Парехо имаше само 20 години кога Реал го продаде, добил неколку минути во сезоната кога Шустер им беше тренер па после кога Хуанде Рамос беше во Реал, веројатно истата сезона е кога и Ливерпул ги напуни. После таа сезона Реал направи чистка (Парехо беше дел од чистката), ги донесоа Роналдо, Кака итн. Пред да го продадат, памтам на припреми на една пријателска Парехо дал гол од слободен за Реал и Касиљас изјави дека е иднината на Реал Мадрид

Во Хетафе имаше добри партии ама не доволно добри за да игра у Реал, а и немаше место за него таму, па Валенсија го купи.
Во Валенсија не играше ништо првата сезона ипол, никој немаше зивци со него веќе, се чекаше да заврши сезоната и да го шитнат, веројатно ќе се вратеше во Хетафе. Ама на полусезона Пелегрино доби отказ и Валверде дојде во Валенсија, буквално Валверде го научи како да игра фудбал, после месец дена откако дојде Валверде имаше статистика дека Парехо му е омилен играч и до крај на сите утакмици играше по 90 минути (и тоа во време кога и Тино Коста и Банега уште играа во Валенсија). Валверде знаеше и на крило да го стави и ко задњи везни ама тогаш Парехо научи да игра фудбал, реално.

од клубот го исфорсираа дека е лидер(?), можда дека многу мафташе со раце и кога топката не е кај него, а и пред се дека е Шпанец. Има свој специфичен лежерено-ризичен стил на игра, буквално се игра со оган зошто сака да ги надмудрува противниците, ретко прави нормални потези што сите ги очекуваат, пример ако има некој играч отворено и сите очекуваат на него да му ја даде (веројатно и соиграчите и тие што гледаат пренос) и тоа да е воедно најлогичното решение, он (ко за инат) ќе направи нешто трето. Знае да губи топки безвезе, можда оваа сезона Валенсија поради неговите изгубени топки не прими многу голови и битни и небитни па да го критикуваат, ама многу жути се насобрани од тоа што Парехо губи топка во ризичен дел.
Парехо според мене спаѓа во некоја категорија генијалци

, како и секој генијалец пун е со луди идеи и знае да напраи глупост. Излегуваат информации дека може нема да потпише нов договор, дури некогаш и ја сакам да го продадат т.е. ме интересира како би изгледала Валенсија со пример Мутињо или Адриен Силва. Хмм, мада Парехо според мене е тип на играч што како старее он е се подобар и подобар.