Мислам дека Руни е станат тренер пошто му е досадно да не праи ништо у животот. Реално, Руни изгледа на лик безделничар, што сака да си игра курац по цел ден, да си пие пиво пред продавница, да си се дружи со комшии, да си тера лабав живот без обавези и замарање. Така и сеа, ќе стане од спиење, ќе отиде на тренинг, ќе се позаебава, ќе поигра фудбалче, ќе се истушира ќе си испие 2-3 пивца, ќе отиде дома натака навака муабет ручек а у, кур го боли за школо на децата, тоа све жена му организира, ќе се најаде, ќе се оптегне на кревет да глеа вести и нешто на тв, може да задреме малце, после ќе стане ќе искочи низ двор нешто ќе чепка, ќе поправа косачка, ќе коси двор малце и така.
Нејќе да биде пандит пошто не може да се замара да носи одело, да биде пред камери, нема речник, нема што да праи со циркузанти ко Карагер и Ричардс, нема драж у тоа. Руни носи шушкави и на гз згужвани тренерки што повремено знаат да удрат на пот.
Од нигде никаде стана играч и помошен тренер у Дерби, па после играч тренер, па на крај само тренер, па отиде у Америка и таму тренер да биде, па се врати у Бирмингем, испи отказ кур го боли.
Руни цел живот ќе биде тренер у вакви клубови што потекнуваат од мали мокри и депресивни градчиња каде дружбата со локалците на улица и низ пабовите сеуште живее и ќе живее.
Руни цел живот ќе си биде Руни, и што и да напраи у кариерата никој за ништо никад нема да му најде замерка. И не смее. Кој фактор си ти на Руни да му судиш, на грд кромањонец што има прекрасна и убава жена, и ја варал, и му е простено за истото. Кој си ти да отвараш уста и да го критикуваш него? Што имаш постигнато у животот за да му мрчиш на Руни, нит си подобар фудбалер, нит си побогат нит си попаметен.
Руни не е лепицанер како Џерард, Лампард, Карагер и слични шминкерчиња од негова генерација. Руни е хард кор копач, смрдлив здив со вкус на пиво и кафе, пушач на цигари, непијач на вода, јадач на џанк фуд, играч на билјард, играч на спортска, горд седач и пијач на пиво у механичарската работилница на другар му, нека се вика Глен.