Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
E видиш, батерии не прават. Изработуваат се останато од електроника, ама батерии не. И со право, батеријата е хемија.
Колку што можам да видам, на останатите електрични моторцикли користат обични акумулатори со добра припрема која не дозволува акумулаторите да се “исцедат“ до 0. Максимален напон што дава акумулатор кога е нов е некој 13 волти, додека за да се задржи во добра состојба не смее да се изпразни под 10 волти, во спротивно има ризик од цркнување (народски кажано).
ти сакаш тежината да биде поставена централно на трите тркала т.е. масата на возачот да биде поделена еднакво на сите три тркала? ако е така ке треба за нијанса да биде по назад затоа што вака се дели на еднаква поделеност помегу предниот и задниот дел. од друга страна тежиштето е позади ако го распределиш на сите 3 да биде исто, па ке мора своевидно да биде малку ОТЕЖНАТО од напред за да се добие баланс, инаку лесно ке се исправа на задните тркала... можда и целиот овој муабет на празно го пишав, бидејки не ја сватив убаво скицата...
истиот проблем е со кинеските моторчиња... доколку се претера со ставање или повлекување нананзад на седиштето, со многу мала сила се исправа на задно тркало, т.е. малку по нагло тргање и ке се крене... затоа и ги отежнуваат од напред или седиштето иде понапред... мегутоа, дури сега се сетив дека ти имаше проект со поставување на две предни тркала а не две задни... во таа ситуација пак треба седиштето да ти иде поназад, према задното тркало, бидејки на нагло кочење лесно може да се крене на предните тркала.. од тој аспект дискутирам и размислувам само... како совет... не сум некој инжињер, ама бааги мотори сменив во животов и пробав нај различни...
Супер замисла, ама електромотор на волку лесна конструкција не знам колку ти е исплатливо. Токму како што кажа ти. Ќе имаш ОГРОМНО оптеретување на предните тркала кои ти служат за управување плус имаат мали димензии за распределба на тежината. ОК еве и да функционира, што најверојатно ќе функционира, не гледам причина зошто да не, сепак пореално е да размислуваш за 50ccm3 машина бензинец отколку електромотор во ваква изведба. Моторот да ти е назад, напред мало резервоарче. Место ќе имаш и за багажник. Мала потрошувачка на гориво од колку 2-3 литри на 100км.
Ќе ти дадам најсоодветен пример.
Јас живеам во стан. Немам начин како да спуштам кабел од станот (на 7 спрат) до долу каде што ќе ми биде паркирано чудово. Тоа ќе ме одбие од идеата да го купам. Нема практичност.
Кога би имал варијанта и на бензин, (значи не велам да се откажуваш од струјата како идеа) ќе можам реално да размислам да го купам.
Ќе имам парно, ќе има 3 тркала. Заштитен од ветар, студ, дожд а ќе троши многу малку бензин.
Дури ќе одам на уште поатрактивна и зелена идеја. Најди добар мотор од 50 кубика ли, или 125, 150...со водено ладење и стави LPG.
Green power
Напред боца во форма на резервно тркало. Место за багажен простор, најекономино возење (100 денари - 100км) еве ти БУМ на пазарот.
Цена 1000 еур на рати. Јас со две раце ќе потпишам и ќе го купам. Со ваков дизајн, заштитен од „елементите“. Што сакаш повеќе?
Цената од ракав ја истурив. Груба проценка, ама не е нереална.
Супер е идеата на Џиш, ама сигурно нема да го направат твоето дело достапно за целата јавност (од ценовна гледна точка)!
Ти кажувам, еве тргни од скопскиот пазар. Колку од домаќинствата можат да си дозволат електрично возило кое нема да го собере во лифт и ходник? 90% од населението живее во стан.
Јас сепак викам дека 125-150 кубика возило со водено ладење + додатна опција со доплата за LPG е сууууупер варијанта за Скопје или за градско возило.
Ги имаш готови компонентите, имаш практичност, имаш економичност имаш одлична основа за реализација.
Со тоа што возилото би било заштитено од надворшеноста потполно имаш заштита од студ, дожд, кал, снег, мраз итн, што го прави идеално од практична гледна точка.
Македончето е практично чоече. Ако тоа е помешано со ниска цена и добар начин на плаќање ќе оди како алва!
2) Како ќе се одвива полнењето? Ќе им речеш „го штекаш на домашната мрежа и чекаш 8 саати да се наполни“. Супер! Ама тие што немаат такви услови? Каде ќе полнат тие? Јас ете немам. И да ми го понудиш за 500 евра јас немам каде да го полнам и паѓа во вода.