Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Еј ова мене ми се десиМоментот кога позајмената видео касета од видео клуб се скина... како ке ја вратиме?Прегледај го приврзокот 88921
видеото ми ја изеде касетата, и требаше 1000ден демек да се плати, јас копиљ бев од кај пари и ја отворив касетава со селотејп ја залепив на една турбина, и после два саати мотав на рака за да биде здравиот крај прв и ја вратив, нит филм изгледав ни ништо....


Или па идеше до градинката што ти е во населба да играш фудбал и редовно имаше чувар. Памтам двајца имаше кај нас, едниот го подмитувавме со благо или сок, а тој другиот не бркаше. Собрани деца за фудбал да играме, али намерно го нервираме да не брка, и на нас и на него интересно.Не дека сум нешто ептен стар па да "продавам бардиња", ама сепак треба да се напомене околу играњето фудбал порано. Барем во мојата населба бевме поделени на групи. Се договаравме да играме фудбал против друга група, се договараме на која улица да играме (доколку е зафатен училишниот двор, бидејќи поголеми момци играат), местиме камења, бараме топка и пумпа за да ја помпаме на секој 10тина минути затоа што имаше неколку дупки.
Кој со патичиња, кој со сандалки или влечки битно имаше дерби мечеви.
Сега барем има по 1 теренче во секоја населба, фул опремено со вештачка трева, голови, мрежи, обележано и ограда за да не бега топката. Деца нема толку многу, или некако му се мекушлаи за разлика од порано.
Ние знаевме и боси да играме, а сега се трошат до 3-4 илјади за патики, во мое време да имаше толку скапи пари ќе си правевме филмови како само патиките играат.
Feel the difference.







Кога ќе засвиреше на час 

@Crazy in Love пиво имаш од мене
прајслес....

И од еден натпревар не го кажуваа резултатот, затоа што даваа снимка покасноКога даваа ЛШ на МТВ и вторник и среда а немавме ни интернет ни телевизор со телетекст па мораше да ги чекаме вестите на МТВ од 23:00 за да ги дознаеме резултатите од другите натпревари.![]()




И за крај.... Трајчеееее Трајчеееее...здраво тетка Мара ќе може Трајче да излезе надвор да играме![]()
Едвај чекавме пролет-лето да ги обериме сите дрва во околината.Прегледај го приврзокот 88934