Primera División 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување

Млад играч со најголем напредок во досегашниот тек од сезоната:

  • Кастиљехо

    Гласови: 8 21,1%
  • Вието

    Гласови: 26 68,4%
  • Криховјак

    Гласови: 9 23,7%
  • Гаја

    Гласови: 10 26,3%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не изедоја судииве сезонава, се да им изнаебам!
 
Чист гол им поништија на Барса, па еве некој свој вид на правда на крај. Но реално ако се виде целокупен меч Валенсија не заслужи да изгуби. Целосно израмнет натпревар со шанси на двете страни, единствено што напаѓачите налукуваа на аматери во текот на целиот меч. Сепак ете со малце среќа на крај Барса доаѓа до трите поени и според мене ја вади Валенсија од трката за титула. Мислам дека е јасно дека за титулата пак ќе останат Барса, Реал и Атлетико. Валенсија сигурен сум дека ќе го земе четвртото место сезонава, а од наредната се надевам и очекувам на многу повеќе. Севиља, Виљареал, Селта од кои стававте табели демек ќе се мешале и тие ќе си се борат за Лига Европа. :)
 
Ма да земеш еден стап и да им искршиш нозете на сите на толку зицери они само 1 гол дадоа и Валенсија и Барса...и тој едвај влезе.
Очекував барем 6 гола они се промашија.
 
Вадење гз левел Рамос. Колку и да сакам да кажам дека беше незаслужено, не можам пошто реално беа оштетени со поништувањето на голот на Суарез. И нека му палат свеќа на овој Браво, не знам колку пати од кал ги вади, класа голман. Нападот на Валенсија не знаеше да даде гол, ем поклон добија поништен гол, е јбг тоа е.
 
Вадење гз левел Рамос. Колку и да сакам да кажам дека беше незаслужено, не можам пошто реално беа оштетени со поништувањето на голот на Суарез. И нека му палат свеќа на овој Браво, не знам колку пати од кал ги вади, класа голман. Нападот на Валенсија не знаеше да даде гол, ем поклон добија поништен гол, е јбг тоа е.

1417384479_029945_1417385087_doscolumnas_normal.jpg


Овој агол вели дека имало офсајд.
 
А да, момент на натпреварот, Меси се жали на судијава дека го погодиле со шише, овој него му дава жолт.
Кај нас во 3та лига го нема тоа.
 
А да, момент на натпреварот, Меси се жали на судијава дека го погодиле со шише, овој него му дава жолт.
Кај нас во 3та лига го нема тоа.
Не смеат тренерите да протестираат кај судиите.
 
Во Шпанија на повидок е закон со кој ќе се спречи влезот на ултрас групите на стадионите (нешто што додуша веќе и го имаат направено одредени клубови).

B3wqFJDIMAEgxNy.jpg:large

Вчерашната трагедија во која животот го загуби навивач на Депортиво, доби и идолошки димензии поради фактот што Френте Атлети се ултра десничарска група, додека Риазор Блу се левичари.
Има повеќе верзии за инцидентот, но со оглед на тоа што сум фан на Депортиви и имам контакти со луѓе од Ла Коруња, точната верзија е дека Френте Атлети добро го испланирале нападот и ги нападнале неподготовените фанови на Депортиво.
Од Деортиво било пријавено дека Риазор Блу најверојатно успеале да купат карти преку свои луѓе од Мадрид и дека ќе бидат присутни на гостувањето, нешто што не било сфатено сериозно од полицијата во Мадрид.
Околу 200 луѓе од Ла Коруња заминале во Мадрид, а меѓу нив имало и 90-тина членови на Риазор блу. Пред мечот се сретнале со братските навивачки групи на Рајо Ваљекано и Алкоркон.
Пред стартот на мечот, група од добро вооружени членови на Френте Атлети прават изненаден напад во околите барови пред стадионот, при што повредени се десетина фанови на Депортиво кои во тој момент биле невооружени.
Дел од нив се прободени со ножеви. После тоа следува контра напад и брканица по околните улици при што направена е голема материјална штета.
При изненадниот напад, сега загинатиот 43 годишен член на Риазор блу, бил претепан и прободен со нож, а при тепањето доживеал и инфаркт. Но, и покрај се од Френте не мислеле дека му е доста па го фрлиле и во околната река, по што било невзоможно да му се повратат животните функции.
Интересно во целата приказна е што во околината имало полиција која воопшто не регирала.
Се гледаат локални полицајци кои не даваат никаква реакција.
Ова наидува на големи реакции кај левичарските групи кои реагираат дека полицијата не реагира кога напаѓаат десничарски навивачки групи, а во обратен случај се остри во реакциите.
Тука ја споменуваат и немата реакција на полицијата во 1998 година кога Френте истотака убиле член на навивачите на реал Сосиедад.
Тука нормално се разгоруваат страстите кои во Шпанија изгледа сеуште тлеат од нивната граѓанска војна :нинџ:
Братската навивачка група Бирис Норте, уште на вчерашниот меч извадија парола со која се простија со навивачот на Депортиво, популарниот Џими.
B3w-qelIcAABTyT.jpg:large


Интересно е и како сите наоѓаат оправдувања и никој не прифаќа вина.
Пример, Френте Атлети вчера не навивале.
Претседателот на лигата рекол дека мечот не се одложил бидејќи загинатиот навивач НЕ БИЛ НОРМАЛЕН, бидејќи бил член на ултрас група :tapp:
Како да ги слушам Груевски или Брколинда...
Претседателот на Атлетико кој финансиски ги помагал Френте, истотака се оградил од нив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom