ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.973
- Поени од реакции
- 57.795
- Возраст
- 34
@ElNinho, просекот на години на овие моменталниве што тропаат на врата е 19 години. Зар мислиш дека постои клуб кој се бори за сите големи трофеи да се ослони на деца па макар биле и најдобрите у свет од тие генерации ?
Ете, Рафиња ќе добие шанса сезонава.
Валдес, Пујол, Чави, Иниеста, Бускетс, Педро, итн, постепено добиваа шанса, освен Меси кој после своето деби го " пензионираше " Жили.
Значи, тоа што Барса летово купила 6 играчи незначи дека Ла Масија не е една од најдобрите младински школи или дека дел од овие играчи кои сега тропаат на врата ( Рафиња, Делофеу, Денис Суарез, Мунир, Сандро, Сампер,Траоре, Адама итн...) нема за година две три да бидат стандардни првотимци. Па тројца од овие 8 да успеат во прв тим ќе биде и те како успех за Ла Масија.
Не можам да ти измерам кој има најдобра младинска школа, само можам да ти кажам дека во Ла Масија има врвни услови за работа, перфектни, дека на децата и нивните фамилии им се посветува огромно внимание, буквално тој дел е сведен до перфекција. Првенствено не се гледа да се направи играч и да се продаде односно да се заработи на него туку првенствено целта е да се направи играч за првиот тим на Барса.
Тоа и ја го зборам, ти само ми го вртиш на друг начин - Амди Бајрам.
Значи не се толку добри колку што е фамата за нив. Не се таленти на кои би се ослонил ако бркаш титула. Пошто еве, Билбао шо да рече ондак, според овие стандарди они имаат најјака школа ever пошто играат само со Баскијци.
Во секој тим има по еден „талент“ кој со 19 години чука во првиот тим, во некои и по 2-3. Бускетс, Меси, Педро и Пујол беа фрлени во оган како тинејџери и ете успеаа. Значи моменталниве ваљда не се толку добри нели? И самите вие пцуевте по поголемиот дел од нив лани, пошто видовте дека со такви не се гризе кон титули.
Последниот пасус ти е разликата меѓу Барса и Реал. Не значи дека во академијата на Реал не се работи добро и не искачаат таленти, ако тие потоа не заиграат во првиот тим. Има многу играчи кои се покажале настрана а научиле да играат фудбал во Кастиља.
Дека Ла Масиа е една од најдобрите, сите се согласуваме. Муабетот е дека не е значително подобра од останатите од големите екипи, како што се крева фама. Ама како и секаде и таму има gap меѓу генерации, ваљда со овој трансфер рок годинава ќе престанат тие глупи уфилмувања за „прејаката Ла Масија“.
