Primera División 2013/14

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    195
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
kbj5.png
Не е можно да има 155 000 сезонски карти продадено, ова може да е бројот на Социос (акционери на клубот)
 
Овој Тата Мата нека си гледа во својот двор не да дава дебилски изјави за трансфер политиката на Реал.
 
Еве му пратив смс (y)
 
Santiago Cañizares: "Iker je pravi profesionalac i ne vidim razlog zbog kojeg se on u bližoj budućnosti ne bi preselio u Barcelonu." :pos::pos:
 
Не викам дека ќе оди во Барца, ама логично е прашањето дека може и да си замине доколку нема статус на првотимец не знам што е тука чудно. Доколку не игра оваа сезона може и да го загуби местото во Шпанија што оваа година е многу битно (и покрај тоа што Дел Боске традиционално му ја дава довербата ама пак може да биде под притисок да го смени)
 
Еспањол колку добар кец беше за вечерва (y)
--- надополнето: 24 август 2013 во 23:57 ---
Ќе се обидам да ги прогнозирам резултатите на сите натпревари :D :
Хетафе 1 - 2 Алмерија
Атлетик 2 - 0 Осасуна
Елче 1 - 1 Сосиедад
Еспањол 2 - 0 Валенсија
Виљареал 3 - 0 Ваљадолид
Атлетико 2 - 1 Рајо Ваљекано
Малага 1 - 3 Барселона
Леванте 2 - 3 Севиља
Бетис 1 - 1 Селта
Гранада 0 - 3 Реал

Вечерва погодена Елче-Сосиедад :pipi:
Еспањол 3-1 Валенсија конечен, битно погодив дека со 2 гола разлика тепаат комшиите :icon_mrgr:
Виљареал 1-1 е на полувреме, дај Боже да тепаат, пошо и онака само нив ги чекам :нинџ:
 
Виљареал 2-1 Ваљадолид конечен. Му благодарам на Кани за погодокот во 84та минута, со убаво ми започна сезоната(во кладилница).
Изненаден сум од играта на играчите на Ваљадолид. Не биле толку слаби како што ги замислував, а ги ставав главни фаворити за испаѓање.
Виљареал иако едно време(средината на 2ро полувреме) делуваа незаинтересирано и при резултат 1-1 не запнаа да нападнат, меѓутоа во крајот на мечот имаа неколку шанси и за поубедлива победа.

Значи, Ла Лига навистина е лига во која веќе 10ина сезони за титулата се борат само 2 екипи, меѓутоа има многу други екипи кои можат да се носат со екипите од другите првенства. Се игра одличен фудбал и помеѓу т.н. послаби екипи. Се создаваат шанси, атрактивни потези, се игра убав фудбал за око...
На пример, постојат стереотипи дека баш сите натпревари во англиската Премиер Лига се преинтересни, а тие во Ла Лига не се. Денеска, натпреварот Њукасл-Вест Хем беше права досада, барем за мене. За разлика од него, Виљареал-Ваљадолид не беше такво нешто.


Иначе, видеото овде ќе го ставам:

 
Фино со гестов, ама ова на крајов со "all the people in the world with similar problem to recover" звучеше како на избор на Мис да е :)
 
Анчелоти на прес:

„Кој ќе бида на гол утре? Нема да го кажам тоа сега. Впрочем, кај нас не игра нитуИкер Касиљас, ниту Диего Лопез туку игра голманот на Реал Мадрид. Свирежите некогаш се сосема погрешни, така е и со тие наменети кон голманите но и кон Кака на последниот меч.“
„Герет Бејл во моментов не е играч на Реал Мадрид. Тоа го повторив многу пати и не сакам да зборувам за него. Ист е случајот и со Луиз Суарез. Ако постанат наши играчи тогаш прашајте ме за нив.“
„Зборовите на Тата Мартино се малку вон контрола и избрзани. Новодојденец е и можеби сеуште не разбира како се движат работите во европскиот фудбал, заедно и со неговиот клуб кој потроши многу пари за еден играч.“
„Имаме неколку битни играчи од средниот ред кои се повредени, но имаме и квалитетни замени. Ги немаме достапни Алонсо и Кедира оние кои го сочинуваа дуото на средина претходно но ги имаме Модриќ и Касмеиро, па и Иско. Иљарамендисе врати на тренинг со групата, но сеуште не е подготвен за игра. Можеби после репрезентативната пауза.“
„Кристијано може да игра без проблем и во средината на нападот а тоа да не му претставува проблем на Бензема. Двајцата може да ги менуваат позициите. Озил се чуствува одлично и не е загрижен како што велите.“
 
Лошо се изразив. Постои сликата, ама стара скоро 2 месеца.
https://www.youtube.com/watch?v=kk-GfCzDTq0

Почна страв да ве фаќа ако дојде Бејл, а ? :icon_lol:

Се зезам, и да е стара сликата, не ми се верува дека е неточна информацијата дека се наоѓа во Марбеља, и АС и Марка истото го потврдија, а еве веќе измина еден ден и никој не го демантираше тоа. Кадена Сер објавија дека трансферот ќе биде готов во вторник, така да порано не ни очекувам нешто..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom