- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.344
- Поени од реакции
- 13.134
Брате, имаш членови на форумов што ќе ти ги набројат сите села во Русија, додека немаат слушнато за мостот на Зовиќ... Верувај, ги боли цеф и Русите и Америте за нас, тие си го гледаат интересот. Утре ако на Русија и биде интерес да не окупира Бугарија, око нема да и трепне, како на Америка што не и трепна око 2001ва со прво терористите а потоа борците за слобода.
Времето ќе си го покаже тоа, историски балкански татарстан војувал против Руската Империја во Првата Светска Војна, против Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна, а денес е против Руската Федерација поддржувајќи ги економските санкции на ЕУ и активно учествувајќи во воените политики на НАТО.
А северенфиромистан како полноправна членка на НАТО не треба да очекува било каква помош од Русија бидејќи иако ништо не ни има згрешено од 1991 година па наваму сепак активно учествуваме во воените дејствија на НАТО против Русија, како на пример со обучување на украински војници на македонска територија и испраќање на воена помош за нео-нацистичката хунта во Киев, а иако не сме држава членка на ЕУ, сепак на дело спроведуваме санкции против Русија.
Но тоа не го менува фактот дека од 1991 година па наваму Русија на никаков начин не ги има поткопано или на било каков начин оштетено македонскиот државен суверенитет, самостојност и територијален интегритет, за разлика од нашите западни "пријатели" и "сојузници".
Последно уредено: