Не знам за од основање, ама знам дека сега имаат газда евреин кој и покрај новиот стадион и играњето финале во ЛШ лани го носи клубот во надолна линија. Ако ме прашуваш историски, срам ми е да објаснувам што е Интер а што Тотенхем во светот на фудбалот. Моментално Интер е клуб со веројатно најголем процент на раст на вредноста на клубот, зашо откако влезе Сунинг во тимот работите отидоа во нагорна линија. Да беше ова старата управа Хакими ќе го земевме кога врбата ќе родеше грозје, а вака стручниот штаб на чело со CEO-то Марота врши одлична работа.
Искрено Конте сезонава ја усра работата и очекував повеќе, али сепак начека тим кој едвај влегуваше во ЛШ претходни две години и треба време да го скоцка тимот по свој терк.
Така да моментално Тотенхем е далеку позади Интер на секој можен план, а со оглед на тоа дека покрај Сити и Ливерпул, растат и се појачуваат и Јунајтед и Челзи, искрено не гледам што ќе се промени кај нив во скоро време. Веројатно ќе го изгубат и Кејн во следните сезона-две, нарочито ако не фатат ЛШ оваа и следната сезона.