Провинцијалката и нејзините градски жртви

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Треба под итно да се преземе нешто.
За време на СФРЈ да купиш стан во Скопје,требаше прво да станеш жител на Скопје.Таа процедура траеше шест месеци и тоа од денот кога ќе се пријавиш во полиција со договор за закуп дека си кираџија на некоја адреса.Потоа требаше да се вработиш некаде се разбира во Скопје и да имаш постојано вработување за да добие жителство.Ако се имаа исполнето овие услови дури тогаш имаше право конкурираш за купување стан во Скопје.
Најтешко беше провинцијалец да се вработи и да купи стан во Скопје,бидејќи секогаш и секаде предност имаа родените по извод од матично и лична карта на Скопјани.

Не е касно да почне да се спроведува практиката од СФРЈ.

Се согласувам...ама после ставање на стандардот и инфраструктурата на исто рамниште во сите региони.
Не е баш в ред да бараш забрани за жителство, а од друга страна претпоставувам нема да сакаш откажување од вложувањата во само еден дел на Македонија...
 
Се согласувам...ама после ставање на стандардот и инфраструктурата на исто рамниште во сите региони.
Не е баш в ред да бараш забрани за жителство, а од друга страна претпоставувам нема да сакаш откажување од вложувањата во само еден дел на Македонија...
Добро е стандардот и инфраструктурата да бидат на исто рамниште во сите региони,само за кого да се инвестира и вложува во инфраструктура во помалите места кога сите доаѓаат да живеат и работат во Скопје.
Во помалите градови сепак има фирми каде што можеш да се вработиш и со две плати од по 6-7000 може да се живее солидно,додека во Скопје трошоците се многу поголеми и не ти стигнуваат и три плати од по 15-20000.
 
Борба за опстанок е животот и на крај се сведува кој како ќе се снајде.Нема потреба луѓето да се делат од каде се,битно е да се еманципирани и да прават нешто добро за општеството.Сите имаме корења надвор од градов,тука сите сме дојдени со една цел а тоа е да го направиме Скопје прав град.На крај се сведува до нас како ќе правиме со градов,но тој треба да се шири и да просперира.Така да не делиме и да бидеме конкретни ако си прав човек од било кај да си ќе те прифатат и ќе просперираш.Животот е повеќе од судење на тоа што другите прават и каде живеат,почни од својот подобри си го и живеј го така како што ти сакаш.Се друго е пролазно,среќата е најбитна :)
 
Добро е стандардот и инфраструктурата да бидат на исто рамниште во сите региони,само за кого да се инвестира и вложува во инфраструктура во помалите места кога сите доаѓаат да живеат и работат во Скопје.
Во помалите градови сепак има фирми каде што можеш да се вработиш и со две плати од по 6-7000 може да се живее солидно,додека во Скопје трошоците се многу поголеми и не ти стигнуваат и три плати од по 15-20000.

А зошто да не се инвестирало надвор од Скопје?Тие луѓе шо идат во Скопје по факултети (дисперзираните се само добра приказна за јавност - во реалност воопшто не ни постојат предавања на нив),по болници (пошо обично болниците освен Клинички Центар се без опрема во работна состојба, а некаде немаме ни болници воопшто.А од друга страна ќе градат уште еден КЦ во Скопје) или за да набават производи за фирмата пошо нели (де)централизација или за еден обичен телефон кој го немале во локалниот One...
Тие луѓе не користат патишта и државна железница надвор од Скопје за да стигнат до таму (или ти на било кое патување низ Македонија нели ти е мака за колата дури патуваш како да си на рели)?Не си помислил дека сите одат во Скопје само поради неинвестирањето во нивните средини?Или 1.400.000 луѓе се колатерална штета?

А за големиот избор на фирми и супер заработувачка, пресели се во мало место ако со 6-7 илјади плата е солиден животот :unsure: Па не се животни луѓето.Односот плати и трошоци се тука негде (дури и полош во средините надвор од Скп), истото го велам на сите во потрага по 'подобар живот' во 'метрополата'.Ама ме сечат со мислата дека подобро така отколку без било каква работа дома :cenzura:
Значи ти сакаш сите инвестиции да останат во главниот град, а дојденците да си одат без разлика на условите таму пошо нели не е потребно инфраструктура за 1.400.000 луѓе оти тие сите иделе во Скопје на работа :нинџ:

Имаме милион поделби внатрешни, не ни фалат уште овие, ама не се на место вакви мислења.
 
[quote="Stef.Сите имаме корења надвор од градов,тука сите сме дојдени со една цел а тоа е да го направиме Скопје прав град. :)[/quote

колку би сакал да си во право,и се би дал да е така ама не е
и не жоже да биде,........размисли,предомислисе (ако.............)
 
Хахаха гледај за девојкиве како пишува курви вакви такви а за машкиве фини дечки поштени ова она хахахаха :D
 
Сега ми е јасно зошто ставија статуа на "шмизлата" :pos:
 
Хахаха гледај за девојкиве како пишува курви вакви такви а за машкиве фини дечки поштени ова она хахахаха :D

Нејќел да голта затоа пишува сега блог со ваква содржина :icon_lol:.
 
Сега ми е јасно зошто ставија статуа на "шмизлата" :pos:

Јас мислам дека во Центар треба да се постави и статуа на „провинцијалка“ кога веќе се знае колку јак фактор е во социјално-економското милје на Градот :свиркам:
 
[quote="Stef.Сите имаме корења надвор од градов,тука сите сме дојдени со една цел а тоа е да го направиме Скопје прав град. :)[/quote

колку би сакал да си во право,и се би дал да е така ама не е
и не жоже да биде,........размисли,предомислисе (ако.............)
Јас нема што да се предомислувам луѓето за мене се добри или лоши и нема друга поделба.Татко ми секогаш беше горд од местото кај што се родил С.Косматац блиску етно село и многу е убаво таму што му фали :)
 
Од една страна и почнувам да ги оправдувам за нијанса овие фрустрации за тоа “провинцијализирање на скопје“, али од друга страна премногу содржи критички и навредлив карактер, а особено делот каде што се однесуваат како кон посебна нација/народ е стварно заебан.После самиот текст човек можи да заклучи дека македонија не функционира како ЕДНО туку како расцепкани делчиња, со ПОСЕБЕН НАРОД што прави да биди стварно заебано за македонците кои едвај преживуват со бројка од 2 милиони па и меѓу себе поделени. Јас на пример ете не сум видел некој да напишал на блогот за тоа колку албанци им се доселуваат секојдневно во скопје. Али и да сакаат, не можат македончето има самоуништувачки синдром. Мене воопшто не би ми сметал туѓ дијалект, или туѓа навика (секој град си има друг менталитет) али ми смета она строго генерализирање па дури и дружење со луѓе само затоа што биле од друго населено подрачје на македонија. Во глобала и се согласувам со тоа што го вели затоа што премногу се насели скопје, и како што велат го губи шмекот, кога ќе се наполни еден град со различни менталитети, веќе го нема стариот менталитет и шмекот на градот. Али проблемот,верујте не е до тие “провинцијалци“ што ги нарекувате дека продале една нива и дошле во скопје. Проблемот е во тоа што цела држава е централизирана во скопје. Од културни центри,кафитерии, журки, па до разно-разни продавници се централизирани во скопје. Јас како акварист, сум доаѓал во скопје, специјално за да купам 2-3 килограми аквариумска песок, што за некој звучи смешно, али стварно, тоа чудо во останати градови не ни знаеја што е.
Со самото тоа што не се вложува во останатите градови, времето како да запрело а во главниот град оди напред што сите тука ја гледаат причината да живеат.
 
Која е таа поделба на провинцијалци и скопјани? Зарем не се сите луѓе?! Зарем не се сите МАКЕДОНЦИ?! Немам намера да навредувам, мене пример од Скопје ми се гади, како град, како воспоставена шема на живот(зборувам за онаа глобалната со кремци и глупи чупенца кои се клецкаат од 12 години), ги оставам на страна хардкор другарчињата со кои имам поминувано закон денови (тие не гледаат дали некој доаѓа од друго место, гледаат да им оди муабетчето и дружбата), кое е филмањето дали се живеело во најголемиот македонски град? Има едно се вика политика на рамномерен регионален развој во која се предвидува развој на скоро сите региони, но кај нас ова мало морген бидејќи толку ни се капацитетите како држава. Иако има добар костур од органи, влада, центар, совет за реализација на програмава.........сепак средства доволно нема. Животот е снаоѓање, ако некој ,,провинцијалец" е подобар од некој кремец и знае како да се снајде и испика, било на работно место, било во креветот на женска му, никој не му е виновен. Способноста за опстанок е различна, таа го дава шмекот на борбата.
п.с имаше еден од старите скопјани, човек во годинчиња на еден семинар во Охрид и ги кажа следниве зборови го цитирам, без да сакам никого да навредам (освен оние кои вреѓаат можат да се навредат) : Ако некои од Скопје ви продаваат пувки, како Скопје е град на Скопјани, како Скопје е чисто градски, нај нај град од сите и дека нема простор за ниту еден друг од страна да се вметне, слободно да му речите дека тие се педерчиња, бидејќи ја ИМАВМЕ (вика) најголемата чета, најдобро опремена за кревање на востание, а сепак чекавме да дојдат Бугарчињата и да не извадат од калта, па така на нивни рамена зедовме сила и почнавме да се ослободуваме од стегите, храброста беше на нула.
 
Ја ништа од овој шта ви говорите не разумем ........... ја сам од Љипкова ...... таму садим ду’ан(тутун), садим бостан, пиперке, патљиџана, пасим овце и краве и најмного вољим да га седим на подрум са жену и деца ............... ништа незнам и не разумем ......... по цели дан сам или на ниву или у шталу, а највечи од време сам на подрум, тамо је хладно, нема сунце и мирно је, нико не ме изазива тамо освим моји мали Ибро који ме гаџа/пуца со дијаболе у гљава ! :icon_mrgr:
 
Јас и покрај плата од 5к месечно ке си останам да си живеам у провинција... у мојот роден крај... а ако ми е кеф можам сељачиштево што е авторот на текстот да го купам со се партали и да го пратам упм.
Како мислиш да го изведеш тоа со плата од пет илјадарки месечно?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom