Vartolu
The Infamous Mobb
А кај тоа пишав јас дека Америка го нема направено ова? Само ти пишав дека ако се менува власта во државата не значи дека на државата треба да и се заборави минатото и нејзините дела или недела, и ја посочив Америка како една од велесилите што има најпресен Претседател, ништо повеќе. Еве да претпоставиме дека дошол Трамп, и ја менал за 180 степени политиката на Америка. Дали тоа автоматски ги брише сите овие работи што ги спомна?Во САД не е променето ниту општественото уредување, ниту домашните политики, ниту надворешните политики на државата. Само е заменета една администрација со друга.
Во Русија имаше Февруарска Револуција во 1917 година, па потоа Октомвриска Револуција истата таа 1917 година, па граѓанска војна, па формирање на нова држава Сојуз на Советски Социјалистички Републики.
Во САД немало никакви општествени промени од 1960-те и 1970-те години кога беа активни движењата за граѓански слободи и права и против учеството на САД во Виетнамската војна.
Доаѓањето на Доналд Трамп во САД не промени ништо во внатрешните и надворешните политики на САД.
И понатаму САД го негираат територијалниот суверенитет на Србија врз Косово, и понатаму на секој кој ќе се осмели отворено и јавно да изјави дека е против Охридскиот рамковен договор, договорот од Нивици - таканаречен Преспански договор, или против договорот за добрососедски односи со балкански татарстан, му следува забрана за влез во САД.
На блискиот исток САД и понатаму го поддржуваат геноцидот кој Израел го врши врз Палестинците во Газа, ја признаваат владата на ИСИЛ/ИСИС/ИД во Сирија предводена од обезглавувачи на луѓе и трговци со бело робје, и прават подготовки за нова воена агресија врз Иран.
Во Украина САД и понатаму ја поддржуваат нео-нацистичката хунта во Киев, снабдувајќи ја со разузнавачки информации против Русија, како и индиректно со вооружување купено од страна на европските држави, наместо отворено и јавно да гарантираат неутрална Украина и ставање крај на било какво понатамошно проширување на НАТО.
И се на се` после 20 јануари 2025 не се промени ништо во САД освен администрацијата на федералната влада на САД.
А да, има една новост: воена агресија во Карибите со бомбардирање на неидентификувани чамци во меѓународни води.
п.с. Го молам Лорд Бебо да не се нервира, да олабај малку, ако не можи, да рокни едно хелексче две, дали од мавањето толку главата во ѕидот, веројатно почна да си контрира самиот себе си, и сега треба да ги трпиме неговите испади тука...Ајт сиктер!