Просветлување

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Глума, не ова е само животот што го води еден мој пријател и за чудо ме “навлече“ и мене т.е. сам почнав да се обидувам да живеам така и воопшто не беше тешко, верувам сте ја прочитале Библијата - ете тука е просветлувањето, значи мораме прво да се одречеме од големото ЈАС па после се е многу лесно
 
Се сложувам дека ова сега што го правиме е глума а не таа состојба на просветлување што сега ни изгледа утопистички. За егото може да се рече дека не ни постои, илузорно е, не е вистинито но сепак е стварно. :) онолку колку што ние сме решиле да биде.

Непросветленоста е како живот во пекол и темнина а непросветлениот човек поради темнината во својата свест не го гледа пеколот и си живее најизглед нормално но болен, а сосема несвесен за тоа. Одеднаш, наизглед случајно човекот пали свеќа (доживува краткотрајно просветлување) и се преплашува намртво кога ќе го види пеколот и сфаќа каде бил. Свеста се збогатува за тоа сознание и човекот знае дека еден ден кога тогаш ќе мора да најде сила и храброст за да го запали светлото (целосно просветлување) и еднаш засекогаш да се соочи со пеколот.

Само храбро, кога светлото ќе го запалиме еднаш засекогаш, пеколот ќе стане она што е - илузија!
 
Се сложувам дека ова сега што го правиме е глума а не таа состојба на просветлување што сега ни изгледа утопистички. За егото може да се рече дека не ни постои, илузорно е, не е вистинито но сепак е стварно. :) онолку колку што ние сме решиле да биде.

Непросветленоста е како живот во пекол и темнина а непросветлениот човек поради темнината во својата свест не го гледа пеколот и си живее најизглед нормално но болен, а сосема несвесен за тоа. Одеднаш, наизглед случајно човекот пали свеќа (доживува краткотрајно просветлување) и се преплашува намртво кога ќе го види пеколот и сфаќа каде бил. Свеста се збогатува за тоа сознание и човекот знае дека еден ден кога тогаш ќе мора да најде сила и храброст за да го запали светлото (целосно просветлување) и еднаш засекогаш да се соочи со пеколот.

Само храбро, кога светлото ќе го запалиме еднаш засекогаш, пеколот ќе стане она што е - илузија!

Имаше една добра приказна за луѓе кои живееле на планета со три сонца.Константно во светлина и 24-часовен ден.
Себеси сме сметале за циклусен вид кој минува низ неколку стотици генерации пред да се случи големата апокалипса,па општеството како такво целосно да се сруши и да мораат да почнуваат од почеток.Таквата теорија се претворила во култ за милениумските одземачи на душата и разумот кои доаѓаат во бројка од милиони,ја гаснат светлината и ја заменуваат со свој блесок,кој ако човек го види со голи очи-ќе го загуби разумот...и душата.
Кога последната генерација пред апокалипсата се соочила со тој проблем,се обиделе да симулираат како би изгледало да бидат затворени во темна просторија некое време.При излегувањето од таквата симулација се пожалиле дека малку им се слошило и почнале да се потат.Тоа не се сметало за опасна околност,туку се оправдало со фактот дека промената на средината на која тие се навикнати им била проблематична,но не и фатална.Со тек на време секој се адаптира.

Кога дошол судбинскиот момент,она што за нив било апокалипса,а според наши термини е коинцидирање на симултано соларно затемнување,тие луѓе за првпат ги виделе ѕвездите кои ние ги гледаме секој ден(попрецизно-секоја ноќ) и за првпат се соочиле со темнина.
И не,не ги изгубиле душите и умот кога ги погледнале ѕвездите распрскани на небото во целиот тој окружен мрак...туку пателе масовно од клаустрофобија поради зависноста од светлина,па почнале да палат се околу нив за да ја надокнадат...кога снемало запалив материјал,огромен дел од нив испоумреле од масовна дементија,со што завршил уште еден циклус во нивната историја.

Можеби ти звучев малку апстрактно во репликава,ама мислам дека ме сфати.Не секогаш сме спремни за нашето просветлување и не секогаш знаеме како тоа ќе влијае на нас.

Просветлувањето знае да биде и митската Медуза. :)
 
Можеби ти звучев малку апстрактно во репликава,ама мислам дека ме сфати.Не секогаш сме спремни за нашето просветлување и не секогаш знаеме како тоа ќе влијае на нас.

Просветлувањето знае да биде и митската Медуза. :)

Не, всушност мојот пример беше поапстрактен, т.е. симболичен, мој личен :) но не знам дали те сфаќам. Просветлението на душата значи максимална добрина, свесност, сочувство со се и сите што не опкружуваат, една состојба на силен мир и спокој, и радост, така да и многу психосоматски болести би исчезнале. Би немало војни, може би немало ни страдања како глад на пример бидејќи сите максимално би се ангажирале за помош на оние на кои тоа им треба.
Ако тоа значи дека планетава наскоро би станала пренаселена може. Само може тогаш просветлените би правеле деца, со ум пред се. :)
Други лоши ефекти од просветлувањето не знам, не сум сигурен дали и таму има меч со две острици, како за кого. Тоа е состојба која што сега е длабоко во нашата потсвест, а таму лежат и многу други скриени знаења, можеби и окултни моќи па како кој ги развива...
Инаку точно е дека многу луѓе не сакаат просветлување, не сакаат среќа, сакаат егоистично уживање во задоволствата, сакаат да озборуваат, дијагностицираат, бидејќи се квази дијагностичари, не и психијатри, да наметнуваат своја волја бидејќи самите се цврсто уверени дека се во право, да истеруваат своја лична правда... типично непросветлено.
Еден таков човек воопшто не може ниту сака да се просветли, но кога сепак би се просветлил, мислиш дека токму тогаш би можел стварно да се мрдне од ум?
 
Што би рекле некои христијански кругови, "Бог не му се пројавува на човекот оти човечкото око неможе да ја издржи грандиозноста и величината која едно такво битие ја носи со себе".

Да,глобално гледиште,затоа што неможеш да бидеш еден просветлен кога си во меѓуповрзано општество,според карактер и суштина можеби различно од твоите просветлувања и заклучоците базирани на нив.
Твоето "квази" е сигурно нечија апсолутна вистина и апгрејд.
Сепак,појдовноста е битна за еден здрав развиток на една индивидуа(здрав во прво лице еднина).Со тоа,призмата на просветлувањата се танчи до сведочењето на првите искуства во било која сфера.Понатаму се е контемплација и искуство.

Глобалниот феномен не е предмет на мисловна експанзија,туку на ентропија.Тука не сме компетентни.
 
Просветлението на душата значи максимална добрина, свесност, сочувство со се и сите што не опкружуваат

Ова не го сфаќав во потполност. Го сметав за издвоено, дека иако треба да се сочувствува со се, и уште поважно, со СИТЕ и СЕКОГО, не го применував на дело. Сега знам, дека не постои ништо издвоено од мене. Секој човек сум јас. Не само реакцијата која што тој ми ја предизвикува туку самиот човек, сум јас! Тоа ми беше потребно да го сфатам за да ја стекнам најголемата самодоверба што може да постои, нешто што до сега само го филозофирав, а сега конечно го сфатив.

Јас сум мирен, јас сум здрав, повеќе од било кога. Фала ви на сите, мои учители, и најповеќе фала ми на себеси. (:
 
Ова не го сфаќав во потполност. Го сметав за издвоено, дека иако треба да се сочувствува со се, и уште поважно, со СИТЕ и СЕКОГО, не го применував на дело. Сега знам, дека не постои ништо издвоено од мене. Секој човек сум јас. Не само реакцијата која што тој ми ја предизвикува туку самиот човек, сум јас! Тоа ми беше потребно да го сфатам за да ја стекнам најголемата самодоверба што може да постои, нешто што до сега само го филозофирав, а сега конечно го сфатив.

Јас сум мирен, јас сум здрав, повеќе од било кога. Фала ви на сите, мои учители, и најповеќе фала ми на себеси. (:


hehe milo mi e sto konecno si miren :D
kontaktiraj me na msn kogaj ke vidis deka sum online iam interesni informacii =)
 
Просветлување постои и тоа е навистина перење на мозок, само, перење и миење на заблудите и лагите. Просветлување е состојба на нашето вистинско јас и тогаш сфатив и станав свесен дека сите имаме заедничко јас. Нормално дека сме различни сите во безброј карактери, вкусови, ставови, и добро е што е така, светот ќе биде многу досаден да сме сите исти.
Јас горе не се изразив точно рационално но тоа не ми беше ни битно, битно дека сите работи и лоши и добри доживеани од другите ги доживував како јас самиот од друго тело да сум си ги направил. Но свесноста за тоа единство сега ми исчезна. Потребен е поумерен живот, а не сум сигурен дека го сакам тоа. :)
Така брат, знај дека просветлување постои. Она што не постои е ова што сега го живееме, привидното чувство на издвоеност. :)
 
Прави го она што го сакаш, кога сакаш, како сакаш и сноси ги последиците за тоа.

Тоа е просветлување.
 
Вистина е дека човекот не сака да се просветли, инаку денеска би имало многу повеќе просветлени луѓе. Понекогаш чувствувам страв во врска со будноста, и посакувам да сум вечно во заблуда. Но дојдов до знаење дека тоа е само моето Его кое се плаши од негов крај.

Според источните учења, ние имаме два дела: џива и атман.

Џивата е делот од душата кој се отелотворува, инкарнира, кој се ограничува на поимање преку време и простор, кој подлежи на причина и последица, кој боли, се плаши...или, поинаку, оној "материјалниот" дел.

Атманот пак е чистата Божја есенција во нас, присутна и кај најголемиот грешник и кај најголемиот светец. Таа не се менува,не се инкарнира, не е ограничена од време и простор...едноставно постои отсекогаш и засекогаш, како и Бог, Енергијата, Универзалната вистина, you name it.

Поинаку, во секој од нас има просветлен дел, чиста љубов, чисто совршенство...замаглени од страв и потреба да се одделиме од другите и од Суштината. Тоа е она што не одвојува и не тера да го создадеме "јас" кое се става во различни калупи, се одредува со ограничувачки "јас сум" и сака да се етаблира како конечно и одредено во материјалниот свет. Тоа е она што прави да се осеќаме "избркани од рајот" и сами.

Во книгата на Дипак Чопра, "Kako spoznati Boga", се претставени 7 фази до просветлување. И затоа што сега не сум во можност да ги пренесам интегрално тие фази(но, се надевам дека истото наскоро ќе го направам на темава), па споменам само дека последната фаза, ултимативното просветлување, е кога ќе сфатиме дека се е едно...Бог, Ултимативната Мудрост,Светлоста, ние, тие, светот, универзумот, болката, злото, доброто, уживањето...се е едно, се е целост.

Од друга страна пак, било кармата, било некои други учења, велат дека штом сме се родиле на Земјата, имаме уште лекции за учење. Претпоставувам дека најголемата лекција би било да го "растопиме" егото во Љубовта, но дотогаш истото ни е потребно, за постапно да се приближуваме до Суштината.
 
http://www.imdb.com/title/tt1029234/

Максимално ужасна сторија, кога на маките и ужасот им нема крај, болката ја чисти душата максимално и во неа веќе нема простор за омраза ни према душманинот, туку сака само спас и љубов по секоја цена.
Внимание, филмот е грозен и ужасен, и за над 18 години.

Патот до просветлувањето е како симнување на маска од нашето лице. :) За да го видиме нашето вистинско лице треба да ја симнеме маската на егото. Тешко е тоа, сите околу нас носат маски а ние не го знаеме нашето вистинско лице, какво ќе биде тоа. Конечно собираме храброст и ја вадиме маската. Но, под неа уште една маска! Многу поубава од претходната, сите ни се восхитуваат и ние со гордост ја носиме. Можеби после оваа ќе има уште поубава но којзнае. Ја симнуваме и неа и сега имаме навистина уникатна маска, ретко кој има оваква. Но маска ко маска смета, нели. Ја вадиме и неа и така со ред, многу тешко бидејќи маските се се поубави, и доаѓаме до последната маска. Таа не е убава туку страшна. Повеќе го открива отколку што го сокрива нашето лице. А него како да го нема! Оваа последна маска не предупредува дека ќе немаме лице доколку ја извадиме. Последен обид на нашето его да не опамети. Ни се чини како да ќе умреме од страв, соочени сме со ништожноста на нашата личност.
Ја враќаме претпоследната убава маска или одиме до крај? :)
 
После догло долго, уморни од се, од носењето маски, се решаваме да ги извадиме сите. Уморни сме но не ни е сеедно, се плашиме, бидејќи од сите доживеани работи во нашиот живот, ова ќе биде најважната. Сега сме сосема соочени со стравот, со Ништото, со Мракот кои можат да не стопат во нив. Нашата надеж и вера како факел со оган што трепери и како да ќе се угаси пред нив. Собираме храброст, ризикуваме се, се што имаме, нашето цело јас и влегуваме. Ништото повеќе не е ништо, осветлено е со величествена светлина, а ние самите сме како запален факел. Мракот не спаси нас, а ние него. Тоа е нашето вистинско јас, сега преполно со безусловен мир и среќа, сега сфаќаме дека содржи се, се што отфрливме, сите маски. Отфрлајќи ги, ние нив ги добивме. По прв пат ги добивме, бидејќи претходно никогаш не ги имавме, тие не имаа нас! Ова е нашето сесодржително јас, преполно со его под целосна контрола.
И така, кога ќе падне последната маска, ќе засјае нашето сонце сјај лице.
Знајте, секогаш кога патиме и кога ни е многу тешко поради одредени работи, тие работи се само привидна причина, главна причина е тоа што сеуште не сме она што сме.
Кој ја чува својата душа ќе ја загуби, кој ќе ја загуби поради мене ќе ја најде.


Фала Ти на вниманието. :)
Малку интермецо. :)


http://www.dailymotion.com/video/x2ahyk_twisted-sister-the-price_music

How long i have wanted
this dream to come true
and as it approaches
i can't believe i'm through...
 
Знајте, секогаш кога патиме и кога ни е многу тешко поради одредени работи, тие работи се само привидна причина, главна причина е тоа што сеуште не сме она што сме.

Го цитирам овој дел бидејќи е најбитен и најважен, апсолутно е непотребно подолго објаснување.

Малку оф топик....Гледам дека голем број луѓе што пишуваат по фоорумов сакаат да се објаснуваат на долго и широко и при тоа не забележуваат дека ја губат оштрината на својата мисла. Нема ништо подобро од едноставна но конкретна мисла.:salut:
 
Фала Зенг :), јас се соживеав малку, влегов у филм. Инаку, едноставно, се вадат сите маски додека не остане ништо а всушност останува се. Парадокс на вистината можеби... хм...
Од свое искуство, свои средби со Ништото како застрашувачка тишина која ги гуши сите мои мисли и предизвикува да се чувствувам како да сум соочен со некоја опасност. Со текот на времето и искуствата таа тишина ми стануваше се попријатна и максимално исполнувачка. Но тоа беа се горе долу спонтани искуства, а уште не сум се осмелил да ја извадам последната маска и целосно да му се препуштам на „Ништото’’. Потребно е се плашам нешто повеќе од психичка волја, треба и одвојување од работите кои не ме прават среќен а ги чувствувам како потребни... треба да напуштам СЕ и во физичка смисла. Скитник без дом ако треба да бидам. ОК, ова е веќе лично видување, не е исто за сите, лично си е лично! :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom