Primera División 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување

Млад играч со најголем напредок во досегашниот тек од сезоната:

  • Кастиљехо

    Гласови: 8 21,1%
  • Вието

    Гласови: 26 68,4%
  • Криховјак

    Гласови: 9 23,7%
  • Гаја

    Гласови: 10 26,3%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Играше Парехо за Реал од таму замина во Гетафе , е сега кога не се наметна во 2006 сега тешко дека ќе може да игра во Реал.

Знам дека Парехо е дете на Реал Мадрид но реално далеку е од тој квалитет за да игра во Реал Мадрид иако е добар играч,плус е многу напреднат од претходните години
 
Парехо имаше само 20 години кога Реал го продаде, добил неколку минути во сезоната кога Шустер им беше тренер па после кога Хуанде Рамос беше во Реал, веројатно истата сезона е кога и Ливерпул ги напуни. После таа сезона Реал направи чистка (Парехо беше дел од чистката), ги донесоа Роналдо, Кака итн. Пред да го продадат, памтам на припреми на една пријателска Парехо дал гол од слободен за Реал и Касиљас изјави дека е иднината на Реал Мадрид :D
Во Хетафе имаше добри партии ама не доволно добри за да игра у Реал, а и немаше место за него таму, па Валенсија го купи.
Во Валенсија не играше ништо првата сезона ипол, никој немаше зивци со него веќе, се чекаше да заврши сезоната и да го шитнат, веројатно ќе се вратеше во Хетафе. Ама на полусезона Пелегрино доби отказ и Валверде дојде во Валенсија, буквално Валверде го научи како да игра фудбал, после месец дена откако дојде Валверде имаше статистика дека Парехо му е омилен играч и до крај на сите утакмици играше по 90 минути (и тоа во време кога и Тино Коста и Банега уште играа во Валенсија). Валверде знаеше и на крило да го стави и ко задњи везни ама тогаш Парехо научи да игра фудбал, реално. :D
од клубот го исфорсираа дека е лидер(?), можда дека многу мафташе со раце и кога топката не е кај него, а и пред се дека е Шпанец. Има свој специфичен лежерено-ризичен стил на игра, буквално се игра со оган зошто сака да ги надмудрува противниците, ретко прави нормални потези што сите ги очекуваат, пример ако има некој играч отворено и сите очекуваат на него да му ја даде (веројатно и соиграчите и тие што гледаат пренос) и тоа да е воедно најлогичното решение, он (ко за инат) ќе направи нешто трето. Знае да губи топки безвезе, можда оваа сезона Валенсија поради неговите изгубени топки не прими многу голови и битни и небитни па да го критикуваат, ама многу жути се насобрани од тоа што Парехо губи топка во ризичен дел.
Парехо според мене спаѓа во некоја категорија генијалци :D, како и секој генијалец пун е со луди идеи и знае да напраи глупост. Излегуваат информации дека може нема да потпише нов договор, дури некогаш и ја сакам да го продадат т.е. ме интересира како би изгледала Валенсија со пример Мутињо или Адриен Силва. Хмм, мада Парехо според мене е тип на играч што како старее он е се подобар и подобар.
 
Зошто мислам дека потегот на Меси да му го препушти пеналот на Нејмар е смислено делo,баш поради реакцијата на Роналдо за голот на Арбелоа?
 
Зошто мислам дека потегот на Меси да му го препушти пеналот на Нејмар е смислено делo,баш поради реакцијата на Роналдо за голот на Арбелоа?
Целата финта беше тоа што Нејмар можеше и по секоја логика требаше да го даде 6тиот гол, на кој меси му ја зеде топката од нога и даде гол.
Потоа при пеналот, меси ја зеде топката , му приде Нејмар и убаво се гледа како му шепнува и го бара пеналот да го изведе.
Па меси со блага насмевка му го даде.
тоа на нашки би било, заем брашно :D


20 sek.
 
11202623_977192805626834_5520139877766639145_n.jpg

Реми кое ги оддалечува и двете екипи од местата кои водат во Европа.

11188428_977227842289997_6399498440757699333_n.jpg

Важна победа во гости за Гранада која сè уште има шанси за спас.

11183458_977283172284464_3054637576732456953_n.png

Победа за враќање на предноста од три бода пред Севиља. Рекордна 15 победа на Местаља.

11188329_977353205610794_8021557720833832572_n.jpg

Elche es de Primera! :)
 
Активни играчи со најмногу голови во клубовите:

Роналдо - 428
Цезар - 428
Меси - 416
Раул - 405
Ибра - 339

headnaldo ;)
 
Ајде еден мал квиз. Вака изгледале логоата кога клубовите биле создадени. Кој ќе погоди кои екипи се наоѓаат на сликата. Мал хинт, има една екипа од Сегунда. :)

V1i0cKe.png
 
Последно уредено:
3 - Реал
4 - Барса
8 - Бетмен :D
10 - Севиља

5 - Р. Бетис :unsure:
Севиља е 11ка 100%. :D

5ката јас мислам оти е Сарагоса - фактички тој иде тимот од Сегунда
8цата или 10ката е Валенсија, ама има В кај 10ката, така да да речеме 10 - Валенсија.
4 - Барса, ради каталонското и англиското знаме :D
За Реал може да е 3ката ради круната...ама би одел со 1 - Реал Мадрид, ради тоа FCM :D

E е сеа другите појма неам стварно.. Ме интересира дали се сите други од Примера. @MkDon ? :D

9ката би требало да е тимот на Мојс. :P
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom