Primera División 2013/14

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14 во Primera División?

  • Вкупно гласачи
    195
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Oвие изгледа попизделе дека ни роднините не ги гледаат па решиле со сила да ги натераат луѓето да им ја гледаат програмата.

Јас гледав Фринџ бе :)
 
Синоќешниот натпревар против Атлетико отвара нови моменти во работата на Тата Мартино со ФКБ.
Дилемите дали резултатот е позитивен или е „неочекувано негативен“ ќе останат, а ќе се валоризираа, какви и да се, веќе на следниот натпревар против Малага, в недела. Факт е дека сега-засега, Тата тешко се снаоѓа со фудбалската игра на противницте кога поставеноста е базирана на пресекување на играта со груби фаули и дрско премостување на фудбалот „во зона на нервоза“ која придонесува за кратење на ефективната игра и создавање на континуирани ситуации во кои ќе се анулира големиот посед на топка како реална предност. Тие исти ситуации се бенефит за противникот на кој му одговара таквата игра и со многу мал пресинг и со многу мали и брзи префрлувања пред противничкиот гол создава шанси или постигне гол. Таква беше играта на Чоло синоќа кој и како фудбалер беше промотор на таквата игра. Синоќа и релативно успешно успеа да ја блокира централната алка Бускетс кој не само што играше под притисок на нервоза, туку ја намали и неговата вредност на брзите трназиции при одземена топка и додадена кон Чави, Иниеста или пак Меси. Тата немаше решение. Буске ја губеше борбата и во бројките на додадени пасови.
Дали тој момент беше клучен за „повредата на Меси“, ќе остане енигма. Бидејќи, Меси всушност нема никаква повреда. Меси „почувствувал притисок на мускулот“ кој неколкупати му задава проблем. Тата за првпат после три години, минатата недела го извади Меси без да станува збор за повреда. Тата синоќа го направи истото, но овојпат стануваше збор за „повреда“. Тата очигледно ги менува стандардите по прашањето на играта на Меси во ФКБ.
Официјално, нема никаква информација за негово отсуство, но за верување е дека повторно и против Малага нема да ја има минутажата од комплетните 90 минути.
Во другата насока, пак Нејмар не се очекува дека пред јануари ќе биде дел од стандардните 11 мина во тек на целите 90 минути. Сеуште ја нема ни совладано играта на ФКБ како фудбалска философија, а тоа се гледа и во заработувањето на жолтите картони во краток период на терен и тоа само во фазата на дефанзивната игра. Нејмар во Сантос никогаш ја немал таа игра како сопствен концепт. Но, во ФКБ е таа задолжителна ако се има место меѓу првата стандардна екипа. Од тие причини и периодот од два до три месеци се смета како реалност за техниката да биде совладана.
Во текот на денов се очекува и официјалната информација за отсуството на Меси, кое е за очекување и дека можеби нема да се случи, а потоа и да се продолжи со анализата „како против Малага“ и „како во реваншот против Атлетико“ на Кам Ноу в среда. Официјално останува „само неговата повреда“.

Автор на текстот е нашиот најценет спортски новинар на форумов : Филевски :D
 
Онака ноншалантно читајќи што има да каже типов дојдов до следниов заклучок:

Филевски нема појма што се дешава (како и секогаш) и исто како и секогаш си ги дава сите алтернативи за некоја случка, и секако дека на крај ќе погоди една. Потоа следи ставање слики од Јода и цепидлачење колку он е филозоф и го разбира фудбалот.

Тоа ќе му дојде нешто како јас да пишам ливче во кладилница и да ги типувам сите утакмици со 1Х2 и после да дојдам да се курчам тука у стил “видовте бе, цар сум, сите ги погодив“...

Ама ај нека си тера дечкото...
 
Исто како лани што прогнозираше на полусезона дека еспањол ќе испадне од лигава .
 
Абе уште што нема прогнозирано, тоа е поентата. Дента има по милион прогнози за се и сешто, и кога од тие милион едно нешто ќе се погоди (онака рандом), одма го откопува статусот и следи дневна доза курчење. А ако некој му каже вака нешто, одма следат некои изјави у стил “Ја сум у Барселона, ја знам највеќе, јас разбирам Каталонски, Универзумот, Вистината, бла бла“ и БАМ, следи бан и бришење на статусот...

Уствари баталете, доста е со Филе на темава.
 
Значи не можам да ве разберам...
Зошто уопште го ставивте во темава текстон ај просветлете ме? Прво викате дека не сакате да го читате, па јебо вас избришете го од пријатели и готово бе, не се замарајте. Мене ме мрзи да го читам од шо напнува премногу, вие уште се замарате.
 
Добро одигравме заслуживме победа. Ретко сум оптимист, ама очекувам победа во Барса!
 
Среќа Валдез беше расположен, иначе петарда не ни бегаше.
 
ALBA3.gif
 
Го убија детето вчера :@
Мурињо е крив!
 
Целосен распоред за 2ро коло:

1234716_638571356162696_924244982_n.png

Ќе се обидам да ги прогнозирам резултатите на сите натпревари :D :
Хетафе 1 - 2 Алмерија
Атлетик 2 - 0 Осасуна
Елче 1 - 1 Сосиедад
Еспањол 2 - 0 Валенсија
Виљареал 3 - 0 Ваљадолид
Атлетико 2 - 1 Рајо Ваљекано
Малага 1 - 3 Барселона
Леванте 2 - 3 Севиља
Бетис 1 - 1 Селта
Гранада 0 - 3 Реал
 
Во кој термин е прегледот на колото на Спортклуб?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom