Ова со топ 5, топ 2, топ -12 и мене ми е безвезно, ама чисто ме занима на која основа тврдите дека Енрике не е добар тренер? Т.е. не ти, него останатите, ти ваљда сакаш да кажеш дека не е некоја класа што искрено не можам да се сложам али ајде.
Не знам дали уопште знаете како изгледа да се води еден професионален клуб, нарочито гигант како Барселона. Мислам, не дека јас сум бил во некој од клубовите па да знам што точно се дешава, али дајте мајку му стара... Па знаете ли колку е тешко да се одржи тимската хемија, да се држи атмосферата на ниво, да имаш здрав ростер цело време, правилни тренинзи, да правиш правилни ротации, да наметнеш своја филозофија? Како бе така викате дека било кој би освоил со Меси, Нејмар и Суарез? Каков лош аргумент е тоа? Реал нема ли класа играчи скоро на секоја позиција? Роналдо, Родригез, Бејл, Бензема, Модриќ, Рамос..., и што направи Реал сезонава кога за тренер го имаше таканаречениот господин Крофна? Ајде кажете ми зошто овие што ги набројав не играа сами, што има везе тренерот, топ 5 во светот се на нивните позиции.
Енрике и те како внесе новини во играта на Барселона, не е веќе онаа тики-така Барселона што умараше (продуктивно секако, али лично мене ме смараа со пимплањето), играат баш топ за око и секако многу се ефективни. Јас капа му симињам на Енрике за ова што го прави со Барселона, пошо кога дојде имаше еден тон притисок на себе, а неискусен тренер беше, прв пат води голем клуб, тренира еден куп ѕвезди и он што направи? Се живо освои и тоа после лоша ланска прва полусезона. Не зборете од инает, топ е човекот.