Premier League - Season 2016/2017

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    218
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
И мене не ме импресионира братот Џака денес, но прва утакмица му е како стартер, на еврото го видов до два наптревара, делуваше сосем солидно, прерано е било какви заклучоци да се носат за него.
 
Ама чекај Топче, да не нема Арсенал финансии да плати 50ка за Стоунс или па 30 за Мустафи или па за Умтити колку што плати Барса? Вилијамс за 12ка прејде во Евертон, искусен дефанзивец што не се повредува, лидерски материјал е, бескомпромисен е во дуели, игра и повреден итн... :) А друга ситуација е што лесно можеш да го видиш ефектот на Погба во Јунајтед и на Стоунс во Сити. Ете и за Конте истото важи само што не ми прелетала таа изјава, можеш да видиш и по реакции кај фанови на Челзи дека не им е сеедно за ситуацијата само што на крај мислам дека ќе треснат и тие страшна сума за Кулибали а Конте само пробува да створи притисок врз Наполи. Истава игра ја игра Роман што им ја играше на Бенфика за Давид Луиз па го зеде последниот ден за колку што побара Бенфика.
Вечнаја памја на уште една сезона на Челзи ако се ослонат само на Тери, Зума и Кејхил, макар што олеснителна околност за нив е што тие немаат ни ЛЕ ни ЛШ.

Немаме пари колку што медиумите лупетаат.
Настрана тоа што тие играчи не вредат толку освен океј можеби Вилијамс.

За Мустафи не коментирам, пошто не го имам гледано и ќе треба некој од фан клуб Валенсија да каже дали и колку вреди. Ама тоа е траснфер што може да се случи за 25 милиони колку што се шпекулира и веројатно него ќе го земеме.

И тие клубови како Лион, Наполи, Порто и Бенфика можат да бараат толку пари пошто Челзи, Сити и Јунајтед се спремни да платат и над реалната цена. За жал тоа ствара два различни маркети. Ако играчот е баран од англиски тим кошта 2-3пати повеќе отколку ако е баран од германски/шпански.[DOUBLEPOST=1471720920][/DOUBLEPOST]

Јас си мислев на три ама ете на третиот со Франција официјално одбрале друг, а Џака беше најдобар и таму :)
 
Немаме пари колку што медиумите лупетаат.
Настрана тоа што тие играчи не вредат толку освен океј можеби Вилијамс.

За Мустафи не коментирам, пошто не го имам гледано и ќе треба некој од фан клуб Валенсија да каже дали и колку вреди. Ама тоа е траснфер што може да се случи за 25 милиони колку што се шпекулира и веројатно него ќе го земеме.

И тие клубови како Лион, Наполи, Порто и Бенфика можат да бараат толку пари пошто Челзи, Сити и Јунајтед се спремни да платат и над реалната цена. За жал тоа ствара два различни маркети. Ако играчот е баран од англиски тим кошта 2-3пати повеќе отколку ако е баран од германски/шпански.
Ама ако бараш некој да ти вреди за парите денес, си го обрал бостанот. Последен ваков менаџер што бараше вредност на пазарот кога купуваше а носеше трофеи за жал беше Фергусон. Секако дека вие како фанови на Арсенал ја познавате повеќе финансиската ситуација во клубот меѓутоа лошо е ако клуб базиран во главна европска метропола како Лондон, кој работи без загуби како што велите, со најскапи сезонски влезници и ред други работи не може да си дозволи да преплати некого. Кристал Палас дадоа 32 милиони фунти за Бентеке, не верувам Арсенал да не можат да одвојат 50 за Стоунс (пример). Супер ако го земете Мустафи ама лошо ќе биде ако останете на овој состав, нешто како лани само со Чех.
 
Wenger: "No-one speaks about Holding's performance today. You should be happy because he's English. Maybe it's because he didn't cost £55m."
 
И шо сеа, треба да се молиме 20 годишен дефанзивец од Болтон да изигра сезона од соништата, сепак мислам дека ќе земеме уште еден дефанзивец, дали мустафа или некој друг важно ќе има, ситуацијат со нападот ми изгледа многу поочајно во моментов.
 
Не туку у право е некогаш.
Како хиени се медиумите и само замараат за трансфери.

Wenger: "It's funny that we come out of football games & have to speak about money instead of football games."

И Пјулис пред некој ден убаво им го тресна.[DOUBLEPOST=1471721607][/DOUBLEPOST]
И шо сеа, треба да се молиме 20 годишен дефанзивец од Болтон да изигра сезона од соништата, сепак мислам дека ќе земеме уште еден дефанзивец, дали мустафа или некој друг важно ќе има, ситуацијат со нападот ми изгледа многу поочајно во моментов.

Не, ама треба да добие поддршка малиот нели. Одигра супер натпревар.

Тоа не го менува фактот дека пак ни фали дефанзивец.
 
Нив тоа им е работа да бидат хиени, отсекогаш сум викал дека новинар е најдолна професија, но не е тоа поентата, поентата е зошто со години самиот признава дека ни требаат повеќе голови во тимот, а главен напаѓач е играч кој не стигнал до 20 лигашки гола во сезона, зошто лани завршивме само со Чех, единствен тим без донесен играч од поле, иако сите знаевме дека Кокелан нема да издржи цела сезона, исто како што сезоната претходно сите знаевме дека не можеме да почнеме сезона со само двајца централни, ситуација во која се наоѓаме и сега.

Нека води он војни и полемики со новинари, не ми е мене тоа проблем, но нека работи во исто време и на решавење на проблемите, а не само на смислување доскочици и смешни изговори.
 
Иначе глеам маубет за пенали..според новиве закони, се повеќе ретардирани пенали може да не очеквуаат сезонава..нема да биде тоа врска со фаворизирање на екипи
Сериозно очекуваш од тренер да каже дека не му го бива тимот кој го води, да го признае тоа? Мурињо да не ви е тренер случајно?
Демек Мурињо тоа си го признава? Лани цело време викаше "Ok e...добро изгиравме, има напредок...." или "Судијата не заеба" :D
 
За мене не беше лош Џака, си одработи улога на дм. Ама не нешто подобро од Елнени и Кокелан т.с со тие 40 мил не направи никаков апдејт на тимот.
Елнени, Кокелан и Џака мора да играат со еден од креативец Вилшер, Ремзи или Касорла...

Катастрофа беа Волкот, Касорла и Санчез беше слаб за негови стандарди.
Тие 40 мил за дм требаше да ги вложи во крило или штопер...


За ова пишав дека Лфц не е фаворит за титула... поради таа неконстантност. Едно коло ќе победат 4-0 наредно колко ќе изгубат од најутепаниот во лигата.


Која разлика е од овој Лестер со Хут и Албрајтон од оној во првото коло со Муса и Хернандез.
Раниери перфектно успаја да го уигра и среди тимот за пл. Еден нов играч им ја мења целата слика...
Менди ми е копи паст од Канте... ама со Муса, Греј ми се тотално различни.
Варди и Махрез се вонформа инаку ќе имаа 2 победи.
 
Последно уредено:

Тенеќе. И со Дортмунд и со Севиља може да постигне многу повеќе ама не, Евертон. Ако треба и за Виган ќе игра ама комфор зоната нема да ја напушта.
 
Во Евертон му е најсигурен првотимскиот статус.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom