Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?

  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Член од
29 јуни 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.855
Абе абе, убава е табелава вака... :)

Ако Мурџо трефне со кокошките, ќе докаже дека е менаџер за тимови во создавање! Штом ја освои првата титула, чекај бељи! За етаблирани тимови, не го бива!
Друже, ако освои Мурињо со кокошките ќе докаже дека е најдобриот тренер у свет моментално.
Какво е тоа создавање, етаблирани тимови итн. Кај и да отишол донел трофеј со него. Убедливо еден од најдобрите стратези во последниве 15тина години. Шо во ПЛ што во цела европа.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
4.977
Поени од реакции
4.754
Абе абе, убава е табелава вака... :)

Друже, ако освои Мурињо со кокошките ќе докаже дека е најдобриот тренер у свет моментално.
Какво е тоа создавање, етаблирани тимови итн. Кај и да отишол донел трофеј со него. Убедливо еден од најдобрите стратези во последниве 15тина години. Шо во ПЛ што во цела европа.
Најдобар стратег да, најдобар тренер не.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.855
Најдобар стратег да, најдобар тренер не.
Затоа и пишав најдобар стратег. Перфектно знае да постави игра. Олд Скул е, не сака старлети, инстаграмџии,гејмери у тим. Дај му играчи и ќе ти дае титула.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
6.408
Поени од реакции
5.370
Затоа и пишав најдобар стратег. Перфектно знае да постави игра. Олд Скул е, не сака старлети, инстаграмџии,гејмери у тим. Дај му играчи и ќе ти дае титула.
у Јунајтед му дадоа...

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
4.977
Поени од реакции
4.754
у Јунајтед му дадоа...
не бе брат ми, иван перишич со марсијал трампата му ја пропаднаа, иначе знаеш ли што ќе беше тоа, титулата ќе ја зедовме.Уште Перишич ни фалеше таа година.Џабе, не го поддржала управата, што ќе прави он со 2 нови штопери, десно крило + светска класа лево крило што испадна најплатен играч во ПЛ, 2 напаѓачи, 2 класа везњаци + уште еден од 60 милиони, по некој талент ... Све е тоа боранија, требало уште.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.855
у Јунајтед му дадоа...

Sent from my iPhone using Tapatalk
Другар, Мурињо и на вас ви донесе титула. Ако не се лажам и последна ви е, а прва поголема после САФ.

не бе брат ми, иван перишич со марсијал трампата му ја пропаднаа, иначе знаеш ли што ќе беше тоа, титулата ќе ја зедовме.Уште Перишич ни фалеше таа година.Џабе, не го поддржала управата, што ќе прави он со 2 нови штопери, десно крило + светска класа лево крило што испадна најплатен играч во ПЛ, 2 напаѓачи, 2 класа везњаци + уште еден од 60 милиони, по некој талент ... Све е тоа боранија, требало уште.
У право си.
Еве глеам од коа си отиде Мурињо не земавте плејмејкер, нов лев бек, имате класа крила, не го срушивте рекордот за најскап халф...

У превод се шо бараше Мурџо му дадоа на Оле. Освен Крила. А крила сеа немате реално.
Вилиан ваков таков бар е класично десно крило, перишич коа Мурињо го бараше беше втор најдобар играч во Интер (после Икарди). Страшно добро лево крило.

Факт е дека на Јунајтед му фалеа тие играчи,уште му фалат крила. Марсијал нека е жив и здрав ама превара од шпиц ми е мене лично.
Нема везе, нека ви е со среќа и со лесно.
Се надевам дека Оле уште 10 години ќе си остане тренер на Јунајтед, баш си одговараат некако со управата и фановите. :)
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.249
Поени од реакции
764

Da, dobro sto ostana Marsijal i ne si otide. Ete so nego zedovme 2 pl tituli.

Ps. Fennel na aparatima! :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Перишич од тоа лето е во надолна линија, тогаш искрено мене ми се бендиса и сакав да дојде, ама не по сметка на губење на Марсијал.Мурињо си доби освен Перишич генерално се и тоа без многу приговарање.Го имаше Марсијал со 11 гола и 10 асистенции за 4 месеци (што за 21 годишник) беше предобар износ, го бенчна и го шлапна Алексис Санчез на лево крило кој исто така му го донесоа без приговор, а типот беше ко аутистичен.Башка ги имаше Микитарјан (кој беше доста солиден кај нас) и Лингард за десно.Вториов играше доста солидно тогаш.
Квалитетен стратег е Жозе - ужасен тренер и менаџер, ама имал поддршка и тоа добра.Фала му за титулите и што ја изложи неспособната управа во првиот момент кога виде дека ќе го јаде иако му задоволувале желби.

Оле си го доби плејмејкерот зошто се очекуваше Погба да си оди, дефанзивецот зошто претходно ја имавме најлошата одбрана во историјата на клубот во ПЛ.Од паразитите никако да се отарасат.Камо среќа Оле да беше поддржан како Мурињо, сезонава кога требаше исчекор да направиме, му истурија кофа со гомна.
Автоматски споено мислење:

Од Марсијал ќе извадиш кеш и ќар, усташов го нудат веќе 2 години ко селска ку*ва и никако да го откачат.
 
Ne mi e gajle za profitot na klubot. Rezultati sakam, plus toa leto trebase i Wilian da dojde, ama Ed ne dozvoli.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
30.116
Поени од реакции
35.995
не бе брат ми, иван перишич со марсијал трампата му ја пропаднаа, иначе знаеш ли што ќе беше тоа, титулата ќе ја зедовме.Уште Перишич ни фалеше таа година.Џабе, не го поддржала управата, што ќе прави он со 2 нови штопери, десно крило + светска класа лево крило што испадна најплатен играч во ПЛ, 2 напаѓачи, 2 класа везњаци + уште еден од 60 милиони, по некој талент ... Све е тоа боранија, требало уште.
Види сега, факт е дека Жозе сам си го потпиша отказот во Јунајтед кога влезе во војна со сите и со срамните прес конференции. Факт е и тоа дека (дури мислам и намерно) претеруваше со канцер играта со цел да се лично да се докажува со сите што му јадеа гомна.

Но исто е факт дека после најдобрата сезона на клубот во пост-Ферги ерата, тие место да го поддржат и да му донесат што сака, му го купија само факинг Фред, а сите знаеме колку очајно ни требаа засилувања во одбраната тоа лето.

Горе викаш дека му донеле 2 нови штопери, што е точно. НО, Баји е повеќе повреден од што е фит, плус Линделоф не е за лидер на одбраната во никој случај. Така да, кога ќе видиш, со право си бараше уште еден играч на таа позиција. (Кој вушност беше донесен наредната сезона за 70 и кусур милиони фунти).

Од тие двајцата везњаци, да не заборавиме дека едниот кога дојде веќе беше 30+ и реално повеќе беше краткорочно решение, а другиот излезе најголемото лигле на светот. Мада, не сум ни сигурен дали Жозе го бараше Погба или некој комерцијален дил со Адидас беше тоа. Тој 60 милионскиот е Фред......

Шпиц исто доби во Ибра, што секако е само краткорочно решение, додека Лукаку имаше сосема океј скор во сезоната под Мурињо. За Санчез исто малце дискутабилно ми е дали беше негова желба или чисто сакавме да ги тепаме Сити бар на некое поле и им го земавме пред нос. Како и да е, на крај пак поразени излеговме, со оглед на неговиот учинок во Јунајтед. Десен бек не доби, а сите знаеме колку му требаше, плус лев бек исто така.

Кога ќе видиш, Мурињо имаше просечна прва сезона, во која сепак освои два купа (Лига Куп и Лига Европа), втора сезона во која, освен мизерниот пораз во ЛШ од Севиља, го извади максимумот од тимот. И мизерна трета сезона, во која, како што кажав влезе во војна со сите и практично "си го потпиша" отказот.
 
На врв Bottom