Иако црнобелите телевизори ни оддалеку не беа обележје на генерацијата во која се вбројувам, сепак овде-онде, како дете, налетував на телевизори со црно-бели екрани. Главно кај постари роднини или пријатели на моите родители и сл. Ги чуваа и користеа од различни причини (не само поради немаштија) - најчесто од навика и, за чудо, поради недостаток на преголема желба за гледање на тие два-три понудени тв канали. Кутија изработена од дрвен материјал, југословенско, понекогаш италијанско производство, а поретко и од други држави. На сликата е еден карактеристичен примерок. Гледањето телевизија на вакви екрани беше доживување, единствено поради тоа што не мораш да зјапаш во него цел ден. А, паметам дека пребарувањето канали или нешто подобра слика (тоа подразбираше вртење и вртење на оние копчиња, нема далечинско, освен пепелник) ја убиваше и онаа мала желба за гледање.
И стари, огромни радиоприемници кои и денес ги гледам и кои се' уште функционираат, иако радио ретко кој слуша денес.