив а не добиле ни писмо . Немало знак дека са живи. Се така до едно лето . Пето лето после заминувањето се вратиле двајцата браќа. Се вратиле со многу пари. Едниот работал во ресторант а другиот како механичар. Нивните родители биле многу среќни што ги виделе живи и прославиле што ја заклале последната кокошка што ја имале на фармата. После големата прослава седнале сите на маса и се договориле што да прават со парите. Се договориле со дел од парите да га реновираат фармата и да купат животни и да живеат вистински селски живот каков од секогаш што го посакувале. А пак со другиот дел од парите средниот син сакал да учи школо во градот и така било.

Што се случило со покасно ? Па вака...
Мајаката и таткото на Константин си живееја долг, убав и среќен живот на село. И беја закопани до нивниот син. Но сега беја направени сите ритуали за погреб и гробови какви што залужуваат. Но никогаш не го прежалија загубениот синот.
Средниот син завршил школо за механичар. Многу му се допаднал тој занает. И сега има отворено своја фирма. Исто така и жена и едно дете. Но секоја недела доаѓа на село највеќе да ги види гробовите на својот брат и родителите.
А пак Најстариот син остана целиот свој живот со неговите родители на село. Не можеше да го напушти неговиот роден крај, а сакаше да го продолжи тоа што го започнаја неговите родители. Тоа и го направи заедно со неговата жена селанка и трите деца. Секој ден пали свеќа на гробовите и не ги остава да се испрљаат.


Ќе се запрашате зошто ви га раскажував оваа приказна. Па вака... за да ви кажам дека самоубиството е решение за моменталните проблеми а животот е полн со препреки и проблеми. И како би било секој кога би имал проблем да се самоубие. Премногу кукавички, карактеристично на слабци. Дали си и ти таков? Не знам, ти си знаеш. Но за жал Константин беше таков.
 
Burning down the past

Сенките постојат да не потсетат на некогашната среќа што ја држевме заедно. Да, заедно кога ништо на светот не ни` беше повредно од самите ние. Зарем вреди повторно да ги погледнам? Вреди ли да се сеќавам на некои моменти кои будат чувство на празнина? Се плашам повторно да го отворам срцето. Се чувствувам поразен покрај сета таа среќа, сета таа бестежинска среќа. Поразен од сите оние денови кога чекореше внатре во душата. Посакувам да не познавав никого. Сам во својот затвор на соништата, имагинарни чувства кон сето она што го бев вкусил додека не те запознав. Ја имаш ли таа сила да ме шутнеш од розевите облаци и да ме вратиш онаму каде што моите чекори застанаа? Сакам повторно да сум на земја, да се потсмевам на многумина, да чекорам без грам сочувство, без трошка самодоверба. Да бидам стариот Андреј кој светот го гледаше како една рамна линија. Насмевка претопена во рамнодушност. Рутина полна со среќни и тажни моменти а сепак недоволно силни да досегнат до срцето. Само толку барам од тебе...само толку.
 
Стакла, срчи, скината кожа, жива крв-непослушно разлетани наоколу...
Не можев да го најдам резервниот клуч-затоа. А оној кој веќе го имав, `рѓоса.
Вратата мора да се отвори на некаков начин, нели?

Монтажерот на стаклото, добронамерно и доброволно се откажа од разумното поврзување на стакленцата во една рационално-физичарска форма. Така и кај нас-единствено се споија телесните форми, но не во правилен редослед. Се спои правоаголникот од вратата, но не и неговата смисловна структура...
За таа цел е потребно повеќе од глупост... А глупоста-е моја специјалност.
 
Days.

Silent. The sun is praise behind the mountain. The sound of birds is only music how comes with the light of sun. So the new day has come.
New day but not for me. I'm still sliping.And dreaming about a beautiful day. A day full with life...

I'm wake and going to the balcony. Look out. Beautiful day, sunny. So I drink my morning cafe. Cafe is enough for me, I'm not eating this morning. Will go to walk with my dog in the park. So I see really prettily girl also with dog like me. I say this is the chance and go to talk with her. She has dog and we make tock about that. I ask how is the name of her dog, how old is the dog. So I go on and ask how her name is and we make a walk. A ask for the number. We make dial to go out have a drink and talk about a dogs. The was eksujs, I want to abuse her. She was smart she now my allude. But all finish well today. I was go home take a shower make a food and seed to watch TV. Have good film on it. I in enjoy that. It was I movie like I wanted. In was not too late it only 9 o'clock but I go to sleep to chac the day. I was happy because tomorrow again I will sea the pretty lady. And with that thought I fail to sleep.

I wake up and now that in was I dream.
I get that only on me depend how will be the day. So I stand up, take the first close I see and go out to look for the happiness and enjoy in the day.
,, Every day life likes the last because one day is really going to be the last,,
 
Бразди, облини, влага, кал...Го гледаш Underworld 3, и на крај да воочиш дека ветената добра поза не е ништо подобра од онаа со реквизити. Ама колку и да е лоша пак си го гризеш јазикот со песјаците и си викаш, колку проклето е секси да си животно. И не дека сонуваш за Самрак вампири со дијамантски срања по телото, туку си го благословуваш естрогенот и адреналинот во крвта.

Да, сите емоции се веќе добро прочитани од сивата маса, сите спомени се рационално селектирани од мозокот при што други се избришани итн. Да атеисти, успеавте да докажете дека ќе умре се со нашето тело и нема да остане ништо од нашите безвезни филозофии. Да, се е денес толку досадно што ти се плаче. Не можеш да сфатиш дали е од затворениот морал, се извинувам етика, па факти, материјализам, политики, наука...

Полјани, детелина, јачење, песјаци... Е нема тоа во Underworld. Тоа има во ефтини порничи, море ни таму нема. Никој не сака денес детелина, што ќе ти е покрај таков сатен. Ни песјаци нема, што ќе ти се покрај такви прекрасни тестиси.Кој знае што значи зборот јачење? Никој, жените денес стенкаат додека се плескаат, а мажите не прават ништо, зошто да кажеш за маж дека стенкал е педерски, па затоа не ни јачи.

Мирис на пожолтени страници, со шмекот на печатот од библиотека ,,Браќа Миладиновци"......Никој нема да ми го чита постот. Кој се замара со прозни искри, па тоа е толку ирационално губење на време, а времето е пари. И ако го прочита некој секако дека ќе се разочара пошто нема никаков емоционален момент каде ја покажувам својата тинејџерска безгрижност, нема стилски изразни сретства....

Аларм од мобилен....Си го наместила Елвис, ко демек да ти почне денот. На крај не ја ни приметуваш песната. По подолго време ти станува одбивна....

Се прашуваш дали е до тебе, или стварно забегаа луѓево?
 
Дожд. Водено е.
Снег. Ладно е.
Сонце. Топло е.
Се одминува. Се е релативно. Како и времето, така и јас. Денес ме има, утре пак не.
Тажно, нели ? Мрачно.
Многу е краток животот да се грижиме за сеа. Едноставно треба да се препуштимо на малкуте работи кои ги дала земјава.
Постои среќа. Но треба неа да ја најдеме.
Кој бара. Тој и наоѓа.
Па затоа размисли сеа што ќе правиш.
Дали ќе продолжиш во звезерето во четирите ѕида чекајчи некој да ти ја донесе среќата или пак ќе одиш да га потражиш.
Има мн нешта надвор. Можеби некои од тие нешта е и среќата. Не знам. Ќе треба да одам да видам.
Но секогаш нака ти бидат отворени очите бидејќи не знаеш што ќе пропуштиш на патот.


Со секое добро
[zEUs] :helou:
 
[zEUs];2569782 напиша:
Дожд. Водено е.
Снег. Ладно е.
Сонце. Топло е.
Се одминува. Се е релативно. Како и времето, така и јас. Денес ме има, утре пак не.
Тажно, нели ? Мрачно.
Многу е краток животот да се грижиме за сеа. Едноставно треба да се препуштимо на малкуте работи кои ги дала земјава.
Постои среќа. Но треба неа да ја најдеме.
Кој бара. Тој и наоѓа.
Па затоа размисли сеа што ќе правиш.
Дали ќе продолжиш во звезерето во четирите ѕида чекајчи некој да ти ја донесе среќата или пак ќе одиш да га потражиш.
Има мн нешта надвор. Можеби некои од тие нешта е и среќата. Не знам. Ќе треба да одам да видам.
Но секогаш нака ти бидат отворени очите бидејќи не знаеш што ќе пропуштиш на патот.


Со секое добро
[zEUs] :helou:


imam primeteno kolku poeke tragame po srekata i kopneeme po nesto sto ni odgovara toa koa za inaet ni bega, velat sekoj covek ima svoi pet minuti vo zivotot, 5 minuti na sreka 5 minuti na odmazda, 5 minuti za uspeh... i taka samo treba tie 5 minuti dobro da se iskoristat toa se vsusnost nasite sansi samo covekot e cuden koga mu se otvaraat vratite kon uspehot toj togas ne e zaintresiran koga vratite ke se zatvorat togas zali i moli koga e veke kasno... nas srekata ni doaga ama nie neznaeme da ja zgrapcime tuku se vodime po ona ako e moe ke samo ke si dojde i trista cuda...
imam custvo deka zivoto sekgas ni pruza vreme i prostor da si go ispolnime toa sto ni e vazno...no vo toa vreme i prostor nie treba da deluvame a ne da sedime i cekame! se nadevam sum fino svatena
:pipi:
 
Тој-Театарот

Соновите од кои добиваше трпки низ телото сега се разнесуваа низ воздухот.Го замислуваше пресвртот што ќе следува по тргање на завесата и по долготрајниот аплауз за него.Тој хоризонт му ветуваше слава, успеси, награда.Ги полнеше очите со сјај, ја стегаше својата рака, се бореше со помислата дека нема да успее.И да, беше нарцис кого луѓето го обожаваа, чии претстави беа најпосетени, чии монолози никогаш не предизвикуваа мачнина во стомак.
Првиот човек кој секоја бедна проста реченица ја задебелуваше, така таа стануваше славна изрека.Неговите дела беа со два или три зборови изговорени со мек баритон, префинети и со онаа иронија што се сокриваше во неговиот глас, а сепак се сеќавам имаше бутканица за кој ќе ја купи неговата за некој ништожна поезија.
Тој секоја негова улога ја повтараше, секоја негова реплика, се додека не разбуди некакво чувство кај гледачот.Не му беше битно дали ќе е омраза, дали ќе е восхит, дали сожалување, сеедно, само не рамнодушност.
Мразеше симетричност на сцената, импровизираше, ја користеше својата рака за секаква минимална корекција.Сакаше да работи в темница, секогаш ја затемнуваше сцената кое мене никогаш не ми се бендиса бидејќи не успевав да го здогледам неговиот лик.Успеав само да ја видам разочареноста во неговите очи, истоштеноста во неговата воздишка денот кога тој го дофати дното...
"Дали е се готово?Костимографија?Сцена?Дали редовната публика и денес ме следи бурно?Зошто молчиш бре...зар не гледаш срцето ќе ми излета од гради?!?"-вака изгледаше, баш напорно, секоја негова проверка пред излегување на сцена.Уф уф...тадаам, се кренаа завесите, поради несмасност светлата беа сеуште вклучени.За миг ги затвори очите, стоеше сам на бината, го закри својот лик со дланката, се препотуваше, неможеше да ја издржи светлината која ги збунуваше неговите мисли.Сите очекуваа да ги пуштат своите солзи, од смеа или од некоја трогателна приказна, а тој го заборави текстот и истрча кон излезот.Паниката му го исуши јазикот, пребледне и неговата желба за театар згасна.Луѓето уште го бараа, тој настојуваше да пишува текстови за своја душа и никогаш повеќе не оживеа како старите добри времиња.
Стана старец, бел лик кој не мечтаеше по совршенство, тој го почувствува тоа додека неговите нозе цврсто стоеја на театарската бина.
 
Стоев пред затворени врати.
Веќе мака ми беше и да тропам.
Ги уморив дланкиве.
Се вртев во круг,размислував,но секако дека не ми одеше од рака.
Ги разгледував една по една..ги допирав,ама тоа беше само груба надворешност,рапава површина.
Гревови ми го раскинуваа срцето..но туѓи. Моите одамна спакувани беа и подготвени за пат..
Ја кревав главата..злото секогаш ме напаѓаше ненадејно..додека со спуштен поглед барав суштина во теориите за животот.
И товарот на грбот ми тежеше..дури премногу.
Пискав во себе..молев да ми го поттурне некој..но вратите ни да крцнат.
Како старица без мудрост..како дете пред живот.
Ги чувствував и леснотијата и тешкотијата подеднакво на душава.

Се дур не забележав како едно око ѕирка низ една од вратите и намигнува.
Ќе преживеам,кликнав од радост.
 
To my family...

За да нема недоразбирања, однапред известувам дека ова нема никаква врска со мене. Благодариме на времето. :)

Мислев дека ви треба ќерка.
Се лажев.
На вас ви треба само некој што ќе ви биде роб.
Некој кој ќе ве направи да се чувствувате авторитативно, чувство кое одамна сте го изгубиле. Некој кој секогаш ќе ви кажува колку сте најдобри, некој кој постојано ќе ве потсетува дека сте го заслужиле зборот родител.

Мислев дека ти треба сестра.
Ах, и тука згрешив.
Мислев дека сестрите служат за да им помогнеш/да ти помогнат.
Тебе ти треба некој на кој ќе ги лечиш комплексите, оние кои родителите, бидејќи си постара, ти ги наметнале. Ти треба некој кој секогаш ќе те слуша, некој кој секогаш ќе биде едно ниво подолу од тебе, затоа што, праведно или не, си се здобила со титулата „постара сестра“.

Помислив дури и дека ви треба внука.
Но не, гадно сум се излажала.
Вас ви треба почитта која одамна сте ја изгубиле пред вашите ќерки/синови.
Некој кој ќе ја продолжи вашата традиција на стереотипно размислување, некој кој ќе биде со оној кој вие ќе го одберете, некој кој ќе повика милион непознати гости на свадба, само за да се наполни вашето его! Да имате кого да промовирате пред комшиите и пријателите со добрите оценки во школо и со успесите, макар и со додатното претерување.

И после сево ова помислив дека ви треба член на фамилијата?
Член кој безусловно ќе ве сака и ќе го сакате?
Сум се излажала, драги мои.
Крвта не е вода, но тоа не ме обврзува на вас.
Не ми треба семејство на документ.
 
Множество од клетки. Во нашиов случај човек. Уште поконкретно – жена. Можеби сеуште не можеме да ја викаме жена, поради некои фактори, одредени од нејзината возраст (што туку стана полнолетна), размислувања и постапки направени во нејзиното блиско или подалечно минато.
Седи пред својот розев телевизор во нејзината соба т.е. царство. Во едната рака го држи далечинскиот управувач, а во другата лакот за нокти и повремено го проверува екранот на својот преносен компјутер, да се упдејтува постојано. Но, магијата се случува во таа мала кутија наречена телевизор која за нејзе претставува целодневна окупација, преокупација и сл. Постојано стиска на далечинскиот управувач и врти по каналите, при што на секој се задржува по најмногу 5 секунди, од страв да не пропушти нешто на другиот. За појадок, започнува со една епизода од омилената шпанска серија, попладне ја гледа репризата, а после ручек уште две епизоди пред излегување. Не кажувајте на никого, ама нејзините серии ги гледа и во доцните часови, кога повторнo ги даваат репризите. Потоа се префрла на ексклузивните и експлозивните емисии кои веќе го преплавуваат етерот и се обидува да ги запамти сите можни трачеви кои ги даваат во текот на неделата. А во недела навечер, сите трачеви се соединуваат во најекслозивната од сите, емисијата за најфаците, на чело со најфацестиот водител во неговата бранша (ма, можеби и во светот). Леле, почнува новото издание на спектакуларното шоу “Г-ѓа Министерка”!!!! Па зарем не е сладок/тка..? Младата дама ни ова не смее да го пропушти! Но, во исто време оди и г-динот кој ги знае текстовите на сите песни!! Аааааа, како ли сега да се одлучи што ќе гледа? Премногу тешка одлука за неа. Ах, кога би можеле со Холограм сите да се појават во една телевизија, па да ги гледа сите одеднаш? Не, не и текна на нејзе тоа прво, па тоа го виде пред некоја недела како иновација во нашите телевизии.. И тоа и се допаѓа, иновативноста што тие ја спроведуваат. Нов збор за оваа млада дама, ИНОВАЦИЈА! Но, да се вратиме на нејзината тешка одлука.. А кога веќе сме кај тоа, од кога жените ја превземаа улогата на мажите во поседување на далечинскиот управувач? Кога жените/девојките почнаа да стануваат couch potatoes? Па, многу јасно. Кога се појави сета оваа програма во нашиот етер.. Етерот како неподвижен, многу еластичен медиум, низ кој се пренесуваат сите овие интересни сегменти, емисии, трачеви, серии, ...Од многу емитирање фотони, цркнаа сите бушони.[FONT=&quot] [/FONT]Просто, нашава млада дама неможе да се изнагледа. И токму кога реши на кој канал ќе се задржи во следните 10 минути, одеднаш телевизорот се изгаси. Прекина, настапи смрт. Стискаше и стискаше упорно на power копчето, но ништо. Тоа почна да ја вознемирува. Уште повеќе се вознемири кога дозна дека и го исклучиле поради неподмирени долгови со кабелскиот оператор или така нешто беше.. Солзи почнаа да ја бришат пудрата и маскарата на нејзиното лице.. Немаше спас за неа.. Освен една работа..!
***
Следниот ден ја гледаме, весела, разиграна, тропка со штиклите по плочките на плоштадот во градот. Во едната рака ја носи својата торбичка а во другата разиграно пафта со кредитната картичка на тато. Па да, единствен излез од психичката криза беше тоа.. ШОПИНГ! Сега ќе ги среди сите бутици.. Влегува во првиот и незадоволена од понудата, намуртена и со крената глава излегува.. Но, дури во вториот... останува маѓепсана од прекрасните парчиња текстил, прилично скапи и почнува да ги граба најмалите бројчиња и да ги става во корпа... Од се по нешто, а од нешто и повеќе. Одеше од бутик, во бутик, од бутик во парфимерија или пак бижутерија..You name it! Картичката се излижа на задната страна од провлекување низ апаратот кој додаваше уште по неколку илјади на сметката на тато. Ма, кој ли се грижи за тоа? Зарем она, додека може да ужива? Неее... Ова го прави веќе неколку дена. И не се уморува. Плакарот веќе е наполнет, но може да купи нов. И тоа од оние новите, во кои ти ја заробуваат душата заедно со облеката. Плакарот од соништата, оној кој никогаш не се полни, колку и да ставаш партали во него.
Но, еден топол сончев ден, кога тргна накај продавниците во нова инвазија, нешто ја запре. Стоеше пред омилениот бутик, а на неговата врата имаше огрооомен катанец и гооолем натпис. Се доближи да прочита. ЗАТВОРЕНО??? Зошто, по ѓаволите – помисли и веднаш посегна по мобилниот телефон за да и се јави на сопственичката. Па сигурно можат да го отворат за неа, да купува сама на мира. Но, после ги прочита и поситните букви подоле. Причина: Економска криза. Економска..што??? Очите веднаш и се насолзија и почна да трча растревожена накај првото такси што го виде да ја однесе дома за да може да смисли начин како да излезе од повторната психичка криза.
Па да, мала принцезо, парите од неколкуте мамини и татини ќерки и синови кои шетаат по трговскиот не се доволни за да ги задржат сите тие продавачки и дополнителни работници на работа. За економската криза не е потребна виза, и ти си дел од неа!!

***
Таа не може да биде тажна. Ма, не не може, не смее. После брчки, ова-она, уништено лице и сл. работи.. Пак најде излез од ова. Им се јави на другарките и ги викна да одат во некој кафич на кеј и да го поминат цел ден таму. И, така и беше. Седеа на убавото сончево време, во кафичите распостелени на кејот. Пиеа коктели, јадеа сладоледи, се сликаа за на фејсбук, се запознаваа и флертуваа со келнерите, ма што не правеа.. Ништо не им беше доволно досадно, ама коа ќе им се здосадеше, го менуваа кафичот. Толку е едноставно! И така, неколку дена, скоро една недела. Но, кога наредниот ден дојдоа, ги немаше сите маси и столици.. Па не е можно ова да се случува!?!?! Отидоа да проверат.. На вратата на сите кафичи стоеше натпис: затворено.. А еден дедо кој седеше на клупата до нив и читаше весник им кажа дека ги затвориле под судско барање бидејќи на плоштадот во центарот повеќе немало место за поминување, насекаде маси и столици од кафичи, а и нови ОБЈЕКТИ, кои никнувале насекаде.. Нејзиниот живот во тој момент се сруши. Почна да трча како избезумена по плоштадот и бидејќи нејзиниот живот повеќе немаше смисла, реши да го заврши во Вардар. Дојде на Камениот мост, погледна надоле и почна уште повеќе да плаче и да вриска..АААА!! Вардар не се гледаше повеќе..Водата ја немаше. Случаен минувач и кажа дека го покриле за да се гледа, пошо е матен. А нели, никаква матност од нашето општество не треба да се гледа на патот кон Европа..Каква Европа!!! Таа само сакаше вода, за достојно да ги однесе нејзините маки. Сега, ни завршувањето на животот нема смисла повеќе.. Избезумена, изморена, само се спушти на мостот, се потпре и седна.. Ги испружи рацете и несвесно заспа.. Кога се разбуди, целата беше валката со ситни парички околу неа.. Следно што знаеме е дека никогаш не се вратила дома и ја прифатила судбината на уличар здраво за готово. Бидејќи не знаеше што понатаму со својот живот.. Ах, живот..

Ова истово може да им се случи и на сличните припадници на посилниот пол, не дека е намерно пишувано за жени, само имаше повеќе информации до кои јас имам пристап. Сите сличности со ликови, места и настани се случајни, бидејќи истите во текстов се измислени.
А, колку и да пишувам вака или онака, го сакам животот, без разлика какви се нештата околу мене.. Бидејќи еден е , веројатно..



понеделник, 13 април 2009
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom