Во Шпанија на повидок е закон со кој ќе се спречи влезот на ултрас групите на стадионите (нешто што додуша веќе и го имаат направено одредени клубови).
Вчерашната трагедија во која животот го загуби навивач на Депортиво, доби и идолошки димензии поради фактот што Френте Атлети се ултра десничарска група, додека Риазор Блу се левичари.
Има повеќе верзии за инцидентот, но со оглед на тоа што сум фан на Депортиви и имам контакти со луѓе од Ла Коруња, точната верзија е дека Френте Атлети добро го испланирале нападот и ги нападнале неподготовените фанови на Депортиво.
Од Деортиво било пријавено дека Риазор Блу најверојатно успеале да купат карти преку свои луѓе од Мадрид и дека ќе бидат присутни на гостувањето, нешто што не било сфатено сериозно од полицијата во Мадрид.
Околу 200 луѓе од Ла Коруња заминале во Мадрид, а меѓу нив имало и 90-тина членови на Риазор блу. Пред мечот се сретнале со братските навивачки групи на Рајо Ваљекано и Алкоркон.
Пред стартот на мечот, група од добро вооружени членови на Френте Атлети прават изненаден напад во околите барови пред стадионот, при што повредени се десетина фанови на Депортиво кои во тој момент биле невооружени.
Дел од нив се прободени со ножеви. После тоа следува контра напад и брканица по околните улици при што направена е голема материјална штета.
При изненадниот напад, сега загинатиот 43 годишен член на Риазор блу, бил претепан и прободен со нож, а при тепањето доживеал и инфаркт. Но, и покрај се од Френте не мислеле дека му е доста па го фрлиле и во околната река, по што било невзоможно да му се повратат животните функции.
Интересно во целата приказна е што во околината имало полиција која воопшто не регирала.
Се гледаат локални полицајци кои не даваат никаква реакција.
Ова наидува на големи реакции кај левичарските групи кои реагираат дека полицијата не реагира кога напаѓаат десничарски навивачки групи, а во обратен случај се остри во реакциите.
Тука ја споменуваат и немата реакција на полицијата во 1998 година кога Френте истотака убиле член на навивачите на реал Сосиедад.
Тука нормално се разгоруваат страстите кои во Шпанија изгледа сеуште тлеат од нивната граѓанска војна

Братската навивачка група Бирис Норте, уште на вчерашниот меч извадија парола со која се простија со навивачот на Депортиво, популарниот Џими.
Интересно е и како сите наоѓаат оправдувања и никој не прифаќа вина.
Пример, Френте Атлети вчера не навивале.
Претседателот на лигата рекол дека мечот не се одложил бидејќи загинатиот навивач НЕ БИЛ НОРМАЛЕН, бидејќи бил член на ултрас група

Како да ги слушам Груевски или Брколинда...
Претседателот на Атлетико кој финансиски ги помагал Френте, истотака се оградил од нив.