Дај бе не треси глупости, кој го брка Ди Марија? И Анчелоти, и навивачи сите се огласија дека сакаат да остане Ди Марија, али дечкото сам си побара трансфер. Освои се што може да се освои во Реал Мадрид и негово идење ќе биде подобро за Реал, бидејќи ако остане насила нема да има желба да игра. Така да фала му за се што направи, и нека има многу успех во друг тим. Многу поразлично е од ситуацијата со Озил.
Кривица на Реал е што несака да му даде плата од 8-9 милиони (што искрено и ја заслужува), бидејќи во моментов зима 3 милиони. Али ова не значи дека Реал го брка.
Има. Мислиш лесно е со Бензема како единствен напаѓач цела сезона да играш? Ај минатата го имавме Мората, што до некаде правеше разлика, ама оваа само он е напред. А Бензема кога нема конкуренција си го лади. Нема гол дадено од првиот дуел против Баерн во ЛШ, а пред тој гол немаше дадено исто гол 7-8 утакмици. Така да, ако си отиде Ди Марија и Кедира под итно треба да се тргне по напаѓач.