H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Ја отварам овде, ако треба нека биде преместена во Здравје или Општи.
Живеам на улица која води и до градинка и до Основно школо. Забележувам дека децава кое од кое по буце. Не да речам апла, ама со вакво темпо Америка не ни бега. Башка гледам наслов денеска:
НУТРИЦИОНИСТ ЌЕ ГО ПРАВИ МЕНИТО НА ШКОЛСКИТЕ КУЈНИ
Наместо брза храна, во училишните кујни ќе се сервираат традиционални македонски јадења со многу овошје и зеленчук
Нутриционист ќе учествува во подготовката на храната за децата од основните школи во Општина Кисела Вода. Наместо брза храна, во училишните кујни ќе се сервираат традиционални македонски јадења со многу овошје и зеленчук.
Во училиштата каде што има кујни, храната ќе се приготвува на самото место, а онаму каде што нема, ќе се транспортира по сите стандарди пропишани од Агенцијата за храна и ветеринарство.... повеќе на линкот: http://grid.mk/read/news/508516591/8479351/nutricionist-ke-go-pravi-menito-na-shkolskite-kujni
Дали сакате да кажете дека Министерството за Образование и Министерството за Здравство до сега по ни една точка нема разговарано за ова што е и баш сериозно прашање?
А гледам дека ни игралиштата не се полни како во наше време со деца. Иако деца има! Седење дома или премногу допуштање од родителите?

КИСЕЛА ВОДА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ ДЕБЕЛИНА КАЈ ДЕЦАТА

"
Додека родителите не ги запишуваат децата на спорт, ќе гледаме вакви појави. "Ама не може детето да ми плива во ваква ладна вода ве молам, дали сте нормални?" Ама затоа нас ненормалните грип еднаш не нема фатено, ниту сме имале некоја болест на плуќа колку и да било ладно, за болки во телото и дебелина па да не правам муабет. Пицајзли родители, пушти го да се челичи, да му се развие и циркулација и метаболизам, па нека седи после на компјутер колку сака, ќе видиш како ќе стане здраво право. А не ко шо кажаа погоре девојчињава газишта со сало на 15 години и машкиве цицки поголеми од женски.