незадоволството од ЕУ е големо, признал ти ил не , и не само кај вас, тука се гејлада, италија, естонија, романија...и да не набројувам , а сите тие се далеку поголеми и помоќни од МКД, па можам да претпоставам дека луѓето, доколку МК би влегла во унијата би се разочарале уште на сам старт. би биле соголени до кожа иако и сега не им е баш којзнае како, но подобро нема да им биде-гарант.
Романија друже, беше една и единствена по производство на камена сол во Европа, но што и’ се случи??? Брисел ја примори да се откаже од таквото производство и денес таа нема сол за себе , а не пак за извоз- ама затоа пак МОРА да увезува.
Истото и ’ се случи на Латвија- таа при сам влез во ЕУ мораше да ги затвори сите свои фабрики за шеќер кои во целост го покриваа внатрешниот пазар . Шеќер порано произведуваа дури 23 држави од ЕУ- Португалија, Латвија, Словенија, БГ, ....но мораа, беа принудени да ги затворат - на тој начин ЕУ ја ништи конкуренцијата . Сигурно познато ти е дека цели 5 години Латвија се „бори„ пробува да го врати ова производство макар на само една ф-ка , но од Брисел добива одговор дека таквата можност е исклучена.
Што од ова се доби на крај- јас би рекол една тажна слика каде ЕУ ги убива местните производители . А, што на тоа fmi велат вашите хумани европски закони????
дека :според нивните правила -они смеат да ги поддржуваат -потпомагаат претпријатијата само во 3 случаи - и тоа во иновациски програми, програми за заштита на природата и.....затворени претпријатија односно затворено производство, ликвидација на земјоделството, сточарството, шумарството и разграбување на сите природни ресурси од страна на странски компании .
Затоа реков дека МКД има можност да се учи на туѓи грешки , зошто еден непромислен потег и.....може да се најде во тој сојуз, таа ЕУ, која новите членки ги претвора во свој пазар за својата продукција и услуги. А, во замена на тоа им предлага должничко ропство преку достапните кредити преку крупните западни банки и неограничена миграција на работната сила.