Мислам дека не ни претпоставиле да имаат толку многу ситуации со ВАР каде буквално милиментри одлучуваат за офсајд, секое коло на 3-4 утакмици глумат форензичари и анализираат цртаат и пак и по тоа што е стаено не можеш 100% да си сигурен дека е точно. Се слагам дека ваквите ситуации може и во иднина да се баталуваат, ја не гледам како некој напаѓач се здобил со предност ако милиметар е понапред со рамото најискрено, или колено или со врквата од копачката, истата предност условно речено ја има и ако не е односно да е во линија или милиметар поназад, буквално ништо не менува тоа во дадена ситуација.
Друго ќе е ако е пола метро понапред, или помалце ама да е видлив офсајд и стварно да има предност во однос на дефанзивецот, ама вака нема, и би требало во иднина ваквите ситуации да се игнорираат,т.е. ја сум прилично убеден дека ќе се игнорираат и ќе ја дозволуваат оваа луфта со која играчот од нападот нема апсолутно никаква предност пред дефанзивците.
Тоа минимално микроскопско растојание дали е офсајд или онсајд не менува апсолутно ништо.