R
red.devil
Гостин
Нешто таква беше генерацијата на Јунајтед 94'. Исто така и Ајакс имаше златна генерација 91'. Таква беше и на Барса, можеби нешто подобра.И вие со ништо не ми покажувате дека грешам, освен со досадното „генерацијата од 2/3 home grown фудбалери која освои 6 титули“, кое само го потврдува успехот на таа генерација и ми ја доизразува тезата дека како и во речиси секоја школа следат „бледи години“ после таква генерација.
Барса сега успеа маркетиншки да ја искористи ситуацијата и затоа е меѓу најпопуларните. И цело време работаат со странски играчи. Имаат одлична скаут мрежа и максимално ја искористуваат популарноста да ги превземат најголемите млади таленти на планетава. И кога работиш со таленти, пола од работата ти е завршена нели?

Од друга страна, тимови како Ајакс, Феенорд, Саутемптон итн работаат претежно со локални деца и успеваат секоја сезона да промовираат по два-три играчи од академијата и редовно ги појачуваат европските гиганти, што мислам е одличен успех.
Друго што го сметам како негативност на играчи од академијата на Барса е тоа што голем дел од тие играчи не можат да се снајдат на поразличен стил на игра од тика-така. Бојан од огромен талент, немајќи место во Барса замина во странство и се изгуби и еве го сега игра за Стоук.

