Ни хуморот не е тоа што некогаш беше!

Па некој ми постирал видео како играчи на Барса глумеле. Дечко, има исто толку видеа на нет ако напишеш Real Madrid Diving. Ама, ај одглумиле играчи од Барселона и сега ќе се правиме интересни, демек само Барселона во овој свет глумат.
Па и играчи на Челзи глумат, и на Милан, и на Интер и на било кој клуб.
Еве вчера на Аргентина-Чиле, и Ди Марија и Игуаин имаа ептен очигледни глумења. И искрено тоа не ме нервираше(ми пречи секогаш глумењето, ама не можам ништо против тоа). Како навивач на Аргентина, ми беше најбитно да победат, и го направија тоа.