Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?

  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
сезонава буквално и Евертон може да освои е до толку е луда сезонава со триста преокретпослем 19кола лидерот со 41 бод, ова одамна го немало у ПЛ

Sent from my iPhone using Tapatalk

Го немало никогаш од основањето. Буквално е очаен фудбалот. Не може ни многу да им се забележи на екипите, јебига.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
сезонава буквално и Евертон може да освои е до толку е луда сезонава со триста преокретпослем 19кола лидерот со 41 бод, ова одамна го немало у ПЛ

Sent from my iPhone using Tapatalk
Астон Вила исто така, 26 бода на 16 утакмици (-3 од Јунајтед). Ако ги победи заостанатите ќе имаат 35 бода, ќе дојдат на само -5 од Јунајтед.

Иако би сакал да освои Лестер, сезонава Сити ми е главен фаворит да земе. Евертон и Тотнем не би ги отпишал исто така.
Се зависи како ќе бидат со повреди, со згуснатиов распоред, уште пола сезона останата + европа кој тим ќе има најмалце повреди тој ќе освои... :D
Сеа за сеа Јунајтед и Тотнем се едини без повреди.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Алгоритмот на јутуб во последно време се дрогира, па од никаде ми го даде следново видео: :toe:

Само уште музиката на Бени Хил фалеше во позадина. :pos:
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Листам во темана за трансфери и ми искача Мет Рајан во Арсенал, WTF. o_OГледам не ни бранел на последните натпревари. Се има нешто спукано или што е работава?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.501
Поени од реакции
6.128
Листам во темана за трансфери и ми искача Мет Рајан во Арсенал, WTF. o_OГледам не ни бранел на последните натпревари. Се има нешто спукано или што е работава?
Го фатиле со Линда Блок, жената на газдата.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670

Јас кога пишував на почеток на сезона овде дека 3 сезони одприлика трае пикот на еден тим и си сака освежување бар во напад и средина кај беше Карагер? :D
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260

Јас кога пишував на почеток на сезона овде дека 3 сезони одприлика трае пикот на еден тим и си сака освежување бар во напад и средина кај беше Карагер? :D
То беше и поентата со доведувањето на Жота и Тиаго. Реално, Ливерпул во Жота доби одлично засилување и во многу натпревари сезонава беше „икс факторот“. Тиаго се уште „се бара“ или пак Клоп се уште му ја бара позицијата во тимот.

Мислам, а и се надевам, дека со враќањето на Жота во тимот колку-толку офанзивата ќе заличи на нешто шо личеше претходно, за разлика од последните 5-6 натпревари.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
То беше и поентата со доведувањето на Жота и Тиаго. Реално, Ливерпул во Жота доби одлично засилување и во многу натпревари сезонава беше „икс факторот“. Тиаго се уште „се бара“ или пак Клоп се уште му ја бара позицијата во тимот.

Мислам, а и се надевам, дека со враќањето на Жота во тимот колку-толку офанзивата ќе заличи на нешто шо личеше претходно, за разлика од последните 5-6 натпревари.
Тиаго - да. Плус беше тип на играч што му фалеше на Ливерпул во средина. Жота повеќе беше донесен да покрие според мене, ама успеа да се наметне како регуларен последните месец дена пред да се повреди. Сепак, можеби требаше да си бараат и 9ка, па марак и како краткорочно решение.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Со едно освежување ништо работа, посебно на стил на игра висок пресинг. Кога тогаш мораше да дојде до замор на главните играчи. Реално и повредите ги уништија. Одбраната сега им е нула, без ВВД бековите не се ни на ниво на просек, се чуствува несигурност во целиот тим. Деветка, бар како ние замислуваме би им ја успорила играта, евентуално нешто топ класа би идело во прилог, ама таков немаше слободен. Сем Кавани разбира се :D .
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.567
Тиаго - да. Плус беше тип на играч што му фалеше на Ливерпул во средина. Жота повеќе беше донесен да покрие според мене, ама успеа да се наметне како регуларен последните месец дена пред да се повреди. Сепак, можеби требаше да си бараат и 9ка, па марак и како краткорочно решение.
Заебана работа е да најдеш замена напаѓач у денешно време, некој што ќе ќути и нема да замара што евентуално не игра, а особено не играч што може да покрие повеќе позиции во нападот како Жота. Реално да не беше повреден Жота периодов и Фирмино и Мане ќе беа на клупа некој меч пошо се во криминална форма, а вака изборот е тој и мора да играат. Ок, го имаат и Ориги ама импактот е далеку од потребниот кога е тој во игра.

У бонус е Пул нема збор тука, ама премногу ги искинаа повредите сезонава. Да не заборавиме дека имаат константно двајца или тројца повредени штопери, нека се сјебат Мегваер, Линделоф и Баји кај Јунајтед има по 7 гола у просек да примаат, мислам ме сфаќаш што ми е поентата. Исто да не се заборави дека Фабињо и Хендо покриваат на штопер и со тоа се десеткува и средината, особено ова важи за Фабињо кој е и те како преквалитетен заден везни. Уште не е ништо готово, Ливерпул е екипа која поседува огромен квалитет во екипа, им фалат една-две победи за да ја повратат самодовербата и пак да заиграат шампионски. А да бидеме реални сем Сити никој од останатите што се при врвот не може на подолго време да задржи форма без да кикса. Мада и Сити ќе ги видиме сега без КДБ околу месец и кусур.
 
Затоа и го земаа Жота (кој не е ни шпиц додуша), ама целта беше да седи и ќути и да покрива кај и да има потреба во напад. Ама јас зборев за некој што од сам старт ќе беше конкуренција за прв тим. Реално со распоредов и тоа како можеше добро да им дојде, милион утакмици се играат во месец дена - простор за ротација и место за сите ќе имаше сигурно. :) Жота пак може да покрива и за некој од средина на 10ка, со тоа што би играле 4-2-3-1.

Муабетот со повредите држи вода, ама пак донекаде проблемите напред што ги имаат не знам како би ги поврзал со одбраната. Точно дека ВВД им е многу битен играч за билд-ап играта, од него практично им почнува секоја акција, плус знае да пушти одлични дијагонали напред и да дојдат напаѓачите во гол шанса.

Ама Ливерпул против екипи што се бранат со 120 души во 16ник почнаа многу тешко да креираат шанси. И овој проблем им се провлекува од лани, мал милион пати тепаа лани вакви утакмици со голови "на сила" последни 10 минути. Aма додека тогаш било менталитет и сите биле среќни и задоволни, требало во меѓувреме да размислуваат како да го решат тој проблем. Затоа зборам за 9ка што ќе донесе некоја нова опција напред во вакви ситуации.

Тоа дека е лош период нема збор, моментумот знае да изигра клучна улога во фудбалот, посебно при ваква сезона кога се игра на секои 3 дена. Ете победа со Тотенхем во четврток може да ги "шифтне" назад и да им биде пресвртница на сезоната. Пораз од друга страна може да ги пушти во бездна, од која би им било мноогу тешко да се извлечат.

Околу киксевите, ќе видиме. Кажав јас, за мене моментално прашањето за кој би бил шампион е скроз отворено. Сите што се во топ 6 имаат изгледна шанса и треба да имаат едно око на титулата, ама многу лесно може да излезат и од борба за ЛШ и да се тепаат со Арсенал и Челзи за Лига Европа. :D
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Наредната со Тотенхем е, ќе фрчат искри :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.567
Муабетот со повредите држи вода, ама пак донекаде проблемите напред што ги имаат не знам како би ги поврзал со одбраната.
Па ти кажав погоре, двајца везњаци првотимци им играат штопери, плус главното засилување во средина цела полусезона беше повреден. Сами ли да играат напаѓачите? Точно е дека се сите вон форма, особено Фирмино глупакот, ама за тоа има и други причини, спомнав да не се повторувам. Ливерпул е јак како целина, не зависи од еден играч, затоа моментално сите се во лоша форма, онака екипно, од голман па до шпиц.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Па ти кажав погоре, двајца везњаци првотимци им играат штопери, плус главното засилување во средина цела полусезона беше повреден. Сами ли да играат напаѓачите? Точно е дека се сите вон форма, особено Фирмино глупакот, ама за тоа има и други причини, спомнав да не се повторувам. Ливерпул е јак како целина, не зависи од еден играч, затоа моментално сите се во лоша форма, онака екипно, од голман па до шпиц.
Двајца везњаци им играа штопери 2-3 утакмици максимум. Башка Ливерпул генерално напаѓа бочно, плус од везњаците најофанзивен им е Вајналдум што си игра на својата позиција и го имаат Џонс кој е сосема солиден играч. Како и да е, факт е дека лесно можат да се вратат на победничките патеки, исто како што е факт дека им фали различна опција во напад, без разлика дали се вратиле на победничките патеки или не.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom