ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Група младински невладини организации од утре до 12 декември ќе собираат потписи на сите универзитети во земјава како дел од акцијата за уривање на шенгенскиот ѕид.
- Пасивното молчење укажува дека ваквата репресија не смета, но всушност постои огромен револт меѓу младата популација. Затоа реализираме голема граѓанска акција под мотото „Виза?! Нема шанса!!!-За уривање на шенгенскиот ѕид“, во која младите ќе го кажат својот став и ќе ја пренесат својата порака не само во нашата земја, туку и директно во центарот на Европа – Брисел, изјави Мики Трајкоски.![]()
Пунктовите за собирање на потписите ќе бидат поставени на сите факултети на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, на ФОН и во другите универзитетски градови во Македонија, додека за викендите пунктовите ќе бидат поставени во сите трговски центри.
Самоил Малчески најави дека во рамките на оваа акција ќе бидат изготвени и новогодишни честитки во форма на поштенски картички со иронична порака во која, според него, тие ќе ја изразат тешкотијата со визниот режим. Картичките ќе им бидат предадени на странските амбасадори во Република Македонија, како и на европратениците во Брисел.
По собирањето на потписите за петиција, младинските невладини организации ќе организираат тркалезна маса, на која ќе бидат поканети амбасадорите на шенген државите во Македонија и евроамбасадорот Ерван Фуере, на кои ќе им биде предадена декларацијата за укинување на визите за македонските студенти.
На денешната прес-конференцијата организаторите на акцијата побараа студентите јавно да ги изнесат своите лоши искуства со добивање виза и повикаа нивните искуства со бирократијата, времетраењето, долгата процедура и мноштвото документи да ги испратат на е-маил адресата visa.no.way@gмail.com.
Во втората половина на месец декември, организаторите на акцијата, ќе формираат делегација од околу дваесетина луѓе која со автобус ќе патува до Брисел. Тие ќе побараат и средба со еврокомесарот Оли Рен.
Акцијата ја поддржуваат НВО Млади за млади, студентските парламенти на штипскиот и скопскиот универзитет, Сојузот на студенти од Битола, ИАЕСТЕ, АЕСЕК, ЕЛСА и други.
Тука.
Mоре треба радикализација на то протестите ебаго,напад на амбасади опсучување на секретарки,или плукање по амбасадори,со потписи ништонема.Депонираните потписи само ги ставаат во некој тоалет по Брисел,или Стразбур ако има повеќе хартија,дури имаше и контра протест од ЕУ дека хартијата на која што сме се потпишувале последниот пат била премногу тврда,како брус-хартија или “шмиргла“ односно “сусјат“ по Прилепски,па не уживале во целосната посветеност на нашиот последен проблем,мислам за името беше,така?:pos2: