Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Чист гол им поништија на Барса, па еве некој свој вид на правда на крај. Но реално ако се виде целокупен меч Валенсија не заслужи да изгуби. Целосно израмнет натпревар со шанси на двете страни, единствено што напаѓачите налукуваа на аматери во текот на целиот меч. Сепак ете со малце среќа на крај Барса доаѓа до трите поени и според мене ја вади Валенсија од трката за титула. Мислам дека е јасно дека за титулата пак ќе останат Барса, Реал и Атлетико. Валенсија сигурен сум дека ќе го земе четвртото место сезонава, а од наредната се надевам и очекувам на многу повеќе. Севиља, Виљареал, Селта од кои стававте табели демек ќе се мешале и тие ќе си се борат за Лига Европа.![]()
Taбелите како било 3 поени разлика од прво до седмо место.За што ќе се мешале овие? За шампиони?
За Селта повеќе од ЛЕ никој не рекол.
Севиља се четврто место и многу е веројатно дека ќе се борат до самиот крај, а Виљареал полека се крева и ништо чудно да се замешаат за таа четврта позиција иако би ги ставил за чекор поназад од Севиља и Валенсија.
Сепак и јас мислам дека Валенсија ќе бидат четврти затоа што не играат во Европа и веројатно ќе се засилат дополнително на зима.
Горе-долу тие беа предвидувањата и пред почеток на сезона.![]()
Taбелите како било 3 поени разлика од прво до седмо место.![]()
Во Шпанија на повидок е закон со кој ќе се спречи влезот на ултрас групите на стадионите (нешто што додуша веќе и го имаат направено одредени клубови).
![]()
Вчерашната трагедија во која животот го загуби навивач на Депортиво, доби и идолошки димензии поради фактот што Френте Атлети се ултра десничарска група, додека Риазор Блу се левичари.
Има повеќе верзии за инцидентот, но со оглед на тоа што сум фан на Депортиви и имам контакти со луѓе од Ла Коруња, точната верзија е дека Френте Атлети добро го испланирале нападот и ги нападнале неподготовените фанови на Депортиво.
Од Деортиво било пријавено дека Риазор Блу најверојатно успеале да купат карти преку свои луѓе од Мадрид и дека ќе бидат присутни на гостувањето, нешто што не било сфатено сериозно од полицијата во Мадрид.
Околу 200 луѓе од Ла Коруња заминале во Мадрид, а меѓу нив имало и 90-тина членови на Риазор блу. Пред мечот се сретнале со братските навивачки групи на Рајо Ваљекано и Алкоркон.
Пред стартот на мечот, група од добро вооружени членови на Френте Атлети прават изненаден напад во околите барови пред стадионот, при што повредени се десетина фанови на Депортиво кои во тој момент биле невооружени.
Дел од нив се прободени со ножеви. После тоа следува контра напад и брканица по околните улици при што направена е голема материјална штета.
При изненадниот напад, сега загинатиот 43 годишен член на Риазор блу, бил претепан и прободен со нож, а при тепањето доживеал и инфаркт. Но, и покрај се од Френте не мислеле дека му е доста па го фрлиле и во околната река, по што било невзоможно да му се повратат животните функции.
Интересно во целата приказна е што во околината имало полиција која воопшто не регирала.
Се гледаат локални полицајци кои не даваат никаква реакција.
Ова наидува на големи реакции кај левичарските групи кои реагираат дека полицијата не реагира кога напаѓаат десничарски навивачки групи, а во обратен случај се остри во реакциите.
Тука ја споменуваат и немата реакција на полицијата во 1998 година кога Френте истотака убиле член на навивачите на реал Сосиедад.
Тука нормално се разгоруваат страстите кои во Шпанија изгледа сеуште тлеат од нивната граѓанска војна
Братската навивачка група Бирис Норте, уште на вчерашниот меч извадија парола со која се простија со навивачот на Депортиво, популарниот Џими.
![]()
Интересно е и како сите наоѓаат оправдувања и никој не прифаќа вина.
Пример, Френте Атлети вчера не навивале.
Претседателот на лигата рекол дека мечот не се одложил бидејќи загинатиот навивач НЕ БИЛ НОРМАЛЕН, бидејќи бил член на ултрас група
Како да ги слушам Груевски или Брколинда...
Претседателот на Атлетико кој финансиски ги помагал Френте, истотака се оградил од нив.
Засекогаш им е забранет влезот на Frente Atletico?