Банега е пред трансфер во Севиља!
И покрај заминувањето на клучните играчи, Севиља може да направи добар тим, со досегашните засилувања, Денис Суарез, Деулофеу, Алеикс Видал, Криховјак, Аспас.
Моменално се игра пријателски натпревар Валенсија-Милан, Валенсија води 2-1 на полувреме. Местаља е исполнета до последно место и има коментари дека Валенсија потсеќа на гигант кој се буди после долго спиење.
Ова е прв натпревар на Местаља, откако клубот го купи Питер Лим.
Убаво е ова, нека се разгорува конкуренција во првенството. Изгледа поминаа времињата кога Реал и Барса уште на полусезона му бегаат на третиот на табелата со 20 бода.