- Купуваш цд со игра, која на каверот има слика од некоја мајкоебачка кола. Палиш дома, добиваш игра во пола димензија.
Еј ќути, колку се имам со ова нервирано и пцуено по тие уличните продавачи. Или поклон ќе добиеш од некого игра, испечатено некоја wow слика на каверот, а кога ќе го отвориш цедето нема .exe фајл или некој .dll фали... битно не се пушта. Или пак ко што викаш, врска нема со очекувањата
Најмногу фрустрации што ми има стварано со нинтендото, тоа адаптерот ептен лабаво некогаш стоеше во штекерот и требаше малце невнимание да изгуби контакт. И си потрошил бајаги време во играта, си стасал до пичкусиматер некаде и без да пазиш си го поттурнал адаптерот и отишло се’ у курац. Ааајде одново исфрустриран целиот преигрувај. Колкупати се случувало и струја да снема среде играње.
Или кога собираш некои сликички, албум. И си го налепил скоро цел, уште едно-две-три ти фалат и никако да ти се паднат пустите. Од сите имаш по пет дупликати, а овие никој во маало ги нема. Џвакаш мастики, по пет в’уста наеднаш со надеж оти ќе ти падни, то вилици израсипавме од тогаш.... Па ако се разбери оти некого во маало му се паднало некое од тие ретките, е тогаш беше ти се чини Wall Street, берза... трампи, чуда.
И уште една работа што ја правевме ко деца ---> правење летала (kites на англиски

).
И која фрустрација, си поминал пола ден да го направиш и на крај нема ветер, ливче не се помрднува цела недела.
