Една приказна за тоа како се поврзани стравот и сексуалноста...
Еден човек, сосема обичен непросветлен човек тргнал во прошетка, сосема обична прошетка без некоја намера. Патот му го препречила банда од десетина души. Водачот на бандата му се доближил и го прашал:
- Каде си тргнал?
- Во прошетка - збунето одговорил човекот.
- Е па не може да поминеш од тука.
Човекот сакал да се сврти и да замине но водачот го запрел и му рекол:
- Сега не може ни да си одиш. Замоли не убаво па можеш да одиш каде сакаш.
- Ве молам, сакам да поминам - уплашено рекол човекот.
- Не не - се насмеал водачот.
- Ве молам дечки, морам да одам - веќе изнервирано рекол човекот и сакал да се пробие меѓу нив но бандата го избуткала.
- Замоли убаво - рекол водачот.
Човекот само молчел воздржувајќи си го бесот. Молчеле и стоеле некое време па конечно водачот им дал знак на своите да му направат место на човекот да помине. Но само што поминал, водачот го удрил со нога од позади. На човекот му се прелила чашата на трпението, несвесно му одекнало во умот -
гордост или смрт!., и го нападнал водачот на бандата удирајќи го. Но остатокот од бандата го нападнала него и го претепала. Додека лежел во полусвест од ќотекот, водачот се наведнал до него, се насмевнал и му рекол - следниот пат само УБАВО замоли.
Да ја погледнеме несвесната верзија на оваа приказна...
Еден човек, сосема обичен непросветлен човек, тргнал во потрага по секс

(несвесно

) Патот му го препречила една банда од десетина души. Водачот му се доближил и го прашал:
- Каде си тргнал?
- Да сексам нешто - уплашено одговорил човекот.
- Е па не може да сексаш тука.
Човекот сакал да се сврти и да замине но водачот на бандата го запрел и му рекол:
- Сега не може да сексаш ни натаму, замоли не убаво па ќе те пуштиме да сексаш каде сакаш.
- Ве молам, сакам да сексам - уплашено рекол човекот.
- Не не - се насмеал водачот.
- Ве молам дечки, морам да сексам - веќе изнервирано рекол човекот и сакал да се пробие меѓу нив но бандата го избуткала.
Човекот само молчел воздржувајќи си го бесот. Молчеле и стоеле некое време па конечно водачот им дал знак на своите да му направат место на човекот да помине. Но само што поминал, водачот го удрил со нога од позади. На човекот му се прелила чашата на трпението, несвесно му одекнало во умот -
секс или смрт!., и го нападнал водачот на бандата удирајќи го. Но остатокот од бандата го нападнала него и го претепала. Додека лежел во полусвест од ќотекот, водачот се наведнал до него, се насмевнал и му рекол - следниот пат само УБАВО замоли.
Ако се сеќавате на Оби ван Кеноби (Алек Гинис) во Војна на ѕвездите, епизода Нова надеж, кога ги хипнотизира војниците - Не не барате нас, - Не ве бараме вас, - Не ви требаат овие роботи, - Не ни требаат овие роботи, - Може да поминеме, - Може да поминете, и тие го пропуштаат да помине и него и Лук и Трипио и Арту Диту, слично е влијанието на просветлениот, како сонце пред кое облаците исчезнуваат.
Така, бидете просветлени и имајте максимално безбеден секс, овај, водење љубов.
