Проект: Velomobile

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
И немој да заборавиш амортизација многу голем удел во стабилноста и за нашиве патишта би било невозможно без амортизери да се вози :salut:

eve eden mnogu jak izum
 
E видиш, батерии не прават. Изработуваат се останато од електроника, ама батерии не. И со право, батеријата е хемија.

Колку што можам да видам, на останатите електрични моторцикли користат обични акумулатори со добра припрема која не дозволува акумулаторите да се “исцедат“ до 0. Максимален напон што дава акумулатор кога е нов е некој 13 волти, додека за да се задржи во добра состојба не смее да се изпразни под 10 волти, во спротивно има ризик од цркнување (народски кажано).

Добро тоа е најверојатно некаков вид на алтернатор, што го пуни акумулаторот при вожња. Е сега гледам дека фирмава произведува некакви chargers. Најверојатно тие се деловите кои ги полнат батериите, т.е го успоруваат нивното празнење.

Volkswagen фала што ме потсети на хрватот, ова го имав гледано но го заборавив, сега кога го видов се присетив. Бајаги простор ке треба да се обезбеди за тие батерии, а и ке се зголеми масата на возилото.
B_O_K_I доколку пробам да го направам овој систем како на клипот, ке треба крилата во голема мера да ги променам заради просторот на тркалото кога треба да налегне или да заврти лево десно. Исто така ке треба крилата да ги одвојам од оклопот бидејки оклопот ке налегнува паралелно со предните две тркала. Секако јас би сакал ов да е несекојдневно возило кое ке се разликува од другите и затоа ми се допаѓа твојот предлог. Ке видам што ке можам да направам околу тоа. Се надевам дека добро ти објаснив на што мислам.

Еве како мислам да го решам проблемот со позиционирањето на седиштето.
Ова е направено на брзина во paint така да може некое растојание не е прецизно нацртано, но битно ми е да го разберете решението и да прокоментирате во врска со ова.
Средишна точка.jpg
 
ти сакаш тежината да биде поставена централно на трите тркала т.е. масата на возачот да биде поделена еднакво на сите три тркала? ако е така ке треба за нијанса да биде по назад затоа што вака се дели на еднаква поделеност помегу предниот и задниот дел. од друга страна тежиштето е позади ако го распределиш на сите 3 да биде исто, па ке мора своевидно да биде малку ОТЕЖНАТО од напред за да се добие баланс, инаку лесно ке се исправа на задните тркала... можда и целиот овој муабет на празно го пишав, бидејки не ја сватив убаво скицата...
 
Не те разбирам, назад има едно тркало напред две. Скицата која ја направив е со поглед на поставеноста на тркалата од горе-надолу. Секоја од точките во кои се спојува триаголникот(со дебела црна линија) се сместени тркалата.
Еве означив каде се тркалата.
Средишна точка.jpg
 
истиот проблем е со кинеските моторчиња... доколку се претера со ставање или повлекување нананзад на седиштето, со многу мала сила се исправа на задно тркало, т.е. малку по нагло тргање и ке се крене... затоа и ги отежнуваат од напред или седиштето иде понапред... мегутоа, дури сега се сетив дека ти имаше проект со поставување на две предни тркала а не две задни... во таа ситуација пак треба седиштето да ти иде поназад, према задното тркало, бидејки на нагло кочење лесно може да се крене на предните тркала.. од тој аспект дискутирам и размислувам само... како совет... не сум некој инжињер, ама бааги мотори сменив во животов и пробав нај различни...
 
Сега теразбирам на што сакаш да ми укажеш.
На ова возило планирано е да се вметне моторкој ке биде во задниот дел и ке биде поврзан со задното тркало односно погонот ке биде на задното тркало. Тој мотор најверојатно ке биде придвижуван на струја, таа комбинација е во план.
Поентата ми е дека доколку се решам на вметнување на електричен мотор тогаш ке ми требаат батерии. Тие батерии зафакјаат простор но и се доста тешки, Само моторот е околу 30 кила тежок а батериите сигурно ке бидат дупло потешки од моторот. Тоа значи дека на две места носечката конструкција ке биде оптоварена со поголема маса.
1. Возачот
2. Моторот заедно со батериите
Тоа додатно не му дозволува на возилото да се крева, а и моторот не е толку моќен како на пример кај R1 да има над 150 коња па да подлежи на такви отпори, ако нагло пуштиш кумплунг и додадеш гас.
Го додадов и просторот во кој би требало да бидат сместени батериите.
Средишна точка.jpg

Кај кинеските моторчиња скоро сите потешки делови се во задната половина од конструкцијата и тежината е концентрирана во задниот дел и бидејки има заден погон лесно може да се одлепи од земја,уште полесно може да се одлепи со двајца поради тоа што нели секогаш кај што има акција има и реакција. Во овој случај акцијата е придвижување нанапред а реакцијата е отпорот наназад. Бидејки станува збор за кружно движење секогаш отпорот т.е реакцијата ке се движи во спротивна насока од кружното движење на тркалото.
Отпори кај кине&#1.jpg

Но во мојт случај масите не се така поставени за да даваат обратен вртежен момент. Масите се поставени пониско и понапред помеѓгу двете оски.
Поздрав.
 
Супер замисла, ама електромотор на волку лесна конструкција не знам колку ти е исплатливо. Токму како што кажа ти. Ќе имаш ОГРОМНО оптеретување на предните тркала кои ти служат за управување плус имаат мали димензии за распределба на тежината. ОК еве и да функционира, што најверојатно ќе функционира, не гледам причина зошто да не, сепак пореално е да размислуваш за 50ccm3 машина бензинец отколку електромотор во ваква изведба. Моторот да ти е назад, напред мало резервоарче. Место ќе имаш и за багажник. Мала потрошувачка на гориво од колку 2-3 литри на 100км.

Ќе ти дадам најсоодветен пример.

Јас живеам во стан. Немам начин како да спуштам кабел од станот (на 7 спрат) до долу каде што ќе ми биде паркирано чудово. Тоа ќе ме одбие од идеата да го купам. Нема практичност.
Кога би имал варијанта и на бензин, (значи не велам да се откажуваш од струјата како идеа) ќе можам реално да размислам да го купам.
Ќе имам парно, ќе има 3 тркала. Заштитен од ветар, студ, дожд а ќе троши многу малку бензин.
Дури ќе одам на уште поатрактивна и зелена идеја. Најди добар мотор од 50 кубика ли, или 125, 150...со водено ладење и стави LPG.
Green power :)
Напред боца во форма на резервно тркало. Место за багажен простор, најекономино возење (100 денари - 100км) еве ти БУМ на пазарот.
Цена 1000 еур на рати. Јас со две раце ќе потпишам и ќе го купам. Со ваков дизајн, заштитен од „елементите“. Што сакаш повеќе?

Цената од ракав ја истурив. Груба проценка, ама не е нереална.
 
Уште да направев и простор за некое кукленце да може да влезе па ако некогаш на брзака ви се присака, ке тркнете до водно, немаш голем трошок, ќе бувниме добар амортизер и љуљај бабе.
Шала на страна, 50 кубика мислам дека е малку, малку. Барем да има некој 150 кубика со 10-ина морски коњчиња, овие 50киве се со по 5-6 коња.
Сепак мислам дека сега е тренди електричниот мотор, тој е на прво место. Но едно е пратење модни трендови друго е реално конструирање. Идејата секогаш треба да е ускладена со реалноста а искрено немам никакво искуство во склопување на елементите потребни за еден електричен погон да функционира, додека со бензинциве си е класика ама ова другово е предизвик, кој што мене секогаш повеке ме влече од класиката.
На Dzish предлогот за електричните мотори што се вградуваат наместо фелна, ептен ме бендиса.
Како и да е од професорите сигурно ке добијам квалитетни предлози, поддржани со по некое равенче, онака колку од старт да те утепа. Се шалам.
 
Супер е идеата на Џиш, ама сигурно нема да го направат твоето дело достапно за целата јавност (од ценовна гледна точка)!

Ти кажувам, еве тргни од скопскиот пазар. Колку од домаќинствата можат да си дозволат електрично возило кое нема да го собере во лифт и ходник? 90% од населението живее во стан.

Јас сепак викам дека 125-150 кубика возило со водено ладење + додатна опција со доплата за LPG е сууууупер варијанта за Скопје или за градско возило.

Ги имаш готови компонентите, имаш практичност, имаш економичност имаш одлична основа за реализација.

Со тоа што возилото би било заштитено од надворшеноста потполно имаш заштита од студ, дожд, кал, снег, мраз итн, што го прави идеално од практична гледна точка.

Македончето е практично чоече. Ако тоа е помешано со ниска цена и добар начин на плаќање ќе оди како алва!
 
Реално кога би ги согледал работите, и твоето држи вода. Јас уште во мојот прв пост наведов дека планирам да му вметнам 150цц бензинец меѓутоа од самиот почеток до сега не сум одлучил конечно што би било подобро, т.е попривлечно за наш пазар.
Дали луѓето сакаат современа технологија и поголема економичност, чиста околина,мала бучава а со тоа и повисока цена или веке постоечка технологија која е економична но не како современата, создава бучава, загадува околина, а мислам дека е и порасиплива од современата, но сепак е доста поефтина варијанта.
Но ако се вградат и двете опции, тогаш би било па уште поскапо но би било покомплетно во однос на барањата на купувачите.
Јас кога ке го презентирам проектот на произведувачот ке му ги соопштам и двете опции, нивните предности и мани, па ке видам што тој има да предложи.
Ке направам и една амализа со помош на методот "црна кутија", па ке ги пратам резултатите најверојатно утре, ако стигнам.
Позз.
 
1) Интерес ќе побудиш кај оние т.н. практични луѓе и кои ја следат новата технологија. Доколку им понудиш електрично возило тие прво што ќе размислат е колку километри ќе поминат со едно полнење и второ колку пари ќе ги кошта за да го наполнат да ги поминат тие километри. Да не зборувам за тоа колку време ќе траат акумулаторите и која е поединечната цена на секој акумулатор. Најефтиниот акумулатор е само 2500 денари. 4 акумулатори да имаш и тие да цркнат се 10 000 денари, што е можеби цел нов кинески бензински мотор или пола :)

2) Како ќе се одвива полнењето? Ќе им речеш „го штекаш на домашната мрежа и чекаш 8 саати да се наполни“. Супер! Ама тие што немаат такви услови? Каде ќе полнат тие? Јас ете немам. И да ми го понудиш за 500 евра јас немам каде да го полнам и паѓа во вода.

Доколку ми дадеш 3 варијанти ќе имам да избирам за мои потреби:

- Бензински мотор
- Бензински + LPG
- Електричен погон

И воала ќе си се најдам себе си во една од трите групи.

Да правиш хибрид, можеби ќе успееш но не ми се верува дека тоа е можно, но и да е биде, ќе биде енормно скапо.
 
2) Како ќе се одвива полнењето? Ќе им речеш „го штекаш на домашната мрежа и чекаш 8 саати да се наполни“. Супер! Ама тие што немаат такви услови? Каде ќе полнат тие? Јас ете немам. И да ми го понудиш за 500 евра јас немам каде да го полнам и паѓа во вода.

Читав некаде за тоа полнењето на електричните автомобили. Наводно за полнење му требало од 12-15 минути. :)
 
Verzijava so LPG mnogu mi se dopagja :) odlicno eko autce so mala(ova relativno e za sekoj) potrosuvacka. bombonce za niz grad
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom