Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 април 2015
Мислења
4.086
Поени од реакции
3.892
Реално, Гарначо не е ни во топ 10 млади играчи, уште е млад може да се смени, ама има играчи со година или две повеќе, а веќе се изградени... како Мусиала, Белингам, Педри, Гави, Камавинга, Сака, Мартинели, Виртц....
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.840
Поени од реакции
63.542
Имало и други секако, ама на него ми текна како на најдобар пример за прерано хајпнат играч. Влезе од клупа и даде два гола на една утакмица и одма почнаа хлавоспеви за него, демек откриле нов млад талент, се постираа масовно слики од него на ФБ, се споредуваше со еден куп легенди... Не зборам инаку за форумов, не сум ни бил тогаш член тука. Зборам општо за фановите на Јунајтед насекаде.
Веројатно ја збориш утакмицата со Астон Вила, ама тогаш Роналдо даде 2 гола, овој даде убав гол за 3-2, практично, гол за титула. Не ми текнува дека дал 2 гола на една утакмица. Очаен беше како фудбалер.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587

За таа е веројатно. Тогаш кога се појави прв пат. После имаше пак некој одлучувачки гол и беше доволно да го хајпнат до максимум. Еве се сеќавам и дека се водеа дискусии Македа vs Педро, се појави тој во исто време во Барса.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.840
Поени од реакции
63.542
Од толку играчи на Јунајтед што се преценети и прехајпнати озбилно за Гарначо се фативте? Баш си има супер сезона не знам што повеќе треба да направи. Нека продолжи само вака ќе биде супер играч ако избегне глупости да прави и некоја сериозна повреда.
Веќе има проблеми со него. На турнејата во Австралија на почетокот на оваа сезона го исклучија комплетно од сите утакмици зашто доцнел. Потоа семејството бараше да не потпишува договор подолг од 4 години со Јунајтед, иако Јунајтед стандардно сака да има контрола со опција со година плус да се продолжи, независно од вољата на играчот. Потоа стави стори со vape кој се гледа до него, и не би било чудно, да не го избриша самиот истото. Делува своеглаво, па ке видиме дали тоа ке го однесе на повисоко ниво, или ке има просек кариера.

Претпоставувам дека почнал да тренира посериозно, па го вклучи Тен Хаг во тимот нешто подоцна. Му треба сила, го туркаат прелесно. Да влезе кога бекот е уморен е одлична опција од клупа. Како стартер, во неколку наврати имаше слаби изданија. Ми се допаѓа што е директен играч, иде на дриблинг, не пимпла.

За таа е веројатно. Тогаш кога се појави прв пат. После имаше пак некој одлучувачки гол и беше доволно да го хајпнат до максимум. Еве се сеќавам и дека се водеа дискусии Македа vs Педро, се појави тој во исто време во Барса.
Педро направи кариера за овој. Далеку покомплетен играч.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.910
Поени од реакции
24.523
Имало и други секако, ама на него ми текна како на најдобар пример за прерано хајпнат играч. Влезе од клупа и даде два гола на една утакмица и одма почнаа хлавоспеви за него, демек откриле нов млад талент, се постираа масовно слики од него на ФБ, се споредуваше со еден куп легенди... Не зборам инаку за форумов, не сум ни бил тогаш член тука. Зборам општо за фановите на Јунајтед насекаде.
Не го правевте вие истото за Фати?
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.526
Поени од реакции
42.974
Мислам дека ова веќе се менува со генерациите родени во период на јак Сити, на јак ПСЖ.
Поинаква перцепција имаат на тие клубови во споредба со нас.
Може беше чудно нашата генерација да има симпатии према овие клубови, но за денешниве деца е сосема нормално.
Ова е точно. Посебно ако ги споредиш со Јунајтед, Арсенал, Интер, Милан и другите екипи за некои навиваат голем дел од нашите генерации. Ама сепак збориме за Реал Мадрид. Освоија ЛШ 5 пати од 2014та навака, вклучувајќи три по ред. Плус со Роналдо во тимот, Реал дефинитивно има голем број фанови и од овие родени после 2000та.

Кај различни играчи, различни се критериумите за лош натпревар.
Едноставно мислам дека е прехајпнат играчот и моментално не го оправдува тој хајп (многу честа работа кај младите играчи во ПЛ). Дај Боже да грешам и Гарначо да прерасне во играч од светска класа, немам ништо против играчот како што мисли ликот над овој пост, баш напротив.
Имало и други секако, ама на него ми текна како на најдобар пример за прерано хајпнат играч. Влезе од клупа и даде два гола на една утакмица и одма почнаа хлавоспеви за него, демек откриле нов млад талент, се постираа масовно слики од него на ФБ, се споредуваше со еден куп легенди... Не зборам инаку за форумов, не сум ни бил тогаш член тука. Зборам општо за фановите на Јунајтед насекаде.
Прво да објаснам од сам старт, не ми беше муабетот дека Гарначо сигурно ќе биде ѕвезда, затоа и пишав "ако се развие како што треба". Има уште многу леб да јаде за тоа. Муабетот беше во прва прилика би киднал во Реал, бидејќи уште од сега прави проблеми за продолжување на договорот (како што кажа видук за траењето на договорот), но прочитав некаде дека бара и откупна клаузула, итн, итн.. Значи со се на се 10 изиграни утакмици во Јунајтед, тој индикректно кажува дека не му е целта да помине што е можно повеќе години на Олд Трафорд, туку дека има и некоја друга цел во кариерата. А сите знаеме која е целта.

Е сега за хајпнувањето, тоа го има кај сите екипи, посебно со социјалните мрежи каде секоја будала може да твитне или да постира. Сеа од никаде може да ми текнат 10 таленти од Барселона што требаше да бидат следниот Меси, следниот Чави или Иниеста, па никој од нив не стана играч. Истото важи и за другите екипи, Челзи, Арсенал, Ливерпул, Реал, во Италија и Германија исто имало еден куп таленти низ годините што пропаднале.

Околу Гарначо, факт е дека дечкото има сериозен талент. Еден од тие играчи што ти треба 15 минути да ги гледаш за да видиш дека имаат фудбал во нозете. Ама сите знаеме дека за да станеш класа фудбалер, талентот е само стартна точка. Ако остане само на талент, да - за некоја година ќе заврши на позајмица во Хадерсфилд. Ама истово важи за било кој играч. Нормало, и да го прескокнат повредите.
 
Последно уредено:

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.940
Поени од реакции
9.575
Ќе завршит и овај Гарначо ко големиот талент Јанузај.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
713
Поени од реакции
510
Ги гледав головите на Њукасл против Тотенхем, и само би ја постирал сликава како опис на сите голови, вклучувајќи ги и цели акции и пасови.

Еди Хау е еден од нај-потценетите Англиски тренери. Според мене најдобар Англиски тренер моментално. Хау е се што сите мислеа дека е Потер.
Фудбалот што го играше Борнмут со него беше одличен, се гледа сега и со Њукасл. (ОК, испаднаа со него и беа катасрофа 2020та). Сепак, одличен тренер со надежна екипа. Со Арсенал се освежување во ПЛ.
Њукасл направија и погодија се што Челзи не направи и промаши.
Почни од засилувања, игра и тренер, заврши до место на табела.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.320
Поени од реакции
36.897

Ги немам многу гледано сезонава, ама штом се на трето место на табела сигурно тоа не е случајно. Иако утакмицава со Тотенхем ми изгледаше на онаква утакмица кога све ќе ти тргне од рака, секој шут ќе влезе у гол, едноставно сите играчи беа на црвено. :D
 
И да биле сите на црвено, скоро цела сезона се на црвено. Не е нешто ново.
Тука ќе прашам, зошто 1 натпревар играчите на Челзи не се на црвено? Да не има нешто и до тренерот?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.840
Поени од реакции
63.542
Еди Хау е добар тренер, слично на Потер. Прашање е дали може да го направи тој нареден чекор. Да помине од добар, во елитен тренер. Тука сите пропаѓаат. Со него би било добро во неговиот случај што веројатно нема да има потреба да менува клубови, туку веќе во Њукасл ке му донесат подобри играчи, за разлика од останатите, на времето, надежни тренери, на кои им беше дадена шанса да водат топ клубови, па укакаа работа во новите клубови. Потер, Мојс итд.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.320
Поени од реакции
36.897
И да биле сите на црвено, скоро цела сезона се на црвено. Не е нешто ново.
Тука ќе прашам, зошто 1 натпревар играчите на Челзи не се на црвено? Да не има нешто и до тренерот?
Веројатно затоа што притисокот да се успее во Челзи е далеку поголем за разлика од Њукасл. Како што кажа Видук, дали Хау ќе го помине тоа скалило од добар во елитен тренер. Треба да се испроба во таков клуб па да видиме до каде е работата. И Мојс на времето чуда правеше со екипа како Евертон, за после во Јунајтед да пропадне како жетон у флиперница.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не го правевте вие истото за Фати?
Па да, со таа разлика што Фати играше континуирано добро пред повредата. Нормално, кога ќе добиеше шанса, ама не беше тоа само една или две утакмици. Сепак е претерано да се споредува со случајот на Македа. Послични примери се Кркиќ и Дос Сантос, пошто имаше фанови кои и нив ги издигнуваа по социјални мрежи.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.910
Поени од реакции
24.523
Па да, со таа разлика што Фати играше континуирано добро пред повредата. Нормално, кога ќе добиеше шанса, ама не беше тоа само една или две утакмици. Сепак е претерано да се споредува со случајот на Македа. Послични примери се Кркиќ и Дос Сантос, пошто имаше фанови кои и нив ги издигнуваа по социјални мрежи.
И Тељо.

Не ми беше муабетот да го омаловажувам Фати, туку секој фан на екипа во која има млад талент го прави тоа.

Младиве играчиве имаат мега агенти каде со 2-3 добри утакмици знљат да го продадат својот клиент одлично, поготово преку социјалните медиуми како најлесен начин да се допре до глобалната фан база.
 
Член од
20 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
324
Реално не ни има потреба од лета како претходното или зимскиот преоден рок, ни фалат само напаѓач и ДМ, има многу млади играчи купено во позадина за наредни години еден по еден да добиваат шанса во прв тим. Поголем проблем е како ќе продадеме едно 15 играчи од првиот тим, моментално имаме повеќе од 30, премногу deadwood.
Ви фалат само напаѓач и ДМ исто ко на Јунајтед шо му фалеше десно крило и партнер за Мегваер за прво. Само овие беа 2, 3 место па ај до некаде и не беше толку чудно шо се праеше филм, ама овие резилите поблиску до втора лига се отколку до опстанок само напаѓач и ДМ фалело. Шо не ќе прочиташ. :pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom