Продавачки, што ве нервира?

  • Креатор на темата Креатор на темата KiLian
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имав една нездрава случка со нездрава продавачка лани. Влегов во 10 бутици и не можев на мира да разгледам што ми треба заради продавачките, ми се буткаат ми нудат работи што не ми требат и не ми се допагат. И веке изнервирана излегувам од еден бутик и одам накај следен и си велам овој ке биде последен за денеска :mad:. И уште не бев влезела во бутикот одма двете продавачки " што ке треба за вас, за што сте дојдени, имаме нова роба донесено вчера" :facepalm:. Јас дури на момент се исплашив бидејки одеднаш двете накај мене! И јас само одговорив "сакам само да разгледам што имате. Може ли??" И они со кисели фаци се погледнаа некако демек грубо изреагирав викат ок. Разгледав што имат и фрлив око на еден фустан од излогот и им велам дали ке можат да ми го покажат. И едната како пушка одма " епа нели ние те прашавме ШО сакаш и ШО ти треба ние затоа сме тука а не да кажуваш оти сакаш само да разгледуваш" :tapp: Јас останав со подзината уста и ми дојде нервоза од петите до главата и и викам " не ми треба ништо, барем не од тука " и си излегов и си отидов дома изнервирана и ништо не си купив. Од овој случај никогаш повеке не влегов во таа продавница ниту пак ке влезам некојпат, овој пример го кажувам кај ке стигнам за двете искомплексирани продавачки и бутикот во кој работат што немат појма што е пред се лична култура а после услуга на муштерија. :гомце:
 
4826604_460s_v1.jpg
 
Во државната лебарница Жито-Прилеп...

Се однесуваат како тие да се газдарици,арогантно се однесуваат....
Веќе неколку дена на сабајле одам и се знае од општа култура...
-Добар ден
Чекам 10-15 секунди, си прави муабет со колешката...
--Таа ---- Шо сакаш?
---Еден леб бел.
Ми враќа кусурот
---Догледање
-Таа -- ништо не ми вика...



Ептен некултурно се однесуваат,дали не се задоволни од работата,дали си се чувствуваат како сопственици на лебарницата.. не знам... :facepalm:
 
затоа ич не ми се оди по продавници.
поарно истепај ме.
најглупаво ми е кога ќе ми идат по мене. едноставно се чувствувам како крадец, како секој момент да очекуваат дека ќе дрпнам нешто. и искрено ми е страв да фатам нешто.
и само како џмур те гледа, ти фучи, како едвај да чека да заминеш и никогаш да не те види.
ја сфаќам дека е за платите ама што сме ние обичен народ криви за ниските плати жити се :cautious:
 
Одете на студентски прашања на кој било државен факултет и после жалете се на продавачките.
Пола саат чекав една шалтеруша додека си пробуваше маици од една циганка, и не да не ми кажа „Добар ден“ или да се извини туку ќе ме натепаше што ја пракинав у дејството:confused:.
Ако така реагираат оние што само 2 часа дневно работат со странки кои имаат конкретни прашања и барања, имаат сигурна плата,осигурани се по сите основи, ГИ ПЛАЌАМЕ СИТЕ НИЕ, не мора да се убави ниту слаби за да го задржат работното место, тогаш е не очекувајте една продавачка која нема ништо од наведново да ви ги бакнува нозете и да биде љубезна и кога вие не сте.
 
Кога не е комуникативна и само вика тоа е се ? тоа е се ?
Не сакам уште да те напупам.
 
И кај нас такви се продавачките али после некое време ќе се навикнеш и нема да очекуваш да те облијат со насмевка, сеедно ми е дали некоја X особа ми рекла добар ден/здраво или не :D
 
Единствена продавачка што ја хејтам е таа кај петшопот кај мене у маало. Си одам еден ден така и и викам може ли храна за хрчакот, она ми вика имаш ваква таква онаква рефус вамте тамте, нема везе одбрав каква да земам, ме прашува типката а витамини сакаш за малиот? Ја дека немав кеш во мене доволно (дека плус скапи се многу) и викам не мора и она таква многу скромно бе дечко за хрчаков (саркастично ми го кажа ова). После втора дешавка со истава типка и идам после 1 недела да купам пилевина, и ми текна освен пилевина да видам што витамини се тоа уствари за хрчаци, ја прашувам има ли витамини а она ко муле ме гледа и ми вика какви витамини за хрчаци бе дечко? Прв пат слушам?

Свашта бе.

Ама си имам и најомилена продавачка, исто кај мене во населба во тобако едно. Тетка Сузе се вика и многу е срце жената, дека обично цигари си купувам она веќе ме научила и пред да влезам ми ја спрема кутијата роџо :D плус фина си е жената си знае муабет да направи, ведра си е многу и комуникативна.
 
мене ме нервираат продавачките во мега ...кога ке ми каже а уште нешто божем ја ментално заостанат сум незнам што се ми треба :)
 
Tие што се ружни ме нервираат поготово кога треба да чекам многу:notworthy:
 
Кога треба облека да идам да купувам - смрт ми е (мрзам идење од продавница во продавница и пробување по гардероби)...Со исклучок на Белград само кога идам, затоа што таму освен што има далеку подобар избор на облека него овде, туку има и далеку пољубезни и покултурни продавачки и продавачи и поатрактивни бутици со пристапна цена. Можеби не во цел Белград, ама во оној дел во кој јас идам е така...(А, и таму ми е најдобрата другарка што ми е ако сестра па каде и да идам со неа ми е најубаво)...
Бидејќи не секогаш кога ќе ми треба нешто имам можност да идам таму, морам тука да се шетам по скопјево...Љубезни продавачки се наоѓаат ретко...Зошто...? Со оглед на платите што им се даваат и односот на новопечените газди и газдарици кон нив и тука ако се земе фактот каква ни е ситуацијата во државата, до некаде ќе прогледаш низ прсти на нељубезноста нивна, ама тоа не е никакво оправдување...Голем удел има и домашното воспитување тука и самиот карактер на вработениот...Или мисли ако ја запослиле во некоја "брендирана" продавница го фатила господ за таквото и ако влезат некои поскромни луѓе, недотерани или посиромашни одма напреку ги гледаат, едвај чекаат да ги избркаат од продавницата...Тоа се за мене обични сељанки и дрољи од улица собрани сите...Кога работиш со луѓе треба да имаш одредени кодекси на понашање, па дури и преку глава да ти е од све во моментот...Комплексите, фрустрациите, дрскоста и меланхолијата ќе си ги оставиш дома...
Чест на исклучоците кај нас...А, ги има и тоа доста...
 
зависи каде, ако е на пример во некој бутик продавница за алишта или таква работа, ме нервира фактот дека мора да ти иди потебе и да ти ги трие мадлаците цело време.....од типот на јас пробвам кошула, таа едвај ме закопчува, таја ми кажува: леле како ти стои, пасент, супер, преубо :facepalm: a во супер маркетиве како тедико тинекс и слично....ги мрзи што живеат а не да ти зборнат, ни здраво ни чао ни ништо.
 
Ме нервира кога топ манекенка со професија продавачка во бутик кога не иди по мене и да ми досадва, го обожавам досадвањето од убавица, црна нашминкана тело гром...уффф трошам азно :D :drk:
 
Ме нервира кога топ манекенка со професија продавачка во бутик кога не иди по мене и да ми досадва, го обожавам досадвањето од убавица, црна нашминкана тело гром...уффф трошам азно :D :drk:
кој како братче, а и зависи, не се сите баш топ ;)
 
Ме нервира кога ќе ме прашаат дали ми треба кеса.Е не,под мишка ќе носам цел багаж од купени работи,ебаго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom