Ај вака кога заврши сезоната на кратко мое мислење
Играч на сезоната: Канте
Бејзикли тој е разликата од минатогодишниот Челзи и овој на играчки план. Неуморен, дури и кога тимот не игра добро вадеше солидни партии.
Менаџер на годината: Конте
Пошто се римува со Канте. А и пошто наследи мртов тим, не направи ептен замени во тимот и сепак го освои првенството кога сите пред почеток на сезоната бараа само топ4. И тоа поприлично лесно ја освои лигата.
Откритие на сезоната: Габриел Жесус
Чисто сумњам дека некој го знаеше пред да дојде во Сити. Доминира копиљов, да беше здрав Сити ќе беа можеби и втори. Очекувам следната сезона да биде во топ5 најдобри играчи во лигата.
Трансфер на сезоната:
Канте. Заради тоа погоре што е спомнато. Заслужува и Ибра да биде спомнат тука ипак за џабе дојде и сам на грб го носеше тимот. Да не освоеше Челзи титула можеби на него ќе му ја дадев наградава.
Е сега на спротивната страна што е најлошото оваа сезона.
Најлош играч: Клаудио Браво
Е вака. Ова е малце зезната категорија, ама ќе ја дадам на најлошиот играч на една од екипите со најголем буџет и амбиции. Ова до душа оди на сметка на Пеп кој што го направи еден од најлошите трансфери во историјата. Браво како замена за Харт. Реално Харт е класа подобар од Браво и трошење пари на непотребен и голман без големи успеси е многу глуп потег. После неколкуте грешки што ги направи мислам дека треба да му се даде наградава бидејќи е стартер и немаше огромен напредок во неговата игра. Симоне Заза исто може да се спомне ама тој играше една петина колку што играше Браво, така да играчи што биле па си отишле ми се некако за надвор од конкуренција..
Најлош менаџер: Дејвид Мојс
Можеби немаше буџет како Мурињо, па можеби би се вадел на тоа "Aaaa тимот е глуп, не е до мене!", ама не треба. Реално мора Мојс да биде прогласен за најлош менаџер на сезоната. Ни во еден момент немаше сомневање дека Сандерленд ќе отпаднат од ЕПЛ. А Сандерленд редовно се вадеше последниве неколку сезони. Плус нема тим за убедливо 20то место. Негова работа беше да го извади најдоброто од тимот. После работа во високобуџетен тим со високи амбиции ова требаше да му дојде како кец на десетка. Така да, нема оправдувања.
Разочарување на сезоната:
Ма(х)рез. Е сега тука има многу играчи кои што одиграа под очеквуањата, ама само еден од тие играчи лани беше прогласен за Играч на сезоната. Голем дел од сезоната не беше ни сенка на ланската сезона. Варди вака така солидна сезона извади. Алжирецов...мех.
Најлош трансфер на сезоната:
Погба. Има тука и многу други глупи и непотребни трансфери. Ама Браво ќе остане на второто место поради тоа што беше мноооогу поефтин од французинот. За тие пари да се добијат такви перформанси и на такви очекувања да се добие таков резултат....заслужена мора да биде наградава.