Primera División 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување

Млад играч со најголем напредок во досегашниот тек од сезоната:

  • Кастиљехо

    Гласови: 8 21,1%
  • Вието

    Гласови: 26 68,4%
  • Криховјак

    Гласови: 9 23,7%
  • Гаја

    Гласови: 10 26,3%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Чист гол им поништија на Барса, па еве некој свој вид на правда на крај. Но реално ако се виде целокупен меч Валенсија не заслужи да изгуби. Целосно израмнет натпревар со шанси на двете страни, единствено што напаѓачите налукуваа на аматери во текот на целиот меч. Сепак ете со малце среќа на крај Барса доаѓа до трите поени и според мене ја вади Валенсија од трката за титула. Мислам дека е јасно дека за титулата пак ќе останат Барса, Реал и Атлетико. Валенсија сигурен сум дека ќе го земе четвртото место сезонава, а од наредната се надевам и очекувам на многу повеќе. Севиља, Виљареал, Селта од кои стававте табели демек ќе се мешале и тие ќе си се борат за Лига Европа. :)

За што ќе се мешале овие? За шампиони? :D
За Селта повеќе од ЛЕ никој не рекол.
Севиља се четврто место и многу е веројатно дека ќе се борат до самиот крај, а Виљареал полека се крева и ништо чудно да се замешаат за таа четврта позиција иако би ги ставил за чекор поназад од Севиља и Валенсија.
Сепак и јас мислам дека Валенсија ќе бидат четврти затоа што не играат во Европа и веројатно ќе се засилат дополнително на зима.
Горе-долу тие беа предвидувањата и пред почеток на сезона. :)
 
За што ќе се мешале овие? За шампиони? :D
За Селта повеќе од ЛЕ никој не рекол.
Севиља се четврто место и многу е веројатно дека ќе се борат до самиот крај, а Виљареал полека се крева и ништо чудно да се замешаат за таа четврта позиција иако би ги ставил за чекор поназад од Севиља и Валенсија.
Сепак и јас мислам дека Валенсија ќе бидат четврти затоа што не играат во Европа и веројатно ќе се засилат дополнително на зима.
Горе-долу тие беа предвидувањата и пред почеток на сезона. :)
Taбелите како било 3 поени разлика од прво до седмо место. :D
 
Taбелите како било 3 поени разлика од прво до седмо место. :D

Првата тројка е во топ 5 екипи во Европа, така што многу тешко е да се следи тоа темпо на долги стази.

Сепак и Севиља и Валенсија не изгубија многу бодови засега, солиден старт за двaта тима. :)
 
Во Шпанија на повидок е закон со кој ќе се спречи влезот на ултрас групите на стадионите (нешто што додуша веќе и го имаат направено одредени клубови).

B3wqFJDIMAEgxNy.jpg:large

Вчерашната трагедија во која животот го загуби навивач на Депортиво, доби и идолошки димензии поради фактот што Френте Атлети се ултра десничарска група, додека Риазор Блу се левичари.
Има повеќе верзии за инцидентот, но со оглед на тоа што сум фан на Депортиви и имам контакти со луѓе од Ла Коруња, точната верзија е дека Френте Атлети добро го испланирале нападот и ги нападнале неподготовените фанови на Депортиво.
Од Деортиво било пријавено дека Риазор Блу најверојатно успеале да купат карти преку свои луѓе од Мадрид и дека ќе бидат присутни на гостувањето, нешто што не било сфатено сериозно од полицијата во Мадрид.
Околу 200 луѓе од Ла Коруња заминале во Мадрид, а меѓу нив имало и 90-тина членови на Риазор блу. Пред мечот се сретнале со братските навивачки групи на Рајо Ваљекано и Алкоркон.
Пред стартот на мечот, група од добро вооружени членови на Френте Атлети прават изненаден напад во околите барови пред стадионот, при што повредени се десетина фанови на Депортиво кои во тој момент биле невооружени.
Дел од нив се прободени со ножеви. После тоа следува контра напад и брканица по околните улици при што направена е голема материјална штета.
При изненадниот напад, сега загинатиот 43 годишен член на Риазор блу, бил претепан и прободен со нож, а при тепањето доживеал и инфаркт. Но, и покрај се од Френте не мислеле дека му е доста па го фрлиле и во околната река, по што било невзоможно да му се повратат животните функции.
Интересно во целата приказна е што во околината имало полиција која воопшто не регирала.
Се гледаат локални полицајци кои не даваат никаква реакција.
Ова наидува на големи реакции кај левичарските групи кои реагираат дека полицијата не реагира кога напаѓаат десничарски навивачки групи, а во обратен случај се остри во реакциите.
Тука ја споменуваат и немата реакција на полицијата во 1998 година кога Френте истотака убиле член на навивачите на реал Сосиедад.
Тука нормално се разгоруваат страстите кои во Шпанија изгледа сеуште тлеат од нивната граѓанска војна :нинџ:
Братската навивачка група Бирис Норте, уште на вчерашниот меч извадија парола со која се простија со навивачот на Депортиво, популарниот Џими.
B3w-qelIcAABTyT.jpg:large


Интересно е и како сите наоѓаат оправдувања и никој не прифаќа вина.
Пример, Френте Атлети вчера не навивале.
Претседателот на лигата рекол дека мечот не се одложил бидејќи загинатиот навивач НЕ БИЛ НОРМАЛЕН, бидејќи бил член на ултрас група :tapp:
Како да ги слушам Груевски или Брколинда...
Претседателот на Атлетико кој финансиски ги помагал Френте, истотака се оградил од нив.

па општо познато е дека фановите на Атлетико се големи фашисти и најпроблематичните навивачи во Шпанија.
Френте Атлети е најгласната група и затоа Сересо ги финансира и до сега не превземал некакви акции против нив иако секогаш скандираат фашистички песни против Баскиците и Каталонците, дури вреѓаат на расистичка основа некои играчи, пред некоја година кога се играше Мадрилењо во КдР го нарекуваа Марсело - мајмун, слично беше и за Кедира чинам.
Од Атлетико требаше од поодамна да почнат на некои од нив да им ставаат доживотна забрана за влез, како што Реал почна да прави со Ултра Сур (што се на јужна страна мислам).
иначе Јове елс е исто така една по познатитите десничарски групи во Шпанија

незнаев дека овие Бирис Норте биле побратимени со Риазор блус, ама ми стана јасно кога видов дека во Севиља одма испокршиле фан клубот на Атлетико, исто така фан клубовите на Атлетико биле нападнати ширум целата држава..
1417438605_extras_noticia_foton_7_0.jpg
 
И во Ла Коруња биле нападнати 2-ца фанови на Атлетико кои седеле во некој кафиќ, облечени во дресови од клубот.
Едниот бил мавнат со шише во глава, другиот бил полесно повреден...
Збратимени се од поодамна Бирис Норте и Риазор Блу , поради тоа имаше неколку тепачки меѓу Риазор Блу и навивачите на Бетис. После една утакмица во Севиља во која Депор победи со 0-1, цел град го запалија навивачите на Бетис.

Иначе ова е 9-то убиство во Шпанија.
Трет пат е поврзано со навивачи на Депортиво. Најпрвин во Ла Коруња бил убиен некој навивач на Барселона кој прославувал гол на својата екипа во дуелот против Атлетико, во некој од околните кафиќи. Пред 10-тина години, во тепачка меѓу навивачи на Депортиво на куп дуел со Компостела, обидувајќи се да заштити некое дете во тепачката, беше убиен еден од фановите на Депор. Ова е трет случај.
Последната вест за случајов е дека сепак не доживеал инфаркт, туку бил прободен со ножеви во тепачката, а додека го тепале му скршиле некои коски, кои биле главна причина за смртта. Истотака имал голема повреда на черепот од удар со метална шипка. И да не го фрлеле во реката, прашање е дали ќе преживеел.
Чудно како во центарот на престолнината, сред Мадрид, 25 минути немало никаква реакција од полицијата, која се правдала дека мислеле дека станува збор за протест, а не навивачка тепачка :cuc:
Во реката бил фрлен уште еден навивач на Депортиво, ама тој преживеал.
Сум утнал со бројката, во Мадрид имало повеќе од 400 фанови на Депор, од кои 90-тина биле членови на Риазор Блу. Дел од навивачите тврдат дека уште на излегување од автобусите биле нападнати со метални шипки.

Сепак медиумите форсираат верзија дека имало договорена тепачка, а како главен доказ го сметаат фактот што Риазор Блу рентале автобус од Луго за да стигнат на мечов што им било знак дека сакаат да ги избегнат полициските контроли. Исто има спротиставени коментари околу тоа дали било пријавено нивно гостување или не.

Уапсени се 21 фанови, од кои 12 се од Риазор Блу, 2 од Френте, 2 од Буканероси (Рајо) и 1 на Алкоркон.
 
Под итно да му се забрани влез на Местаља(како што рекоа од Валенсија). Управата на Валенсија е на потег.
Првата шанса е на 4ти јануари(Валенсија-Реал), се надевам дека нема да е на Местаља типот со шишето. :D
 
Засекогаш им е забранет влезот на Frente Atletico?

Не ми се верува....

Сепак колку и да трае отстранувањето огромен удар за Атлетико зашто се стварно моќна навивачка група со преку 4.000 члена и една од ретките која е рамо до рамо со Италијанските ултраси според бројност, пароли и навивање. Доказ за ова е периодот од 2 ипол години без пораз на Калдерон. Нивниот придонес за оваа серија е и тоа како значаен.

Сепак очекувано и оправдано е нивното отстранување, да отепаш човек заради такви банални причини е малоумно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom