Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    762
Не би му заборавил, но не ти е на место примерот, бидејќи тоа што он променил сексуална ориентација не е никако релевантно у контекст на тоа што ми спасил живот, а промената на политичката ориентација на Украина е скроз релевантна во контекст на давање оружје. Како што кажав, денешнава Украина исто така ќе праќаше оружје, ама на Албанците, најверојатно како и сите други - преку ОБСЕ и сл.
 
Абе пак одиме со шта би кад би, сега може да прејудицираме што ќе се случи ако се случи ова, пак е во рангот на шпекулации и претпоставки, а како би било, да дај Господ секогаш да претпоставуваме.

Епа и Украина промени, но до ден денешен Украина со ништо не ни има направено лошо, ниту со таа постава на владение во 2001ва, ниту со овај Зелениот сега...Никаков чин на непријателство...
 
Зошто не го цитираш членот на кого му реплицираш?
 
Абе пак одиме со шта би кад би, сега може да прејудицираме што ќе се случи ако се случи ова, пак е во рангот на шпекулации и претпоставки, а како би било, да дај Господ секогаш да претпоставуваме.

Епа и Украина промени, но до ден денешен Украина со ништо не ни има направено лошо, ниту со таа постава на владение во 2001ва, ниту со овај Зелениот сега...Никаков чин на непријателство...
Затоа често знам да кажам дека истите кои стојат зад Украина, со децении стојат и зад нашите душмани, при сите нивни бизарни барања.

Но, на страна тоа што Западот го прави со нас децениски, на страна тоа што Русија јасно кажа дека ништо од нас не бара освен соработка чие ниво ние сами си го одредуваме, на страна тоа што оваа Украина е натипод на онаа која нам ни помагаше, на страна све тоа...

Политиката на Западот (и тоа зборувам за внатрешна политика!), ако било кој со здрав разум ја опсервира денес, никако не би навивал за овој, ваков Запад. Никој, ниту еден со два грама мозок, не би сакал исламизација на својата земја, анти-христијанство и се друго што подразбира нивната идиотска идеологија (од забрана за U-turn знаци, до сечење курови на деца).

btw, ја никад не сум бил за Русија, цело време за Америка сум бил, сум штрчел меѓу децата у "комунизмот".
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Епа по вашата логика, значи и на Америка треба да и се простат гревојте, бидејќи сега Трамп е на власт, и оваа е друга Америка, а таа беше друга? Веќе кога мериш со едни аршини...

Во САД не е променето ниту општественото уредување, ниту домашните политики, ниту надворешните политики на државата. Само е заменета една администрација со друга.

Во Русија имаше Февруарска Револуција во 1917 година, па потоа Октомвриска Револуција истата таа 1917 година, па граѓанска војна, па формирање на нова држава Сојуз на Советски Социјалистички Републики.

Во САД немало никакви општествени промени од 1960-те и 1970-те години кога беа активни движењата за граѓански слободи и права и против учеството на САД во Виетнамската војна.

Доаѓањето на Доналд Трамп во САД не промени ништо во внатрешните и надворешните политики на САД.

И понатаму САД го негираат територијалниот суверенитет на Србија врз Косово, и понатаму на секој кој ќе се осмели отворено и јавно да изјави дека е против Охридскиот рамковен договор, договорот од Нивици - таканаречен Преспански договор, или против договорот за добрососедски односи со балкански татарстан, му следува забрана за влез во САД.

На блискиот исток САД и понатаму го поддржуваат геноцидот кој Израел го врши врз Палестинците во Газа, ја признаваат владата на ИСИЛ/ИСИС/ИД во Сирија предводена од обезглавувачи на луѓе и трговци со бело робје, и прават подготовки за нова воена агресија врз Иран.

Во Украина САД и понатаму ја поддржуваат нео-нацистичката хунта во Киев, снабдувајќи ја со разузнавачки информации против Русија, како и индиректно со вооружување купено од страна на европските држави, наместо отворено и јавно да гарантираат неутрална Украина и ставање крај на било какво понатамошно проширување на НАТО.

И се на се` после 20 јануари 2025 не се промени ништо во САД освен администрацијата на федералната влада на САД.

А да, има една новост: воена агресија во Карибите со бомбардирање на неидентификувани чамци во меѓународни води.
 
Последно уредено:
1. Околу тоа правниот наследник на СССР, сѐ што останало на украинска територија станало сопственост на Украина. Тоа значи дека Украина имала суверено право да располага со тоа оружје — да го користи, модернизира, продава или уништува. Напротив, Русија скоро во сите случаи била ПРОТИВ продажбата на оружјето, бидејќи Русија е наследник во меѓународно-правна смисла, но не е имотен наследник на сè што физички припаѓало на СССР.

2. Точно дека Русија има закон за забрана за препродажба на оружје на Руската федерација без претходна согласност, ама оружјето НЕ Е од Русија, туку е остаток и сопственост на Украина, како наследство на СССР.

Не одолговлекувај, веќе ти одговорив.

По твоево „толкување„ на работите околу украинското оружје, ќе испадне дека Украина не требаше да го предаде/врати своето нуклеарно оружју во Русија, според договорот од Будимпешта од 1994-тата, само затоа што нуклеарното оружје се нашло на украинска земја после распадот од СССР.

Во времето кога Украина ни продаде оружје, Украина беше во поблиски односи со Русија...веќе кажано на темава.
 
Абе пак одиме со шта би кад би, сега може да прејудицираме што ќе се случи ако се случи ова, пак е во рангот на шпекулации и претпоставки, а како би било, да дај Господ секогаш да претпоставуваме.

Епа и Украина промени, но до ден денешен Украина со ништо не ни има направено лошо, ниту со таа постава на владение во 2001ва, ниту со овај Зелениот сега...Никаков чин на непријателство...

Никој не спомна дека Украинците нешто ни имаат згрешено на нас Македонците.

Тоа што им се случува на Украинците од 2014 година па наваму не е по нивна вина, но ќе биде нивна вина доколку не се спротивстават и доколку не расчистат со нео-нацистичката хунта во Киев која им ја инсталираа западните држави во 2014 година.

Жалосно е, но Украинците можеа да бидат неутрални и после 2014 година и после 24 февруари 2022. Но нео-нацистичката хунта во Киев го одбра патот на крвопролевањето и само Украинците можат да стават крај на истото.
 
Нео-нацизмот во Украина не е „од вчера„, туку уште од „ратот„.

Плус, во времето од европското фудбалско првенство од 2004-тата (ако не грешам...), кое се одржуваше во Полска и Украина истовремено, во Украина беа „инсталирани„ западни шпионски дувла, кои практично го подготвија и изведоа „Мајданот„, како престврница за Украина во однос на Русија.
 
Политиката на Западот (и тоа зборувам за внатрешна политика!), ако било кој со здрав разум ја опсервира денес, никако не би навивал за овој, ваков Запад. Никој, ниту еден со два грама мозок, не би сакал исламизација на својата земја, анти-христијанство и се друго што подразбира нивната идиотска идеологија (од забрана за U-turn знаци, до сечење курови на деца).
И во Европа им е дојдено преку глава тоа на домицилното население. Затоа е и подемот на крајните партии во земјите кои имаат антиимигрантска реторика. Мислам дека видоа колку е саатот. Во Шведска еве се укина тој законот за 3-то дете финансирање и други поволности.
 
Русиве деновиве праат егзодус на све што постои од инфраструктура. Гаѓаат далноводи, трафостаници, залихи на гориво, гас, термо централи, мостови некои, дури и возови. Можно е да спремаат терен за офанзива.
 
Факт: таа Украина нема врска со оваа.
Ти можеш да мафташ со тоа фактите колку сакаш: Они се отпорни на факти, па ти ако сакаш од ѕид мавај ја главата (а секако добиваш желба после неколку реплики во ваква „дискусија“). :)
Автоматски споено мислење:

Во САД не е променето ниту општественото уредување, ниту домашните политики, ниту надворешните политики на државата. Само е заменета една администрација со друга.
Во Русија имаше Февруарска Револуција во 1917 година, па потоа Октомвриска Револуција истата таа 1917 година, па граѓанска војна, па формирање на нова држава Сојуз на Советски Социјалистички Републики.

Во САД немало никакви општествени промени од 1960-те и 1970-те години кога беа активни движењата за граѓански слободи и права и против учеството на САД во Виетнамската војна.
Доаѓањето на Доналд Трамп во САД не промени ништо во внатрешните и надворешните политики на САД.
Еве уште еден што се размафтал со факти... Абе што мислите вие бе? Озбилно да дискутираме како разумни луѓе? А? А!?!
 
Колку за информација.

Обуката на македонските пилоти во 2001 се одбиваше на воздуплоховната база Саки, на Крим. Која после 1992 или независноста на Украина после СССР беше користена од Руската морнарица.

Терајте сега понатака муабетот од Сан Стефан.

0000003429_large.jpg

И уште едно инфо
Да, дејствительно, летчики и ИТС Македонии проходили в 2001 году переучивание в Саках(кстати, лјуди дејствительно хотели освоить самолет, а не просто походить вокруг, как те же руандијцы, например). А борта были куплены в Беларуси,не украинские.

Авионите биле купени од Белорусија а не Украина. Ова е инфо од украински припадник на воздуплоховните сили.

Јадете гомна понатака за бате Лукашенко:D
 
Последно уредено:
Колку за информација.

Обуката на македонските пилоти во 2001 се одбиваше на воздуплоховната база Саки, на Крим. Која после 1992 или независноста на Украина после СССР беше користена од Руската морнарица.

Терајте сега понатака муабетот од Сан Стефан.

0000003429_large.jpg
Колку за информација..

Ни еден македонски пилот не леташе Су-25 за време на војната 2001-ва!
Украинци беа пилотите, исто како и пилотите на Ми-24-ките!

Нашиве успеаја да сами си соборат Ми-8!
Иако наклон до под, сепак и транспортните имаа ризични мисии, и главата им беше во торба!
 
Јас не пишав дека летале. Туку дека биле на обука кај што биле. За мене е кристално јасно кој стоеше со помошта тогаш во 2001. А тоа секако не беа ниту Нато ниту силите кои сега ја користат Украина како куртон.
 
Таков впечаток се доби..

Инаку кристално јасно е како беше позиционирана Украина под Леонид Кучма!
Ги прекрши санкциите на НАТО за да ни помогне (не битно од кои причини)!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom