Претерана дебелина кај децата од предшколска и рана школска возраст

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Gledam site se fativte za kepabite i picata....Nikoj ne go spomna sekerot No1 za debelinata.....Koka kola kokta...cokoldace....Napoletanka....Torta....Tie se glavniot problem za debelinata....Kebapot i picata barem imaat nesto korisno vo niv! Samo zemete limenka koka kola, procitajte ja gramazata za shecerot, potoa vo casha stavete isto tolku secer, dopolnete so voda i probajte da go ispiete!Gm foods odamna koristime nesvesno. Bes GM tesko deka ke mozime da opstaname!

http://www.theguardian.com/film/2014/may/10/sugar-is-the-enemy-film-challenges-obesity-myths-fed-up
 
Gledam site se fativte za kepabite i picata....Nikoj ne go spomna sekerot No1 za debelinata.....Koka kola kokta...cokoldace....Napoletanka....Torta....Tie se glavniot problem za debelinata....Kebapot i picata barem imaat nesto korisno vo niv! Samo zemete limenka koka kola, procitajte ja gramazata za shecerot, potoa vo casha stavete isto tolku secer, dopolnete so voda i probajte da go ispiete!Gm foods odamna koristime nesvesno. Bes GM tesko deka ke mozime da opstaname!

http://www.theguardian.com/film/2014/may/10/sugar-is-the-enemy-film-challenges-obesity-myths-fed-up

Точно, го заборавивме тоа, затоа јас на пример речиси целосно ги избегнувам газираните сокови, нормално има прилики каде ќе мора да се напиеш но ако ги исфрлиш од секојдневна употреба, одма подобро ќе ти биде.
 
Во сите основни и средни училишта,во најголем дел се затворени кантините,се претворени или во изнајмен простор за шиење или подрум. Јас како ученик кој се мкне најмалку 30 минути со автобус и мајка и татко кој се кнап со пари,одам без пари и приморан сум да влечам сендвич од дома или понекогаш да им завидам на "богатите" другари кои земаат милка од 60 денари секој ден,си земам тост како најблиска солуција на голем одмор кој трае 20 минути , како после да не бидам дебел со прекумерна тежина . Нас ни е потребен еден Џејми Оливер да ги натера директорите во сите средни училишта каде треба да ги претворат просториите и да покренат нов ритам во училиштата . Да се отворат кантините за што им беше намерата и ќе биде решен проблемот со прекумерна тежина . Но постои и поголема опасност од технологијата како интернетот и компјутерот . Цел ден на фејсбук и Кантер Страјк и после на МСН ќе се видиме,се повеќе директниот отворен контакт се намалува . Седиш дома по најмалку 4 саати на интернет , нозете ти стануваат numb . Kако и да е , ова е голем проблем . Градоначалникот на К.В. прави многу паметен потег . Потребен чекор во училиштата е ова . Не гледам никаква политичка мотивација ако е од ВМРО , голема работа . Ова требаше одамна ,и така и треба да се направи .:)(y)
 
Немам коментар за денешнава младина. :cenzura: И јас спаѓам под младина, али сепак тука мислам на децата до 18 години. Брат ми е 7 години помал од мене и моментално е втора година средно, така да по него и неговите другари гледам што и како се дешава. Се подебили и подебили стануваат и што е најтрагично се помалце се интересираат за спорт и општо за физички активности.

Прв проблем е исхраната, односно немањето тајминг за јадење. Се знае кога е доручек, кога ручек, а кога вечера, али у денешно време тој ред воопшто не е запазен. Од сабајле јадат тостови, хамбургери и такви срања, па кога ќе дојдат од училиште што има дома направено тоа ќе се јаде, па подоцна цела Милка чоколада, па вечерта ај со другарите ќе искочат до Вили и после дебел сум, епа дебел си нормално, со пореметен биоритам секој ќе е дебел.

Втор проблем се компјутерите и модернава технологија која од децава прави се поголеми и поголеми дебили. Селфиња, мелфиња, сликање безпотребно, дремење на ФБ и остали социјални мрежи безпотребно и да не набројувам понатака. А сето тоа го прават додека седат на столче или додека лежат во кревет (ако имаат лап топ нормално). И увек уз тоа иде по некоја чаша Кока Кола, чоколада, чипс..., ствари кои највеќе дебелеат.

Трет проблем, според мене можда и најбитен се навиките. Ако дете не го навикнеш дека треба да има физичка активност џабе е се. Исто како на пример ако наставничката од прво до четврто одделение не ги научи децата редовно да пишуваат домашно, нормално дека од 5 до 8 одделение, па и во средно ќе имаат проблем со учењето и со извршувањето на домашните задачи.

Јас бидејќи работам со деца, ги тренирам кошарка, ги пратам какви се. Све некои лењави бре, свилени, без желба да се докажуваат, да се борат... Вчера баш со постариот тренер праевме муабет, вика ова е нешто ненормално, толку да се лигави децава па ја не знам како ги чуваат дома. Абе ние сме се бореле, сме се тепале, дури и кога ќе ме акнеле постарите со лакт или со нешто од страв сум ќутел, глупо ми било да се жалам дека ме боли нешто.

Нема везе забегав малце, али сакав да ја доловам поентата околу денешниве деца.
 
Дебело дете е вина на родителите. Гледам многу од основно и средно школо што едвај идат,да не речам се „тркалаат“. Плус, како што веќе спомнаа погоре,немаат никаква физичка активност, јадат по сендвичари, и цело време се на брза храна,и газирани сокови.

Се согласувам и со тоа дека џабе ако се воведе здрава храна во училиштата, бидејќи штом ќе дојде детето дома ќе му напикаат се живо и диво во уста,прегледнето било.
Никој не може да им вроди на децата осет за здрава,колку толку,храна освен родителите.

И не знам зашто,се некако мислам дека ова се случува најмногу заради „домаќинките“ во ова време. Ги мрзи да спремаат ручек,и нешто набрзина испржи,или на ти сине пари,иди до сендвичара купи си нешто.
 
Не е толку до исхраната колку што е до физичката активност.
Има право Коњаникот, божем ние зелка сме носеле у школо, истото сме го јаделе како и децава сега само работата е што ние на големи одмори и после часови сме играле фубал у школски двор, а не како овие, а заврши час паузата ја користи да пише на фб дека го опоменала наставничката или дека за време на часот се сликал селфи со братот.

После часови исто останување на фудбал, баскет, без разлика. Дома коа ќе дојдеш јадеш набрзинка и мрш на улица те чекаат другарите. Цел ден си надвор мртов уморен у 10 саат си у кревет.
А дечурланава сега, ќе дојде дома од школо, јаде као крмак, седнува пред пц и цел ден дреме као мисир, плус кока кола, благо, грицки-мицки, дреме до касно, сабајле станува за у школо му се лоши од што му се спие, не иде на физичко, утепуе пола тепсија бурек и се заковува на клупа повторно да дреме на фб.
Чао.
 
сите игри им се виртуелно дури не морат до интернет кафе да го мрднат газот
 
Нема врска исхраната, брат ми од кога тргна на тренинг веднаш ослабе.
Треба на физичко образование малку повеќе да ги размрдуваат.
 
претеравте со исхраната убаво ви кажаа, се е до активноста. Оди на стаза, базен, трчај пливај по 10 км ќе видиш како ќе го празниш фрижидерот дома а килограмите ќе се изгубат. Првите неколку пати ќе повраќаш од напор, ќе ти се гади, ќе ти лупа срцето ама после се е си дојде во ред. Да видевте Фелпс во Атина што јадеше во несвест ќе падневте, четири сендвича со мајонез, кечап, пилешко и сланина ги втера за вечера и тоа.
во основно имав строг по физичко и мораа сите да вежбаат, денес колку вежбаат? Петорица во клас? Женските се фуфаат дремат на фб се сликаат, машките и тие во некој метросексуален фазон се внесени, исклучоци има секако. Треба наставниците да ги стегнат малце, три минуса кец и ќе видиш како ќе вежба.
 
Јас не сум воопшто физички активен, се хранам како вол (додуша прилично разновидно и без многу брза храна), пијам газирани сокови и пак не сум дебел :X3:

Едноставно на некои луѓе семката им е таква. Имав еден школски другар кој беше труп во форма на човек, а потоа во наредните години преку спортот прилично ослабна и сето тоа, ама формата пак му остана иста. Се гледа дека бил дебел иако има помалку килограми и од мене.
 
Да ги прашате dzonyb или LION зошто се дебели децата, ќе ви одговорат дека стандардот во државава е дигнат, милион фабрики се отворени и луѓето имаат многу за трошење, па затоа јадат како луди, и нормално, затоа се дебели.
 
Спорт, само спорт му е мајката, мрдни го газот малку ќе видиш како има резултат. Јас од лично искуство си знам, скоро секогаш се трудев да се хранам што е можно поздраво, почесто јадам домашна храна и одбегнувам хамбургери и тостови колку што се може нели, ама пак бев дебел. Џабе се храниш здраво ако цел ден си на компјутер и немаш никаква физичка актвност, кога не трошиш ништо и тоа малку што го внесуваш ќе биде вишок. Некој ќе рече не ме бива за спорт не тренирам, немора бе, само трчање може, ама сите ги мрзи, на стадион 3 години трчам веќе цело време се истите луѓе, новите ќе дојдат во јуни и толку. Кога ќе бидиш физички поактивен и енергија имаш повеќе и поотпорен си. Кога јас можев за година ипол да симнам 27 кг и да се вратам во форма, може секој, прашање е само дали и колку тоа го сака.
 
Не мислам дека е дотолку до исхраната колку што е до самиот нездрав начин на живот и технологијава.
Воопшто децава не верувам дека јадат нешто поразлично од ние тоа што јадевме, и кај нас во основно и средно купувавме тостови, хамбургери и слично, не ни готвеа манџи и овошје и зеленчук. Али не бевме толку опседнати со ова технологијава и по цели ноќи на компјутер за да ни се поремети цел систем. После школо, или пишиш домашно и читаш, па шеташ нагоре-надолу, не седиш на компјутер, не дремиш на телефон, играш во маало, брканици, глупости. Се знаеше кога се легнува, кога се станува, кога се јаде, и уште побитно, што се јаде.
Моиве не ми створија навика да јадам се и сешто. Кока кола пијам, па да не претерам еднаш во два месеца, кога ќе добијам желба ептен. Општо газирано не пијам ич. Чипсови, смоки, грицки, скоро и да не гледам дома. Мајонез со години немаме во фрижидер, чоколади едвај некогаш кога ќе те фати криза за благо. Овошје и зеленчук има секогаш по нешто. Ни моиве, ни јас, ни брат ми, никогаш не сме имале проблем со тежина.
Мора родителиве да обрнат малце повеќе внимание што јадат децава и да гледаат какви навики си ствараат. Не можеш само со грицки, чоколади и кока кола да го храниш, ама ваљда толку се преокупирани мајкиве со глупости, па детето може да јаде што и да се најде во фрижидер.
 
Сите сме во право на темава, реално поденакво важни се и здравата исхрана и физичката активност, не треба од друга страна на дете да му се стави некако воен режим и замо зелки и краставици да јаде, нека си јаде и благо и сендвичи понекогаш, се е до балансот.

За физичка активност мое мислење е дека кај машките и не е толку проблем да се натераат на тоа, мој впечаток е дека девојчињата и тинејџерките имаат многу поголем пробел со вишокот килограми од нивните врсници од спротивниот пол.
 
Дете како дете не сфаќа што значи тоа дебелина, туку дете како дете се води по вкусот, што му е вкусно тоа највеќе ќе јаде. Башка метаболизмот не е кај сите ист................ некои и 100 хамбургери да изедат ќе бидат слаби, а некој да изеде еден хамбургер одма ќе се здебели.
Но и родителите се оние кои грешат при исхраната на детето..........., попаметно е да му испраќаат од дома за ужинка сендвиче со патлиџан, краставица и салама посебна, одколку да му даваат секој ден 100че и секој ден да се начукува со хамбургери.
За ручек на детето нема да му се купува помфрит со многу кечап и мајонез зошто несакало да ја јаде компир манџата, туку ќе јаде или манџа или нешто друго што има од фрижидер.

Но на таа возраст за која ти си спомнал/а јас колку што знам сите деца се помалку или повеќе дебели. На крај краева кога ќе дојде во пубертет и ќе сфати колку значи изгледот самото ќе посака да ослабне.

Јас до 5-6 одделение бев ко ѓуле, потоа почнав да сфаќам дека и изгледот значи многу, па почнав да слабеам, трчам, вежбам......, па еве сега да ме видиш имам одлично тело.


И убаво рекле............ дебели, ама среќни........................ детето порано или подоцна ќе ослабне:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom