Primera División 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување

Млад играч со најголем напредок во досегашниот тек од сезоната:

  • Кастиљехо

    Гласови: 8 21,1%
  • Вието

    Гласови: 26 68,4%
  • Криховјак

    Гласови: 9 23,7%
  • Гаја

    Гласови: 10 26,3%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Банега е пред трансфер во Севиља!
И покрај заминувањето на клучните играчи, Севиља може да направи добар тим, со досегашните засилувања, Денис Суарез, Деулофеу, Алеикс Видал, Криховјак, Аспас.

Моменално се игра пријателски натпревар Валенсија-Милан, Валенсија води 2-1 на полувреме. Местаља е исполнета до последно место и има коментари дека Валенсија потсеќа на гигант кој се буди после долго спиење.
Ова е прв натпревар на Местаља, откако клубот го купи Питер Лим.

Убаво е ова, нека се разгорува конкуренција во првенството. Изгледа поминаа времињата кога Реал и Барса уште на полусезона му бегаат на третиот на табелата со 20 бода.

Банега официјално во Севиља
http://www.valenciacf.com/ver/36855/comunicado-oficial---traspaso-de-ever-al-sevilla-fc-.html

изгледа и Милан Бадељ од Хамбург ќе потпише за нив..
после ќе пишам за Мендес
 
Кој е тој Мендес и што има врска Мурињо ?

Мендес е најмоќен човек во фудбалов (или што вика Drettica модерен робовладател), а Мурињо му е клиент, мада може да се каже дека му е како другар.
доволно е Мурињо да покаже со прст кој играч го сака (во случај да е негов клиент, па и некој друг) и прашање на време кога ќе му ја исполни желбата.
се почна од 2004 кога Мурињо освоји ЛШ и имаше договорено да биде нов тренер на Ливерпул, а тогаш Мендес не му беше агент, па така Абрамович преку Мендес му ја претстави многу финансиски појаката понуда од Ливерпул, а Мурињо поради Х причини реши да го раскине договорот со неговиот поранешен агент,
а позади овој договор околу Мурињо, дефинитивно беше дека Маниче, Тиаго, Карваљо и многу други играчи на Мендес ќе заиграат за Челзи.

Ама Мендес не му е агент на Ројс.Како го договорил година дена унапред ?:icon_mrgr::icon_mrgr:

мижи Асан да ти баам :icon_lol:

тоа го прочитав на твитер.. колку е точно ќе видиме следната сезона ако и каде ќе си замине Ројс.
а и незнам зошто сте толку убедени дека сака да остане во Дортмунд. Да сакал да остане не би ставал клаузули во договорот.

Овој Мендес сигурно е некој масон, мме :D Читајќи го @Atso, добивам впечаток дека Мендес е човек со натприродни моќи и способности. :icon_mrgr:

Мендес "владее" со фудбалов.
jorgemendes-bureau.jpg


може до сабајле да дискутираме за него, но човекот е главна фаца во фудбалов, многу играчи мењаат клубови и што ќе им каже он - тоа е!
гледајте што се случува со некои играчи што заигруваат за Бешикташ, Атлетико, Челзи и Јунајтед (со нив има исто некаква "соработка"), Депортиво, Сарагоса, па се до португалските гиганти (од Порто и Бенфика па натаму) и ред други клубови...
сега Валенсија ќе му биде нов партер (или курва :D) тим, колку е добро - ја незнам!
Мендес е број еден агент и голем број јужно американски играчи се во негова сопственост.
за ова со Валенсија незнам што да кажам, зошто незнам што планира со Валенсија.. ако е стварно пријател на Питер Лим и ако и мисли добро, тогаш Валенсија (набрзо) ќе стане гигант, а ако Валенсија е замена за Сарагоса и Депортиво, тогаш нема ништо од Валенсија, он ќе носи играчи во Валенсија и ќе ги продава за големи пари, а во Валенсија ќе доаѓа отпадокот.
сега знам дека некој ќе ме праша зошто Валенсија го избра ова(?), одговорот е дека долгот мораше да почне да се исплаќа, банката (Банкиа) на која се должат пари притискаше! зошто и она должи пари и беше пред банкрот и за да не банкротира главната Шпанска банка и даде финансиска инекција на Банкиа, се тоа за Банкиа да си ги собере долговите итн. Лим беше единствена опција со Cerebrus кој беа некој поголеми преваранти, за главно засилување го најавуваа Аспас :D и некои бивши директори од Банкиа работат таму.

Сето ова околу Валенсија е "чудно" и стварно незнам што биде... За нов тренер доаѓа Нуно, голем пријател на Мендес т.е. све започнува од Нуно. Нуно е првиот играч на кого Мендес му средил трансфер (1997).
Мендес е од богата фамилија и имал кафич/диско или нешто слично, Нуно доаѓал таму често - биле пријатели. во клубот често доаѓале луѓе од управата на Порто, Бенфика и сл. секако тие уште од тогаш го знаеле Мендес, па така Нуно (како што стојат работиве на овие простори) го прашал дали некако може да му среди да заигра за Порто (тоа бил клубот за кого навивал).. Мендес не успеал, па по некое чудо го сместил во Депортиво (претоа играч за Гимараиш) и после со тек на години кога Мендес добива “моќ“, го праќа Нуно во Порто како дел од трансферот на Андраде во Депортиво. :D
Мендес е долги години во Атлетико и има направено многу бизнис зделки од Симао - платен 20 милиони, па со мистериозниот Пици :). Брага го праќа на позајмица во Атлетико, Пици едвај изигрува 10 утакмици за цела сезона + дечкото има уште една година од договорот, а Атлетико плаќа неверојатни 13.5 милиони за него на крај од сезоната :D за следната сезона да го пратат во Депортиво на позајмица, а после се иде во Бенфика во трампа за Роберто (голманот што брани во Олимпијакос).
Исто и со братот на Бруно Алвеш, Жулио Алвес од Спортинг Б иде во Атлетико како слободен играч, не ни стапнал во тренинг центарот, а Мендес веќе го продал во Бешикташ за 3 милиони (секако Бешикташ е негов клуб).
Па со Бебе кого навивачите на Манчестер најдобро го памтат... Гимараиш го купува од трето лигаш (Естерла), игра добро на пријателски (нема официјална утакмица за Гимараиш), Мендес го приметува ги купува 50% од неговите права за 100.000, го натерува играчот да го раскине договорот со неговиот бивши агент, потпишува нов договор и клаузулата му се зголемува од 3 на 9 милиона, и се тоа во исто лето т.е. во рок од месец дена завршува во Манчестер за 9 милиони :D за Андерсон - кој ќе пишува али во главно - купува 70% од неговите права за 3-4 милиони и го продава за 30 во Јунајтед.

Сега си прави уште еден мега-дил со Манчестер - Рохо за 20 милиони! многу лош халф (ако таму игра) се губи во простор, лошо се позиционира и маркира.
овој човек нема кого не заебал, а и понатаму е број 1 агент во фудбалов и без него се неможе.
и Манчестер нека не мисли дека го платиле Роналдо 15 милиони, овие Рохо, Бебе, Андерсон идат на негова сметка.

има уште многу али тоа би било тоа. :)
 
Последно уредено:
Se dobro majstore,samo Reus e zastapuvan od SportsTotal,istite sto gi zastapuvaat Kroos i Götze.Taka da Mendes nema sto da go prinudi Reus da si zamine naredna sezona i kade da odi.
 
^^^ и последното, а ваљда и најголемата зделка му е со Џамес Родригез. Јаc очекував повеќе агресивност од Валенсија овој трансфер период по купувањето од новиот сопственик и покрај долговите. Но штом викаш дека прво сакаат да го скратат тоа, ќе гледаме пак килава Валенсија и нареднава сезона без пласман во ЛШ.
 
На Лопез исто му е за кого брани, само амблемот од дресот е различен. :D
 
^^^ и последното, а ваљда и најголемата зделка му е со Џамес Родригез. Јаc очекував повеќе агресивност од Валенсија овој трансфер период по купувањето од новиот сопственик и покрај долговите. Но штом викаш дека прво сакаат да го скратат тоа, ќе гледаме пак килава Валенсија и нареднава сезона без пласман во ЛШ.

Па макотрпен процес е продажбата на Валенсија. Многу заинтересирани страни има затоа оди бавно. Еве сега на 15 и официјално падна договорот за Лим да ја преземе, па може да фрли некоја пара до крај на роков за да го зајача тимот. Иначе пред тоа не можеше да пазари зашто не беше уште сопственик на клубот. Иако сеуште треба да се договорат некои детаљи околу продажбата сепак сега Лим може да ја преземе контролата кон клубот па се најавуваат високи трансфери како Чача Мартинез за кого би дале до 35М евра и Енцо Перез за кого Бенфика бара да се плати клаузулата од 30М мада не верувам дека цената ќе биде толку висока.
Богами ако ги земат овие двајца, ќе бидат изразити фаворити за тоа четврто место, а и плус не играат во Европа што е секако предност.
 
^ Тие и двајцата не вредат толку и за тие пари можат да донесат Шпанци (или Мендес некој Португалец) за иста пара. Не дека немаат солиден тим, ама баш тој ист тим лани играше килаво, затоа мораа да освежат со „име“. А па името на тренеров бе, Еспирито Санто (Светиот Дух). :pos:

Ќе биде „занимиливо“ за четвртото место. Сосиедад мислам дека и дефинитивно ќе отпаднат од трката пошто продадоа многу битни играчи (Браво, Гризман, Сеферовиќ), а купија само некојси Исланѓанец од холандска лига.

Атлетик трета сезона продолжи со трендот да го продаде својот најдобар играч, ќе видиме колку им бил клучен Херера, и без него мислам дека се сигурни во топ 6.

Виљареал стандард пак ќе се мешаат за евроместата ама мислам дека немаат сила за погоре од петто. Малага имаше океј трансфер период, играчите кои си заминаа ги замени со исто толку добри. На Селта им замина Енрике, го лупнале бившиот играч Бериѕо за тренер, ќе го јадат.

Нормално, Севиља ми е мистерија, со нив никад не можеш да предвидиш како ќе играат. :D
 
1-3 место Реал, Барса и Атлетико.
4-6 Валенсија, Севиља и Атлетик.
7-10 Виљареал, Сосиедад, Гранада и Рајо.

Касиљас ќе брани утре?
 
Па макотрпен процес е продажбата на Валенсија. Многу заинтересирани страни има затоа оди бавно. Еве сега на 15 и официјално падна договорот за Лим да ја преземе, па може да фрли некоја пара до крај на роков за да го зајача тимот. Иначе пред тоа не можеше да пазари зашто не беше уште сопственик на клубот. Иако сеуште треба да се договорат некои детаљи околу продажбата сепак сега Лим може да ја преземе контролата кон клубот па се најавуваат високи трансфери како Чача Мартинез за кого би дале до 35М евра и Енцо Перез за кого Бенфика бара да се плати клаузулата од 30М мада не верувам дека цената ќе биде толку висока.
Богами ако ги земат овие двајца, ќе бидат изразити фаворити за тоа четврто место, а и плус не играат во Европа што е секако предност.

купувањето на Валенсија е уште во заврши фази и сеуште не е комплетирано, речиси 90% е завршена работата. Се чекаат некој судски одлуки за едно земјиште (Порчинос) и да биде се потпишано црно на бело.

Бенфика бара 30М, ама веројатно ќе се договорат на 25М, реално и 25М се многу со оглед на тоа дека Енцо има 28 години, мада веќе цените не се тоа што беа. Од друга страна збориме за Енцо кој пред месец дена беше прогласен за играч на сезоната во Португаслката Примера (20013/14).
лоша работа е што вчера здобил повреда и искочил од игра во 42 минута.
во нападатот би требало да дојде еден од Мартинез и Љоренте, Порто тешко дека ќе го пушти Мартинез за испод 35М, додека Јувентус за Љоренте бара 20 милиони, а спрема “Ла Газета“ од Валенсија понудиле 10 милиони, може ќе се најдат негде на средина.. :) проблемот е што Љоренте бара висока плата негде 5-6 милиони, додека Мартинез е спремен да игра и за 2.5 мил.

^^^ и последното, а ваљда и најголемата зделка му е со Џамес Родригез. Јаc очекував повеќе агресивност од Валенсија овој трансфер период по купувањето од новиот сопственик и покрај долговите. Но штом викаш дека прво сакаат да го скратат тоа, ќе гледаме пак килава Валенсија и нареднава сезона без пласман во ЛШ.

требаше поголема агресивност, ама како што пишавме Лим уште не го комплетирал купувањето на клубот. Плус ова е Шпанија, затоа и газдата на Малага реши да престане да инвестира, сакаше одма да започне со изградба на некој стадион и нов комплекс во Малага во вредност од 300-400 милиони, но за да добие дозвола требал да чека 3-4 години.
Валенсија оваа сезона купуваше со средствата кои се на располагање: Мустафи (8М), Отаменди (12), Јоел (2), Родриго Де Пол (4.5), Орбан (3.5), кои беа собрани од продажба на играчите - Матје, Бернат итн.
додека сеуште Лим не е сопственик, он преку неговата компанија (Меритон) ги купи Андре Гомеш, Родриго, Кансело (наскоро би требал и Енцо Перез) од Бенфика и ги испрати на позајмица во Валенсија, а кога ќе го комплетира купувањето на клубот сите овие играчи ќе потпишат 4-5 годишни договори.
 
sto e muabetot deka Atleti sakale da go vratat Oblak? Ili gluposti?
 
sto e muabetot deka Atleti sakale da go vratat Oblak? Ili gluposti?
Прв пат слушам.
Иначе, денеска на прес-конференцијата, Симеоне изјави дека Моја ќе брани утре на Бернабе, а не Облак.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom