Просветлување

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Ако сакаш да читаш нешто вакво ти препорачувам да ги најдеш книгите од Ошо: "Баш Така" и "Патот кон Срцето". Де Мело е супер ама ова е нешто ...
Неможеш никого да убедиш да тргне на тој пат. Тоа е индивидуална работа. Не е возможно да се наметне тоа нешто.
 
Токму така, Ја! Не може никој да се убеди, со сила тоа не бидува, може само да му се покаже патот но ако тој тргне по него тоа ќе биде исклучиво само негова заслуга. Фала на препораката, видов пред некој ден во книжара од Ошо - Суфи приказни, и баш ќе набавам нешто.
 
Сакам да кажам дека човекот никогаш нема да достигне просветлување затоа што треба да се ослободи од стегите на општеството за внатрешно да се продухови, а ретко кој го сторил тоа.Сите сме конзумери.
И пред се, да потенцирам дека обично оние што се најпросветлени се осудени да горат во последниот круг на Данте.
Има приличен број на луѓе кои се ослободиле од општествените стеги, и кои се просветлиле.

Тие се во она далечно катче, кое постои паралелно со нашето, "цивилизираното"...Битисуваат таму заедно (за жал, или за среќа) со лудаците, присилените на одметништво и останатите маргиналци.

Да, дефинитивно ги има. И тоа се коси со тезата, сите сме конзумери. Односно, истата генерализација е точна, колку што е точно и тврдењето дека сите сме просветлени.

П.С
Би те замолила да го објасниш она со просветлените и пеколот на Данте. Очигледно ми промакнал тој дел.
 
Има приличен број на луѓе кои се ослободиле од општествените стеги, и кои се просветлиле.

Тие се во она далечно катче, кое постои паралелно со нашето, "цивилизираното"...Битисуваат таму заедно (за жал, или за среќа) со лудаците, присилените на одметништво и останатите маргиналци.

Во многу источни приказни мудреците живеат осамени подалеку од цивилизација. Од свое лично искуство би рекол дека моментот на просветлена состојба колку е лесно да се постигне толку е тешко и да се задржи, хаосот што владее меѓу другите луѓе е како заразна болест, но сепак главна причина е тоа што не ја сакаме таа просветлена состојба, егото ни се буни - чекај бе, луѓево те гледаат со потценување а ти нив со љубов?., ма мрш бе. Стравот не кочи. Низ еден дијалог Антони де Мело најкратко можно има опишано што е просветленост.

- What is Love?
- The total absence of fear, - said the Master.
- What is it we fear?
- Love, - said the Master.

А стравот не е само страв, стравот е и бес, лутина, омраза, суета, себичност, нарцизам, надменост, ароганција, претерана амбиција...... но овие етикети ни се чинат како попривлечна замена за биг Ел. :)
А по мене сексуалноста е тесно поврзана со овие „стравови’’, од неа се извира.
 
Има приличен број на луѓе кои се ослободиле од општествените стеги, и кои се просветлиле.

Тие се во она далечно катче, кое постои паралелно со нашето, "цивилизираното"...Битисуваат таму заедно (за жал, или за среќа) со лудаците, присилените на одметништво и останатите маргиналци.

Да, дефинитивно ги има. И тоа се коси со тезата, сите сме конзумери. Односно, истата генерализација е точна, колку што е точно и тврдењето дека сите сме просветлени.

П.С
Би те замолила да го објасниш она со просветлените и пеколот на Данте. Очигледно ми промакнал тој дел.

Затоа и потенцирав дека ретко кој се просветлил.
А тоа со Данте е иронијата на наводните свештени лица кои што наместо да му служат на Бог и да се доближат до него како главно хоби им е педофилијата.
 
Еве нечие искуство, последната болдирана реченица зборува се:

On February 20, 1974, (Phillip K.) Dick was recovering from the effects of sodium pentothal administered for the extraction of an impacted wisdom tooth. Answering the door to receive delivery of extra analgesic, he noticed that the delivery woman was wearing a pendant with a symbol that he called the "vesicle pisces". This name seems to have been based on his confusion of two related symbols, the ichthys (two intersecting arcs delineating a fish in profile) that early Christians used as a secret symbol, and the vesica piscis. After the delivery woman's departure, Dick began experiencing strange visions. Although they may have been initially attributable to the medication, after weeks of visions he considered this explanation implausible. "I experienced an invasion of my mind by a transcendentally rational mind, as if I had been insane all my life and suddenly I had become sane," Dick told Charles Platt.
Ова прекрасно и кратко опишано искуство е добро но за оние кои имале слично доживеано, а за другите може не дава добра представа. Тоа е како чувство на неизмерна радост и среќа поради конечен спас! Тоа е еден вид такво чувство на среќа кое што би можело да го натера горко да заплаче и да се исплаче тој што ќе ја доживее, бидејќи тогаш ќе сфати во какво ропство живеел константно и цел живот. Но, нема место за плачење бидејќи во момент се избришано, се е заборавено, се е некако небитно, СЕ Е ПРОСТЕНО!
 
Една приказна за тоа како се поврзани стравот и сексуалноста...

Еден човек, сосема обичен непросветлен човек тргнал во прошетка, сосема обична прошетка без некоја намера. Патот му го препречила банда од десетина души. Водачот на бандата му се доближил и го прашал:
- Каде си тргнал?
- Во прошетка - збунето одговорил човекот.
- Е па не може да поминеш од тука.
Човекот сакал да се сврти и да замине но водачот го запрел и му рекол:
- Сега не може ни да си одиш. Замоли не убаво па можеш да одиш каде сакаш.
- Ве молам, сакам да поминам - уплашено рекол човекот.
- Не не - се насмеал водачот.
- Ве молам дечки, морам да одам - веќе изнервирано рекол човекот и сакал да се пробие меѓу нив но бандата го избуткала.
- Замоли убаво - рекол водачот.
Човекот само молчел воздржувајќи си го бесот. Молчеле и стоеле некое време па конечно водачот им дал знак на своите да му направат место на човекот да помине. Но само што поминал, водачот го удрил со нога од позади. На човекот му се прелила чашата на трпението, несвесно му одекнало во умот - гордост или смрт!., и го нападнал водачот на бандата удирајќи го. Но остатокот од бандата го нападнала него и го претепала. Додека лежел во полусвест од ќотекот, водачот се наведнал до него, се насмевнал и му рекол - следниот пат само УБАВО замоли.

Да ја погледнеме несвесната верзија на оваа приказна...

Еден човек, сосема обичен непросветлен човек, тргнал во потрага по секс :) (несвесно ;)) Патот му го препречила една банда од десетина души. Водачот му се доближил и го прашал:
- Каде си тргнал?
- Да сексам нешто - уплашено одговорил човекот.
- Е па не може да сексаш тука.
Човекот сакал да се сврти и да замине но водачот на бандата го запрел и му рекол:
- Сега не може да сексаш ни натаму, замоли не убаво па ќе те пуштиме да сексаш каде сакаш.
- Ве молам, сакам да сексам - уплашено рекол човекот.
- Не не - се насмеал водачот.
- Ве молам дечки, морам да сексам - веќе изнервирано рекол човекот и сакал да се пробие меѓу нив но бандата го избуткала.
Човекот само молчел воздржувајќи си го бесот. Молчеле и стоеле некое време па конечно водачот им дал знак на своите да му направат место на човекот да помине. Но само што поминал, водачот го удрил со нога од позади. На човекот му се прелила чашата на трпението, несвесно му одекнало во умот - секс или смрт!., и го нападнал водачот на бандата удирајќи го. Но остатокот од бандата го нападнала него и го претепала. Додека лежел во полусвест од ќотекот, водачот се наведнал до него, се насмевнал и му рекол - следниот пат само УБАВО замоли.

Ако се сеќавате на Оби ван Кеноби (Алек Гинис) во Војна на ѕвездите, епизода Нова надеж, кога ги хипнотизира војниците - Не не барате нас, - Не ве бараме вас, - Не ви требаат овие роботи, - Не ни требаат овие роботи, - Може да поминеме, - Може да поминете, и тие го пропуштаат да помине и него и Лук и Трипио и Арту Диту, слично е влијанието на просветлениот, како сонце пред кое облаците исчезнуваат.
Така, бидете просветлени и имајте максимално безбеден секс, овај, водење љубов. ;)
 
тоа погоре напишаното од искуството на тој што станал SANE =) исто и мене ми се има десено или нешто слично... =) седејќи со другарите наеднаш нешо ми светна ( светилката) и некако како да се разбудив очите как ода ми се отворија за прв пат . се чудев за толку мн работи околу мене што постоеле и физички и духовни а јас како и секој човек секогаш сум ја живеел рутината на денот.. сватив ддека се што правам од одење, дишење, зборување па се до сите оние несвесни движења што ги правиме додека паметот ни е на друга страна НИЕ самите ги контролираме ... незнам мн чудно се имам почуствувано едноставно како да го запознав светот во друго светло. незнам дали се радувам или не на тоа но понекогаш ме плаши =) се чудам како може од толку можни мисли само една да биде активирана моментално =) од толку работи што ги правиме во денот од најмали движења до разни мисли од денот ако ни остане можеби 1 или 2 минути во меморијата кои подоцна и тие ќе се избришат, ова едноставно ме плаши и се мислам зашто луѓето живеат кога скоро се се заборава =)

некој со слично искуство ? =)
 
Можно е да било мало спонтано просветлување, тие работи им се случуваат често на многу луѓе но ретко кој ги забележува свесно, повеќето ги прифаќаат како нешто обично. Нормално е да ти било и страв бидејќи стравот тогаш се ослободува, тогаш стануваш свесен колку си бил уплашен а несвесен за тоа. :) Со време ќе исчезне сосема, ќе постои само убавина.
 
Саи рам!
И јас сум гностик. Одам на предавања кај Ани. (институт за хармониччен развој на човекот).
Верувам во просветление. Ми се случило 1 со сигурност, кога носев црно после интензив и мајка ми ми рече: Што си облекла ма црно, да не га жалиш его?
Тогаш не знам што ми стана...Почнав да се смеам, не знаев зошто...Во моментот не ни знаев што чувствувам...прекрасно искуство!
Вистина е дека човекот не сака да се просветли, инаку денеска би имало многу повеќе просветлени луѓе. Понекогаш чувствувам страв во врска со будноста, и посакувам да сум вечно во заблуда. Но дојдов до знаење дека тоа е само моето Его кое се плаши од негов крај.
 
Саи рам!
И јас сум гностик. Одам на предавања кај Ани. (институт за хармониччен развој на човекот).

Каде е тоа ако смее да се знае?
Верувам во просветление. Ми се случило 1 со сигурност, кога носев црно после интензив и мајка ми ми рече: Што си облекла ма црно, да не га жалиш его?
Тогаш не знам што ми стана...Почнав да се смеам, не знаев зошто...Во моментот не ни знаев што чувствувам...прекрасно искуство!

Ненадејно чувство на убавина без конкретна причина, тоа ќе да е. :)
Може објаснување на болдираното, што е тоа интензив?
Вистина е дека човекот не сака да се просветли, инаку денеска би имало многу повеќе просветлени луѓе. Понекогаш чувствувам страв во врска со будноста, и посакувам да сум вечно во заблуда. Но дојдов до знаење дека тоа е само моето Его кое се плаши од негов крај.

Алелуја!
 
Постои само еден вистински начин да се просветлиш, а тоа е да ја земеш книгата да поучиш малку и да видиш како навистина функционираат работите во светот. Само вистината може да просветли се друго е само залажување.
 
Просветлувањето настанува кога своето, личното, ќе го ставиш во последен ред, кога без никаква корист ќе му помогнеш на оној на кој му треба помош, кога ќе донираш 100 денари за нечие лукување (наместо да ги фрлиш за пиво 0,22), кога на навредата ќе одговориш со насмевка и со исправка, кога ќе те удрат нема веднаш да возвратиш, И НА КРАЈ КОГА ЌЕ УСПЕЕШ ДА СЕ ПРОНАЈДЕШ СЕБЕ СИ ВО СЕБЕ, тогаш сте просветлени пријатели.
 
Просветлувањето настанува кога своето, личното, ќе го ставиш во последен ред, кога без никаква корист ќе му помогнеш на оној на кој му треба помош, кога ќе донираш 100 денари за нечие лукување (наместо да ги фрлиш за пиво 0,22), кога на навредата ќе одговориш со насмевка и со исправка, кога ќе те удрат нема веднаш да возвратиш, И НА КРАЈ КОГА ЌЕ УСПЕЕШ ДА СЕ ПРОНАЈДЕШ СЕБЕ СИ ВО СЕБЕ, тогаш сте просветлени пријатели.

Тоа се отприлика симптомите на просветлувањето и одат лесно како песна за оној кој е просветлен, а овака делуваат утопистички и како глума.

Игор, треба ли други да не учат како и што треба да бидеме? :) Тоа ни де Мело не го прави, само го покажува патот, а ако тргнеме по него успехот ќе биде исклучиво наш.
 
Cool Hand Luke
Институтот за хармоничен развој на човекот се наоѓа карши 3 бисери некаде во една од тие згради...незнам точно затоа што не сум од Ск. Ани е човекот кој предава за тоа.
Интензив е нешто што не смеам да го објаснам, тоа е една техника на која јас одам. Мислам предавања, после тие предавања го имав првото просветление. Исто така интензивот се состои и од комуницирање со други личности и со сам себе т.е. соло медитација или дијада.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom