незнам што е тука чудно/лошо..
Камбијасо е старо играчиште, иако последниве година-две го немам многу гледано. Се виде на Валенсија лани дека и треба играч со големо искуство, и со доаѓањето на Кеита многу работи отидоа во подобра насока... Кеита не сакаше да го продолжи договорот, зошто сакаше да игра ЛШ. Валенсија проба да го донесе Тиаго од Атлетико кога му пропадна трансферот во Челзи и му понудија 5 милиони за две сезони, ама Тиаго одби и се врати во Атлетико. Така да Камбијасо е веројатно тип на играч што фали во Валенсија.
како што реков го немам гледано лани во Интер како играл, ама по статистика гледам дека после Нагатомо и Паласио има највеќе утакмици изиграно (32) и на сите 32 бил стартер. Според
whoscored нема лош рејтинг (7.26) т.е. 5ти најдобар во Интер. Сепак ова е само статистика.
Иначе медиумите во Шпанија не пишуваат многу за негово доаѓање, оваа вест излезе од Италија... Ја се помалце верувам дека ќе дојде, зошто наводно Сукулини е пред потпис, исто и Енцо Перез е се поверојатно да дојде, така да и во случај Камбијасо да потпише за Валенсија ништо не гарантира дека ќе биде стартер или дека Валенсија ќе гради тим околу него.
И да Баерн јакиот тим, Клаудио Пизаро уште игра таму

Пазете се.