Провинцијалката и нејзините градски жртви

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
А зошто да не се инвестирало надвор од Скопје?Тие луѓе шо идат во Скопје по факултети (дисперзираните се само добра приказна за јавност - во реалност воопшто не ни постојат предавања на нив),по болници (пошо обично болниците освен Клинички Центар се без опрема во работна состојба, а некаде немаме ни болници воопшто.А од друга страна ќе градат уште еден КЦ во Скопје) или за да набават производи за фирмата пошо нели (де)централизација или за еден обичен телефон кој го немале во локалниот One...
Тие луѓе не користат патишта и државна железница надвор од Скопје за да стигнат до таму (или ти на било кое патување низ Македонија нели ти е мака за колата дури патуваш како да си на рели)?Не си помислил дека сите одат во Скопје само поради неинвестирањето во нивните средини?Или 1.400.000 луѓе се колатерална штета?

А за големиот избор на фирми и супер заработувачка, пресели се во мало место ако со 6-7 илјади плата е солиден животот :unsure: Па не се животни луѓето.Односот плати и трошоци се тука негде (дури и полош во средините надвор од Скп), истото го велам на сите во потрага по 'подобар живот' во 'метрополата'.Ама ме сечат со мислата дека подобро така отколку без било каква работа дома :cenzura:
Значи ти сакаш сите инвестиции да останат во главниот град, а дојденците да си одат без разлика на условите таму пошо нели не е потребно инфраструктура за 1.400.000 луѓе оти тие сите иделе во Скопје на работа :нинџ:

Имаме милион поделби внатрешни, не ни фалат уште овие, ама не се на место вакви мислења.

Нели направија и нови факултети во неколку градови во Македонија.Што не се запишуваат таму или таму нема Скопјани и Скопјанки па да начекаат некој/а да си купат карта во еден правец.За новиот КЦ што ќе се гради јас сум најголем противник.Поголема корист би имале сите ако се направат повеќе КЦ и тоа во Делчево,Гостивар,Прилеп.Со голема желба би живеел во друг град во Македонија,ама треба корен се да преселам.Имам пријатели низ Македонија кои што со две плати од по 6-7000 денари ранат семејство.Не живеат во којзнае каков луксуз ама имаат за основни потреби.Под луксуз подразбирам 3-4 мобилни,2-3 автомобили,мада за некои и не е луксуз туку потреба!
 
Не дека живим у Скопје (од Тетово сум) али колегиве скопјани што ги гледам на факултет знаат каде каде да се однесуваат посељачки од нивните колеги “провинцијалци“ Али и онака ми се гади веќе од Македонија која е полна со предрасуди и стереотипи така да ќе мора да се научиме да живееме со тоа, т.е не мора да се научиме туку веќе тоа ни е животниот стил нажалост.. (n)
 
можеби мисли на 5к евра:) верувај, ги има такви и надвор од Скопје:)
--- надополнето: 29 јуни 2012 во 20:41 ---
Како мислиш да го изведеш тоа со плата од пет илјадарки месечно?
 
Во внатрешноста платите се помали да, ама и цените на многу ствари се пониски, додека пак во Скопјево месечно ни 30 илјадарки(на 4 члена фамилија) не ја заквасуваат работата .......... сметки/комуналии/даноци/гориво/храна ............. = 30к денари, без никаков луксуз ........... под луксуз мислам на мобилни, модирање, шљокање, коцкање, журкање, кафанчење, одмори, свадби, слави, родендени и сл. .................... е сега струјата, водата, автомобилот(еден-семеен и тоа само за потреба), интернетот, кафето(дома), цигарите(најевтини-1 кутија на ден) и сл. не ги рачунам за луксуз !
Ај може не 30к, ама како и да вртиш 20к ден. минимум обавезно овде во Скопјево одат само на најосновните потреби за 4 члено семејство ........ а може и преку 20к ден. !
Додека пак во внатрешноста знам лица(роднини) кои и со плати од 6/7 илјади ден.(двајца да работат по толку) го истеруваат месецот, а исто јадат леб и они, користат струја, вода, интернет, имаат автомобил...
 
Нели направија и нови факултети во неколку градови во Македонија.Што не се запишуваат таму или таму нема Скопјани и Скопјанки па да начекаат некој/а да си купат карта во еден правец.

Факултетите се постари во Скопје и многу поквалитетни во секој аспект, а истите се правени со парите од цела Македонија не се градени и финансирани од град Скопје па само вие да имате некакво си право да студирате на истите. И те молам кажи ми по каква логика јас ако фатам Скопјанка имам “карта во еден правец“ и тоа значи дека ќе останам жити се дај просветли ме ..
 
Нели направија и нови факултети во неколку градови во Македонија.Што не се запишуваат таму или таму нема Скопјани и Скопјанки па да начекаат некој/а да си купат карта во еден правец.За новиот КЦ што ќе се гради јас сум најголем противник.Поголема корист би имале сите ако се направат повеќе КЦ и тоа во Делчево,Гостивар,Прилеп.Со голема желба би живеел во друг град во Македонија,ама треба корен се да преселам.Имам пријатели низ Македонија кои што со две плати од по 6-7000 денари ранат семејство.Не живеат во којзнае каков луксуз ама имаат за основни потреби.Под луксуз подразбирам 3-4 мобилни,2-3 автомобили,мада за некои и не е луксуз туку потреба!

Прочитај го претходниот пост.Ова е само добра медиумска приказна за неинформирани.Во реалноста е нешто непостоечко.И во Охрид после студирање добар дел студенти ќе останат на работа или во брак со локални, па не се нервираме дека 60% персонал по угостителски објекти се дојденци или се вработени по добри работни места, а нашите одат по странство.
Статистичките показатели кои се приложени во публикацијата говорат дека минатата година од Охрид се иселиле вкупно 1069 лица од кои 803 заминале во странски земји. Со овие податоци Охрид е рекордер по бројот на отселени лица, а зад него се Гостивар со 427, Битола со 386, Струга 371, Куманово 321, Прилеп со 243 и Струмица со 229 отселени лица. Поголема бројка на отселени од Охрид има само градот Скопје од каде што во истиот период се отселиле 1310 лица.
Интересен е податокот што после Скопје, кој води со бројка од 1845, Охрид се наоѓа на првото место и според бројот на доселени лица. Значи според статистичките показатели, лани, жители на Охрид станале 447 лица од кои 356 се доселиле од друга општина.
Капитализам...
Друго, пред некое време имав шанса за добро вработување, ама имаше опција само Скопје.Одбив, не сакам да работам во друг град.А некој друг сигурно би прифатил, не поради желбата за жителство во Скопје, туку поради основна егзистенција.

Една свежа ситуација кога веќе си запнал да гледаме со генерализација...и се шо не е од твој град да го гледаш како подолу...
Дечко колку ви се пликоата?
2 денари.
Аууууу скапо, па ја у Скопје за денар, денар и пол ги зимам...
Таа е цената, мислам дека е ок, ако ви е скапо ваши пари си се.
Ама ја мислев 5 - 10 да зимам, докај денар и пол едно :tapp:
 
Нели направија и нови факултети во неколку градови во Македонија.Што не се запишуваат таму или таму нема Скопјани и Скопјанки па да начекаат некој/а да си купат карта во еден правец.За новиот КЦ што ќе се гради јас сум најголем противник.Поголема корист би имале сите ако се направат повеќе КЦ и тоа во Делчево,Гостивар,Прилеп.Со голема желба би живеел во друг град во Македонија,ама треба корен се да преселам.Имам пријатели низ Македонија кои што со две плати од по 6-7000 денари ранат семејство.Не живеат во којзнае каков луксуз ама имаат за основни потреби.Под луксуз подразбирам 3-4 мобилни,2-3 автомобили,мада за некои и не е луксуз туку потреба!


Има факултети кои што се само во Скопје, многу дисперзирани не ги бива за ништо па кој сака поквалитетно образование оди во Скопје.
Само што таквите се многу помалку од идиотите кои одат колку само да се во Скопје и оние да се мажат па ни криви ни должни сите ги ставаат во генерализацијата
 
Во внатрешноста платите се помали да, ама и цените на многу ствари се пониски, додека пак во Скопјево месечно ни 30 илјадарки(на 4 члена фамилија) не ја заквасуваат работата .......... сметки/комуналии/даноци/гориво/храна ............. = 30к денари, без никаков луксуз ........... под луксуз мислам на мобилни, модирање, шљокање, коцкање, журкање, кафанчење, одмори, свадби, слави, родендени и сл. .................... е сега струјата, водата, автомобилот(еден-семеен и тоа само за потреба), интернетот, кафето(дома), цигарите(најевтини-1 кутија на ден) и сл. не ги рачунам за луксуз !
Ај може не 30к, ама како и да вртиш 20к ден. минимум обавезно овде во Скопјево одат само на најосновните потреби за 4 члено семејство ........ а може и преку 20к ден. !
Додека пак во внатрешноста знам лица(роднини) кои и со плати од 6/7 илјади ден.(двајца да работат по толку) го истеруваат месецот, а исто јадат леб и они, користат струја, вода, интернет, имаат автомобил...
верувај ми на збор, грешиш, освен признавам, самата големина на градот што ве тера повеќе гориво да потрошите, ништо друго не е поефтино, дури и поскапо е, се се носи од СК, се е таму поефтино.
 
Добро е стандардот и инфраструктурата да бидат на исто рамниште во сите региони,само за кого да се инвестира и вложува во инфраструктура во помалите места кога сите доаѓаат да живеат и работат во Скопје.
Во помалите градови сепак има фирми каде што можеш да се вработиш и со две плати од по 6-7000 може да се живее солидно,додека во Скопје трошоците се многу поголеми и не ти стигнуваат и три плати од по 15-20000.
Најди ми толку фирми шо ќе ја зберат цела работна сила(поготово младата) од една провинција, па ќе немаат после потреба да ви се курназат Скопје.
6000 денари само за сметки ќе ги дајш,а со останатите 6000 дојди живеј со уште тројца цел месец.
Никој не дошол Скопје од убајни.
 
Голема наградна игра,
во соработка со град Скопје и владата на РМ
прати СМС, или притисни ххх...ххх...
па одговори на две прашања,
кое ти е име и презиме,
и вистината за потекллото
т.с.
кој ќе каже прв јас сум сељак,
добива бесплатно стан во метрополата и гратис
годишен одмор во Словенска плажа.
----------------------------------------------
Дали се рачуна моево признание,
Јас сум сељак од Подржикоњ, пет-шест колена наназад
 
Најди ми толку фирми шо ќе ја зберат цела работна сила(поготово младата) од една провинција, па ќе немаат после потреба да ви се курназат Скопје.
6000 денари само за сметки ќе ги дајш,а со останатите 6000 дојди живеј со уште тројца цел месец.
Никој не дошол Скопје од убајни.
Еве пример да го земеме Кочани.
Таму нема фирми,кафичи,кафани,маркети,продавници за бела техника,фризерски слаони,игротеки,вулканизери,автоперални............или таму ви е срам да го работите горе наведеното.
Морало да се дојде во Скопје,па ако треба и чистач/ка ќе бидеш во некоја фирма,ама важно комшиите не те гледаат каде работиш и што работиш
6000 денари за сметки?????????Многу е!
А 6000 денари за хранење во домашни услови стигнуваат и тоа како.
Не стигнуваат ако јадеш во сендвичари и кафани.
За таму и 20000 ти се маааалкуууууууууууу
 
Имам пријатели низ Македонија кои што со две плати од по 6-7000 денари ранат семејство.Не живеат во којзнае каков луксуз ама имаат за основни потреби.Под луксуз подразбирам 3-4 мобилни,2-3 автомобили,мада за некои и не е луксуз туку потреба!
Во основа кажано, поентата е следна: Тоа што во Скопје се смета за „основни потреби“, тоа во внатрешноста најчесто е луксуз. Кога на тоа ќе се придодаде и фактот дека во Македонија веќе неколку години се случува невидена централизација од секој аспект, тогаш работите се јасни.

Луѓето од провинција, ма за какви и да се сметани во Скопје, не пијат нафта.


Околу основните трошоци, регулаторна за енергетика нема посебни ценовници за нафта и струја за Скопје и за другите места колку шо знам, а во Прилеп на пример трошоците за вода и за ѓубре се повисоки отколку во Скопје.
 
Во внатрешноста платите се помали да, ама и цените на многу ствари се пониски, додека пак во Скопјево месечно ни 30 илјадарки(на 4 члена фамилија) не ја заквасуваат работата .......... сметки/комуналии/даноци/гориво/храна ............. = 30к денари, без никаков луксуз ........... под луксуз мислам на мобилни, модирање, шљокање, коцкање, журкање, кафанчење, одмори, свадби, слави, родендени и сл. .................... е сега струјата, водата, автомобилот(еден-семеен и тоа само за потреба), интернетот, кафето(дома), цигарите(најевтини-1 кутија на ден) и сл. не ги рачунам за луксуз !
Ај може не 30к, ама како и да вртиш 20к ден. минимум обавезно овде во Скопјево одат само на најосновните потреби за 4 члено семејство ........ а може и преку 20к ден. !
Додека пак во внатрешноста знам лица(роднини) кои и со плати од 6/7 илјади ден.(двајца да работат по толку) го истеруваат месецот, а исто јадат леб и они, користат струја, вода, интернет, имаат автомобил...

Кажи ми како сметките за комуналии и еве сите сметки вкупно се повисоки во Скопје отколку во внатрешноста? И храната? Охрид на пример се плаќа колекторот, нешо шо во Скопје го немате. Тинекс има исти цени и во Скопје и во Охрид.
И немојте со овие банални муабети, као демек со 15 000 денари во месецот се тера некој живот. Кај се бе тие 200 евра месечно шо еден просечен студент од внатрешноста ги троши во Скопје за еден месец престој? Од кај да се извадат тие пари? Од таа мочана плата од 15 000? Па и во студентски да си 100 евра некаде месечно треба да се издвојат. Плус сметки, плус храна за домаќинството. Не се стоки луѓето од внатрешноста па да преживуваат со 250 евра секој месец. Дојди еден месец во Охрид, јас лично ќе ти дадам 7000 и преживеј. Плати сметки, плати кредит за стан, храни се. Па да видам дали ќе ти текне уште еднаш да кажеш дека 7000 денари плата се доволни за преживување во било кој град.
 
Читам дека цените во другите градови биле пониски од Скопје па затоа можеле луѓето да преживуваат со плата од 7000 Мкд. А дали се запрашавте дека толку е просечна плата на еден вработен во тие градови па мора да бараат други извори, ете да кажам нива, бавча итн. кој секако ги оддржуваат во селата па така имаат барем за исхрана. Не се правете будали да мислите дека во ете ќе кажам Кочани може да се помине со 7000 МКД а во Скопје за ист стандарт треба 30 000. Тоа е глупост. Тука и лежи основниот проблем на сета работа. Надвор од Скопје платите не се ни доволни за преживувајне, исклучок нели на државната работа, Па после вие ќе барате, или да кажам тој што го напиша глупиот текст да не идат тие луѓе во Скопје. Епа ај нека умрат. Штогоде...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom