Primera División 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување

Млад играч со најголем напредок во досегашниот тек од сезоната:

  • Кастиљехо

    Гласови: 8 21,1%
  • Вието

    Гласови: 26 68,4%
  • Криховјак

    Гласови: 9 23,7%
  • Гаја

    Гласови: 10 26,3%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ујфалуши еднаш исто вака му ја згазна ногата на Меси, утредента тренираше овој. :toe:
 
Вака или така, Атлетик пак си обезбеди пласман во европските купови за следната сезона.

Последниот пат кога играа овие 2 тима во финале, TVE го прекина преносот поради тоа што ја исвиркуваа химната :)
 
Пак Атлетик и Барса. Не дај боже пак да се игра финалето на Местаља. :D
 
Ујфалуши еднаш исто вака му ја згазна ногата на Меси, утредента тренираше овој. :toe:
Муабетов ви е: ако не му е скршена ногата, нема фаул, се преправа. Спин мастери сте.
 
Муабетов ви е: ако не му е скршена ногата, нема фаул, се преправа. Спин мастери сте.
Јас па поинаку му го сфатив постот. Секој некој не може да има физичка издржливост во дуели како Меси, доказ е колку ретко се повредува. Ама кога си ги спинувате сами работите... :toe:
 
Муабетов ви е: ако не му е скршена ногата, нема фаул, се преправа. Спин мастери сте.
Само се надополнив на постот на Шурикен дека овие стартови т.е ваквите превиткувања не секогаш знаат да бидат фатални, примерот со Меси ми е прв што ми текнува. На пример на Едуардо зглобот му излезе преку штуцна... или таму од обратна страна му ја свиткаа не сум сигурен.

И јас мислам како Атсо дека не е толку сериозно. Највеќе месец ипол според мене. Многу е погадно превиткувањето да е на внатрешна страна.
 
На толку глума мораше некогаш
 
На крај мислим дека го покажаа на клупа, си се смешкаше. А нашиве портали одма излегоа со наслови "Бускетс пренесен во болница" :D
Стартот беше страшен, ама ваквите превиткувања не се секогаш опасни како што изгледаат.
 
Последно уредено:
Да не сакаат Барса и Билбао финалето да се игра на Бернабе повторно? Читам такви некои шпекулации.
Штета што ќе има поправки баш на тој ден инаку би било супер. :cool:
 
Да не сакаат Барса и Билбао финалето да се игра на Бернабе повторно? Читам такви некои шпекулации.
Штета што ќе има поправки баш на тој ден инаку би било супер. :cool:

сакаат... за финалето највеќе се спомнуваат Местаља и Бернабе, ама управите на двата клуба се против.

B_V91YPWcAE1neq.jpg



изгледа точна дијагностика дадов во темана - фан клуб на Барса :)

Расинг Сантандер е претпоследен во Сегунда исто така се во огромни финансиски проблеми, па така Педро Мунитис ќе им биде нов тренер и ќе работи без да добива плата дури он ќе ги плаќа неговите асистенти.
munitis.jpg
 
Последно уредено:
Незнам зошто Шпанците секоја година не го користат Олимпискиот стадион во Севиља La Cartuja, за финале во Копа дел Реј. Го изградија во 1999 има капацитет од 60.000, а ниту една екипа не го користи и така си стои, освен за некои концерти.

11443188833161_estadio_olimpico_cartuja.jpg


Малце глупо е да се игра фудбал на стадион со атлетска патека, но не ми текнува за некој поголем стадион во Шпанија кој ниту една екипа не го користи и на кој би можело да се играат финалиња.

Или пак нека играат на стадионот на Реал Овиедо (кои се во трета лига), а имаат екстра стадион. Еден од подобрите во Шпанија:

5586175003_ab20728c26_z.jpg


Ќе навивам да се вратат во Примера овие само за стадионот :D

А убавица како Местаља не ми е за давање посебно на овие „дивјаци“ :D Да беа Еспањол и Виљареал можеби :cool: Видете ја само каква е:

10259723_10152552980236504_5308878949493935895_n.png
:pipi:
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom