Прописите на ЕУ и вашето мислење

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Сигурно сите знаете дека правилата за пристапување во ЕУ не се сокриваат , туку однапред се знаат. Пред стапување во ЕУ сите земји кандидати потпишуваат задолжително приджување кон единствената општоевропска политика во било која сфера , да има функционална пазарна економија , а нејзините производители да бидат „доволно конкурентноспособни„ за работа во условите на ЕУ.
па следи:
Криви банани?
0,,17523673_302,00.jpg

Според правилата на ЕУ, бананите кои се увезуваат во Унијата морада бидат долги најмалку 14 см и широки 2,7 см. Ти не смеат да бидат оштетени а ни целосно зрели, со што се гарантира свежината на овошјето. Тврдењата дека ЕУ има пропис и за дозволената закривеност на бананите, каков што до 2009. година важеше за краставиците, не е точно.

Прописи за жичници- за секој случај
0,,17524018_302,00.jpg

Германската покраина Шлезвиг Холштајн на брегот на Северното мора е „рамна како тепсија“. Највисокиот рид воцелата покраина е висок 168 метри. Па сепак и оваа покраина мораше да усвои закон за погонот на жичниците, бидејќи така сака ЕУ.
За секој случај, ако некогаш некој посака да постави жичница таму тогаш барем прописите ќе бидат сосема јасни.


Медот како спроводник на струја
0,,17504103_302,00.jpg

Знаеме оти мора да се чуваме од пчелите, ама за појадок да се размислува за тоа дали медот произведува струја е малку чудно. ЕУ има правило и за тоа. Таа спроводливост не смее да биде поголема од 0,8 микросименси на сантиметар. Всушност воопшто не е важно дали ќе не „протресе“ малку струја кога го ставаме лажичето во медот, туку ова правило служи за класификација на различните видови мед.


Каде одат кои отпадоци?
0,,17504128_302,00.jpg

Пропис кој и недостасува на ЕУ. На пример, каква боја треба да биде кантата во која ќе се фрла старата хартија? Во Германија е сина ама во други земји може да биде поинаку. Некаде зелената канта е всушност сина, жолтата е црвена а во некои земји воопшто не се раздвојува сметот. Како тогаш граѓанинот на ЕУ да одлучи што да прави и како сметот да заврши таму каде му е местото?

„Луда железница“
0,,17524035_302,00.jpg

Уште поголем хаос во ЕУ е при возењето со воз. На пример на релацијата од Талин до Лисабон. Покомплицирано не може да биде: на пат се тргнува по „советски пруги“, со растојание меѓу шините од 1,524 метри. Тоа растојание потоа низ Европа изнесува 1,435 метри сѐ до Шпанија каде изнесува дури 1,672 метри. А во Португалија растојанието меѓу шините е 7 милиметри помало.


Еден штекер за сите- само пуста желба
0,,17524037_302,00.jpg

очигледно станува збор за национална „гордост“. на пример, одамна постои стандард за т.н. евро-штекер за електрични апарати, Но ако одите во Велика Британија, Ирска,Малта или Кипар , сѐ уште ви е потребен дополнителен „адаптер“.


Сега ли е „зелено“?
0,,16866418_302,00.jpg

И кај семафорите, сеедно дали се во Рим, Париз, Лондон, Варшава или Берлин,ознаката на семафорот која на пешаците им дозволува или забранува да преминат улица е различна. Во Германија поинаква е дури и на различни семафори во ист град, бидејќи по обединувањето на земјата сепак дозволен е и "Ampelmännchen" т.е. „семафорското човече“ од Германската Демократска Република.


Половина килограм јајца?
0,,16348782_302,00.jpg

Во 2010 година ЕУ објави предлог-пропис според кој цената на сите прехранбени производи треба да биде одредувана врз основа на тежината. Тоа значи при купување на 10 јајца, цената не би била на парче туку на килограм. Меѓутоа барем кај јајцата од кокошка тешко дека овој пропис на ЕУ некогаш може да заживее.


И натаму различни сандачиња
0,,17504260_302,00.jpg

Европска разноликост владее и кај поштенските сандачиња. Секоја земја има свој формат и големина на отворот на сандачето. ЕУ намерно не сакаше да воведе правила во таа област. И сите се среќни,бидејќи и поштенските сандачиња покажуваат дека Европа е обединета но и оти нејзиното богатство е токму во разноликоста на народите и државите. А никој не сака тоа да исчезне.


Еколошка светлина
0,,17524040_302,00.jpg

Еден од најспорните прописи е секако забраната на „обичните“ светилки, за да се заштеди енергија. Но ни новите сијалици не се големи заштитници на природата: некои од нив содржат отровна жива, која треба многу внимателно да се отстрани во отпад. Згора на тоа на новите светилки им е потребно некое време за да засветат во полно светло.

Што мислите вие, дали постоењето на ваквите стандарди е компромис меѓу потрошувачите и производителите, или...?
 
Овоа со контејнерите треба и кај нас да се воведе да се знае кое за што е.Да има одредено за стакло,хартија,пластика и друго.И за еко светлина кај нас има такви ламби за во соба ама ретко кој користи.
 
Незнам за вас, ама мене сево ова ми наликува на хегемонија, ропство, диктатура во се’ и за сите, со една единствена цел- да ги поттиснат сите за своја сметка. затоа им е потребна таа политичка коректност, за да ги скријат своите намери и своето вистинско лице.
Сетете се само што и направија на Бугарија- како ја условија .Да ве потсетам до влезот на БГ во ЕУ- таа беше екпортер на електрична енергија -ја продаваша на Турција, Македонија, на гејлада, Албанија, Италија....а денес.......денес таа увезува струја благодарејќи на ЕУ
а тек Гејлада, припомнете си што се случи со неа
 
Имаат огромна администрација, мора да работат нешто. Мора да се состануваат често и да носат некои измени, предлози као да ги оправдаат парите кои ги трошат на дневници и плати. Воглавно имаат некои добри прописи, но дел се и од шупло во празно.
Незнам за вас, ама мене сево ова ми наликува на хегемонија, ропство, диктатура во се’ и за сите, со една единствена цел- да ги поттиснат сите за своја сметка. затоа им е потребна таа политичка коректност, за да ги скријат своите намери и своето вистинско лице.
Сетете се само што и направија на Бугарија- како ја условија .Да ве потсетам до влезот на БГ во ЕУ- таа беше екпортер на електрична енергија -ја продаваша на Турција, Македонија, на гејлада, Албанија, Италија....а денес.......денес таа увезува струја благодарејќи на ЕУ
а тек Гејлада, припомнете си што се случи со неа
и хрватите се разочарани. И словенците кога влегоа, мораа да затвораат погони. Зашто инаку ги примаат балканците и источниот блок. Од секого ќе добијат по нешто.
 
Има и супер прописи, како на пример роамингот е како да си локал во цела ЕУ.
 
ЕУ ги гледам ко ПАРАЗИТ кој ги преформатира останатите свои членки под свои потреби , попатно уништувајќи и убивајќи многу што корисно за сите, но потенцијално опасно за самиот ПАРАЗИТ.
 
Да де, на бугарите им е лошо, на словенците исто така, за хрватите да не правиме муабет. Битно на македонците им е се како што треба па најдоа сега да се ситат на туѓа несреќа. Нечини ЕУ, ЕУ е крива за се, па уште некој што живее во Македонија да каже за ЕУ дека се диктатори :facepalm: мајко мила.
 
Има и супер прописи, како на пример роамингот е како да си локал во цела ЕУ.
ова му доаѓа исто ко воведувањето на единствена патарина во цела ЕУ.
 
ова му доаѓа исто ко воведувањето на единствена патарина во цела ЕУ.

Не ти ја разбирам референцава, ама мене ми е супер кога одам Шпанија на одмор и правам муабет на мобилен и сурфам на нет како да сум дома во УК.
 
Што мислите вие, дали постоењето на ваквите стандарди е компромис меѓу потрошувачите и производителите, или...?
Повекето са митови и нема да го видите во ЕУ.
Например jajцата не се продават на килограм...[DOUBLEPOST=1399661512][/DOUBLEPOST]
Незнам за вас, ама мене сево ова ми наликува на хегемонија, ропство, диктатура во се’ и за сите, со една единствена цел- да ги поттиснат сите за своја сметка. затоа им е потребна таа политичка коректност, за да ги скријат своите намери и своето вистинско лице.
Сетете се само што и направија на Бугарија- како ја условија .Да ве потсетам до влезот на БГ во ЕУ- таа беше екпортер на електрична енергија -ја продаваша на Турција, Македонија, на гејлада, Албанија, Италија....а денес.......денес таа увезува струја благодарејќи на ЕУ
а тек Гејлада, припомнете си што се случи со неа
Продолжува да извезува. Не знам коj те излажа...но како држава членка на ЕУ, таа мора да предостави своjaта мрежа за да можат државите членки да транспортират струja, например - Романиja продава на Турциja преку Бугариja.
http://tso.bg/default.aspx/realizirani-mezhdusistemni-fizicheski/bg
 
Последно уредено:
Повекето са митови и нема да го видите во ЕУ.
Например jajцата не се продават на килограм...[DOUBLEPOST=1399661512][/DOUBLEPOST]
Продолжува да извезува. Не знам коj те излажа...но како држава членка на ЕУ, таа мора да предостави своjaта мрежа за да можат државите членки да транспортират струja, например - Романиja продава на Турциja преку Бугариja.
ај биди искрен и кажи кои беа „уцените„ за влез во ЕУ
што стана со вашата нуклеарна електрана ?
уште поинтересно е кому моравте да ги продадете водоводната и канализационата мрежа?- на кој- на французите????
кому ги дадовте рудниците за бакар? - на белгијците
електромрежите на кого?- на германци, австријци и чеси?[DOUBLEPOST=1399662892][/DOUBLEPOST]
Да де, на бугарите им е лошо, на словенците исто така, за хрватите да не правиме муабет. Битно на македонците им е се како што треба па најдоа сега да се ситат на туѓа несреќа. Нечини ЕУ, ЕУ е крива за се, па уште некој што живее во Македонија да каже за ЕУ дека се диктатори :facepalm: мајко мила.
ти изгледа не си ја сфатил поентата.Многу површно гледаш - штом си го напишал ова погоре
 
Последно уредено:
Овоа со контејнерите треба и кај нас да се воведе да се знае кое за што е.Да има одредено за стакло,хартија,пластика и друго.И за еко светлина кај нас има такви ламби за во соба ама ретко кој користи.

Ма ова и кај нас да се воведе џабе. Шетам пред некој ден во парк во Струмица, гледам пред мене знак "Ве молиме соберете по вашето милениче", 10 метри подоле човек вршеше нужда во едни грмушки. Ај сега најди НЗС жити се.

Мислам и дека имаше посебни контејнери едно време, нека ме поправи некој ако грешам.
 
ај биди искрен и кажи кои беа „уцените„ за влез во ЕУ
што стана со вашата нуклеарна електрана ?
уште поинтересно е кому моравте да ги продадете водоводната и канализационата мрежа?- на кој- на французите????
кому ги дадовте рудниците за бакар? - на белгијците
електромрежите на кого?- на германци, австријци и чеси?[DOUBLEPOST=1399662892][/DOUBLEPOST]
ти изгледа не си ја сфатил поентата.Многу површно гледаш - штом си го напишал ова погоре
ЕУ има добра замисла без граници значи обединување,погоре наведените правила може некој онака безвезе си ги ставил на нет за да му го отвараат сајтот,а и доколку постојат се само на хартија.
И кај нас има глупи закони ако е за тоа ЗАКОН ЗА ПУШЕЊЕ,ЗАКОН ЗА ЕБЕЊЕ ,ЗАКОН ЗА ПИЕЊЕ АМА РЕТКО КОЈ ГИ ПОЧИТУВА
Плус на мала држава со намален прираст на населението,мултиетничко општество ЕУ му доага како лек на рана не живејте во фантазии дека можеме сами ние сме една улица од Лондон,а да не збориме дека вардарска .пиринска и егејска ке бидат пак во едно :)
 
@demjan lacky

Закон за пушење глуп?

Оф :
Глуп само за пушачите пошто немаа осет до вчера и немавме избор освен да се гушиме заедно со нив. Дури и да се најде некој малку културен пушач да праша дали може да пуши од култура ќе му кажеш „ако бе пуши нема проблем“, а сега и они претпоставувам сфатија дека во затворени простории да се пуши е дупло поштетно.

Он:
Инаку претпоставувам во ЕУ како и секаде има „глупи“ закони. И во УСА ги има и кај нас ги има е сега каде повеќе каде помалку тоа не знам.
 
Овоа со контејнерите треба и кај нас да се воведе да се знае кое за што е.Да има одредено за стакло,хартија,пластика и друго.И за еко светлина кај нас има такви ламби за во соба ама ретко кој користи.
па има такви контејнери кај нас...
 
Back
На врв Bottom