Синоќешниот натпревар против Атлетико отвара нови моменти во работата на Тата Мартино со ФКБ.
Дилемите дали
резултатот е позитивен или е „неочекувано негативен“ ќе останат, а ќе се валоризираа, какви и да се, веќе на следниот натпревар против Малага, в недела. Факт е дека сега-засега, Тата тешко се снаоѓа со фудбалската игра на противницте кога поставеноста е базирана на пресекување на играта со груби фаули и дрско премостување на фудбалот „во зона на нервоза“ која придонесува за кратење на ефективната игра и создавање на континуирани ситуации во кои ќе се анулира големиот посед на топка како реална предност. Тие исти ситуации се бенефит за противникот на кој му одговара таквата игра и со многу мал пресинг и со многу мали и брзи префрлувања пред противничкиот гол создава шанси или постигне гол. Таква беше играта на Чоло синоќа кој и како фудбалер беше промотор на таквата игра. Синоќа и релативно успешно успеа да ја блокира централната алка Бускетс кој не само што играше под притисок на нервоза, туку ја намали и неговата вредност на брзите трназиции при одземена топка и додадена кон Чави, Иниеста или пак Меси. Тата немаше решение. Буске ја губеше борбата и во бројките на додадени пасови.
Дали тој момент беше клучен за
„повредата на Меси“, ќе остане енигма. Бидејќи,
Меси всушност нема никаква повреда. Меси „почувствувал притисок на мускулот“ кој неколкупати му задава проблем. Тата за првпат после три години, минатата недела го извади Меси без да станува збор за повреда. Тата синоќа го направи истото, но овојпат стануваше збор за „повреда“. Тата очигледно ги менува стандардите по прашањето на играта на Меси во ФКБ.
Официјално, нема никаква информација за негово отсуство, но за верување е дека повторно и против Малага нема да ја има минутажата од комплетните 90 минути.
Во другата насока, пак Нејмар не се очекува дека пред јануари ќе биде дел од стандардните 11 мина во тек на целите 90 минути. Сеуште ја нема ни совладано играта на ФКБ како фудбалска философија, а тоа се гледа и во заработувањето на жолтите картони во краток период на терен и тоа само во фазата на дефанзивната игра. Нејмар во Сантос никогаш ја немал таа игра како сопствен концепт. Но, во ФКБ е таа задолжителна ако се има место меѓу првата стандардна екипа. Од тие причини и периодот од два до три месеци се смета како реалност за техниката да биде совладана.
Во текот на денов се очекува и официјалната информација за отсуството на Меси,
кое е за очекување и дека можеби нема да се случи, а потоа и да се продолжи со анализата „како против Малага“ и „како во реваншот против Атлетико“ на Кам Ноу в среда. Официјално останува „само неговата повреда“.
Автор на текстот е нашиот најценет спортски новинар на форумов : Филевски