Просветлување

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Ако решиш да не се просветлиш ќе затупеш,се тапкаш во место..
Човештвото не би напредувало кога секој би одбивал да биде просветлен.
 
Имало и сеуште се појавуваат просветлени луѓе на оваа планета, луѓе кои поинаку и подобро ги разбираат работите околу нас. Тие луѓе го промениле светот и сепак малку од нас го следат нивниот пат... Зошто?
Затоа што не е кул.
 
Да.
Но делумно мислам дека причината лежи и во она што го напишав во предходниот мој пост на оваа тема. Со различни очи гледаме на работите.
 
Абе луѓе немојте да се контрате на таа тема дека секогаш ќе има луѓе коишто се за и кои се против. Тоа е нормално. Само немојте да судите за ништо додека не сте пробале, вкусиле. Како можеш да знаеш каков вкус имал портокалот а не си го пробал , на пример.
 
.

Кога ќе се просветлиме односно кога ќе оствариме одреден духовниот прогрес тоа значи дека ја зголемуваме односно прошируваме нашата свест.
И со тоа нашата способност за перцепција односно разбирање на суштината не нештата драстично се зголемува нели?
Ова повеќето луѓе го знаат арно ама немаат мотив за духовен прогрес односно просветлување. Зошто?
Поради наметнатото лошото влијание од страна на религиите, со кое намерно се крши секаков мотив за прогрес ова се прави од многу примитивни мотиви како контрола на народните маси со крајна цел ПРОФИТ , јас не кажувам дека нема бог, но мислам дека религиите за она духовното на луѓето им наметнуваат една лоша претстава: прво има кажуваат дека за да влезат во рајот нетреба да мислат со своите глави и слепо да ги слушаат свештениците и со ова брутално се гази слободната војља на луѓето.
Значи ако сакам да влезам во рајот прво и основно нашиот квалитет на живот мора да биде сведен на скоро на нула односно треба да биде пропратен со страдање и патење. А зошто наметнуваат нешто вакво?
За да не им се побуни никој оти ако му се побуни вечно ќе гори во пеколот нели? Потоа треба да станам робот тогаш поарно неодам и ќе живеам овде како сакам размислуваат повеќето луѓе.
И рајот се претставува како едно сивило во кое сензациите односно чуствата што луѓето ги искусуваат овде се сведени скоро на нула.
И со тоа луѓето кои ги водат религиите ни даваат јасен знак дека всушност не ни знаат што зборуваат уште помалку каде одат но сепак огромно мнозинство од светската популација слепо ги следи.

И во никоја религија на светот не се спомнува вистинската цел на нашето свесно постоење. а целта е :

Да ја прошируваме нашата свест односно интелект неограничено
и со тоа и да ја зголемуваме неограничено нашата способност за замислување и искусување и разменување на високи чуства со други луѓе односно битиа.
 
Абе луѓе немојте да се контрате на таа тема дека секогаш ќе има луѓе коишто се за и кои се против. Тоа е нормално. Само немојте да судите за ништо додека не сте пробале, вкусиле. Како можеш да знаеш каков вкус имал портокалот а не си го пробал , на пример.

Не ни треба,се да се проба..Треба да пробаме од отровот,за да сватиме дека е отров...Јао нама,ако е така...Нормално дека на искуството му припаѓа најповеќе заслуга за тоа што сме,без разлика дали сме просветлени или не...
За темата,за мене просветленоста се однесува на нивото на свеста..
 
Всушност де Мело никогаш ја нема потенцирано сексуалноста како проблем кон просветлувањето, иако по многу психијатри, од неа започнува се друго - амбиција, желба за заработка, друштвен статус... по де Мело непросветленоста е нешто како пат по цврсто тло, живот исполнет со проблеми и нервози но сепак цврст пат и колку толку познат, а просветленоста како величествено летање, само бидејќи цел живот сме навикнати на одење, се плашиме од паѓање.
Така е Златкорис и Божица, до свеста и свесноста е. :wink:
 
Сексот е илузија, лага, начин да човекот се усмери кон страста надвор од тоа што го прави човек.
Погледнете што е сексот набилдани типови со исунчани тела, жени со пластични импланти, ова не е реално но не натераа да го посакуваме тоа. Ова не е никакво просветлување напротив е затемнување.
Сексот претставува задоволување на егото во денешно време дури и самото задоволство е извадено и тоа постои надвор од сексот, стануваме воајери на сопствените животи. Веќе не одлучуваме самите за себе, други ни ставаат мисли друштвото е заебано, се срамиме од себе и ни треба просветлување.
 
Сексот е илузија, лага, начин да човекот се усмери кон страста надвор од тоа што го прави човек.
Погледнете што е сексот набилдани типови со исунчани тела, жени со пластични импланти, ова не е реално но не натераа да го посакуваме тоа. Ова не е никакво просветлување напротив е затемнување.
Сексот претставува задоволување на егото во денешно време дури и самото задоволство е извадено и тоа постои надвор од сексот, стануваме воајери на сопствените животи.

Сакаш да кажеш дека сме толку бомбардирани со се и сешто па губиме чувство што е всушност сексот, се претвораме во перверзници на кои им е послатка фантазијата од самиот чин? Со тоа дефинитивно се сложувам.

Веќе не одлучуваме самите за себе, други ни ставаат мисли друштвото е заебано, се срамиме од себе и ни треба просветлување.
Ни треба и тоа како, цело човештво несвесно плаче за тој момент, но и понатаму бараме само лекчиња, оздравување никако, премногу е страшно.

Еве нечие искуство, последната болдирана реченица зборува се:

On February 20, 1974, (Phillip K.) Dick was recovering from the effects of sodium pentothal administered for the extraction of an impacted wisdom tooth. Answering the door to receive delivery of extra analgesic, he noticed that the delivery woman was wearing a pendant with a symbol that he called the "vesicle pisces". This name seems to have been based on his confusion of two related symbols, the ichthys (two intersecting arcs delineating a fish in profile) that early Christians used as a secret symbol, and the vesica piscis. After the delivery woman's departure, Dick began experiencing strange visions. Although they may have been initially attributable to the medication, after weeks of visions he considered this explanation implausible. "I experienced an invasion of my mind by a transcendentally rational mind, as if I had been insane all my life and suddenly I had become sane," Dick told Charles Platt.
 
Извини не те разбирам дали можи поопширно да ми објасниш?

Величенственоста на просветлувањето е во тоа што не е величенствено воопшто.Ниту една титула или званична медитација нема да му го даде тоа на човекот кој што се конформира со живот во средината.
Кога некој е доволно способен за да се покори на сопствените интимни правила кои што би го донеле до илуминација, би разбрал за што се служат свештениците.
 
Од Многуте книги што сум ги читала во однос на просветлувањето, можам да кажам.да се дојде до него треба да се помине долг пат во однос на самоусовршување, губење на егото и многу други самооткажувања .Тоа може и покракј се воопшто да не се случи ,но ако се случи можеби изгледа дека е секавично ,но го менува човекот сосема ,од исповестите на луѓе што го доживеале тоа, знам дека напротив нашите мислења за блаженство тие луѓе тешко живеат во оваа средина и сакаат што побргу да го напуштат овој свет,бидејќи нив се им паѓа тешко сечија болка станува нивна и слично . Да завршам, треба да се трудиме да станеме подобри луѓе ама просветлени, сепак тоа е за избрани луѓе.
 
Сите ние сме избрани, сега некои не можат тоа да го сватат а некои не сакаат да бидат избрани.
Тоа е нешто од што не можеме да избегаме, сите сме создадени да се издигнеме.
 
Величенственоста на просветлувањето е во тоа што не е величенствено воопшто.Ниту една титула или званична медитација нема да му го даде тоа на човекот кој што се конформира со живот во средината.
Кога некој е доволно способен за да се покори на сопствените интимни правила кои што би го донеле до илуминација, би разбрал за што се служат свештениците.

Не те сфаќам баш Лејди, но ако сакаш да кажеш дека просветлувањето колку и да е убаво и важно не е на цена во денешното друштво, да. Тоа е воедно и најприродна состојба на нашиот ум и затоа не треба да се посматра како висока и тешка цел за постигнување, бидејќи токму тоа и ќе стане.
Сите ние сме избрани, сега некои не можат тоа да го сватат а некои не сакаат да бидат избрани.
Тоа е нешто од што не можеме да избегаме, сите сме создадени да се издигнеме.
Јеа! Всушност на некој начин би можело да се рече дека сите ние сме просветлени но само малку го сфатиле тоа, малку станале свесни за тоа, за свесноста на нашето вистинско јас, за единството со Апсолутот кое никогаш не престанало и нема да престане.
Само од друга страна Анкица е во право се плашам, некои никогаш тоа нема да го искусат на свесно ниво бидејќи пред се самите нема да си дозволат.
 
Не те сфаќам баш Лејди, но ако сакаш да кажеш дека просветлувањето колку и да е убаво и важно не е на цена во денешното друштво, да. Тоа е воедно и најприродна состојба на нашиот ум и затоа не треба да се посматра како висока и тешка цел за постигнување, бидејќи токму тоа и ќе стане.
Сакам да кажам дека човекот никогаш нема да достигне просветлување затоа што треба да се ослободи од стегите на општеството за внатрешно да се продухови, а ретко кој го сторил тоа.Сите сме конзумери.
И пред се, да потенцирам дека обично оние што се најпросветлени се осудени да горат во последниот круг на Данте.
 
У аут сум бил значи, но барем си го кажав своето... :)
А и Данте би можел да го прочитам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom