Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 ноември 2013
Мислења
843
Поени од реакции
1.299
Ја ебаа скроз Премиер Лигата со коронава.
Челзи најосакатени беа у последниов период и им избега Сити 6 бода.

Тешко , многу тешко да го симнат Сити од врвот.Многу поширок ростер има Гвардиола и од Лпул и од Челзи.
Плус сите тешки утакмици сега Сити дома ги игра така да..
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Ја ебаа скроз Премиер Лигата со коронава.
Челзи најосакатени беа у последниов период и им избега Сити 6 бода.

Тешко , многу тешко да го симнат Сити од врвот.Многу поширок ростер има Гвардиола и од Лпул и од Челзи.
Плус сите тешки утакмици сега Сити дома ги игра така да..
А пак ако не беа короносани можеби ќе се носеа со Сити...во светот на бајките.

Челзи ионака држеа нереално темпо до пред некое време и прашање на време беше кога ќе почнат да киксаат.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Сити пак се издвојуваат, ептен тешко некој да им парира во лигашко натпреварување.
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Не би отпишувал никој јас сѐ додека нема голема разлика во поени, посебно не во ваков период со ковид. Башка една повредна на клучен играч многу менува во било кој тим. Кај Сити помалку ќе биде изразено заради јаката клупа, ама сепак има уште многу да се игра.
 
O

onefifty

Гостин
Со последниве случувања сезонава ми губи на легитимитет, мора да се стопира додека се смири ситуацијава со ковид, вчера Челзи немаше ни замени. Не барам оправдувања и слично, повреди можат да бидат season breaker за било кој тим ама тоа вчера што се деси со Вулвс е недопустливо, посебно кога еден куп утакмици се одложија ради истата причина.
После тоа гледав Пул - Тотенхем и почнувам да губам апсолутно интерес во фудбал ради судииве, не знам што се случува со Англија ама од година во година мислиме дека неможе да биде полошо судењето и пак е полошо, од година во година.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
А пак ако не беа короносани можеби ќе се носеа со Сити...во светот на бајките.

Челзи ионака држеа нереално темпо до пред некое време и прашање на време беше кога ќе почнат да киксаат.

Во светот на бајките, пред шест месеци, комплетно фит Челзи за еден месец му зеде мерка на Сити трипати, во три различни натпреварувања.

Не беше прашање на време, почнаа да киксаат откако масовно почнаа да се повредуваат и отсуствуваат фудбалери. Сити е неверојатен, многу малку отсуства, под конец и повторно само плус шест во однос на Челзи.

Види, секоја година е истиот муабет. Сити ќе влезе во некоја јака форма и веднаш е неприкосновен, веднаш никој жив нема шанси покрај нив, додека не се појави некој Ливерпул и Клоп, или Конте и Челзи во лига, или пак некој Покетино, Тухел, или ебениот Лион во Лига на шампиони. :pos:

Мене лично Сити ми беше и уште ми е фаворит за освојување на Премиер Лига, но дебело потценувачки приказни, особено поучени од изминатите години и неславните нивни завршници, малку ми се смешни.

Чисто за перспектива, Ливерпул да ги добие сега во директен дуел избива на прва позиција. Така што, сабур. Има за играње.
 
Не знам дали си свесен каков фудбалски маг цитираш и зошто воопшто си трошиш тастатура.
Прв ќе биде во ЛШ да пише хехе Пеп мастермајнд кога истиот Пеп ќе почне да се глупира со формации.
Пак ќе ти речам, дали си свесен со кој се објаснуваш.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не знам дали си свесен каков фудбалски маг цитираш и зошто воопшто си трошиш тастатура.
Прв ќе биде во ЛШ да пише хехе Пеп мастермајнд кога истиот Пеп ќе почне да се глупира со формации.
Пак ќе ти речам, дали си свесен со кој се објаснуваш.

Абе добар е Џони, само некогаш знае да ги предимензионира работите. И си го сака Гвардиола фиксно, тоа не можеме да му го одземеме. :love:
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.280
Не би отпишувал никој јас сѐ додека нема голема разлика во поени, посебно не во ваков период со ковид. Башка една повредна на клучен играч многу менува во било кој тим. Кај Сити помалку ќе биде изразено заради јаката клупа, ама сепак има уште многу да се игра.
Па им се случувало ова на Сити, памтам Де Брујн како најглавен и најклучен играч им беше повреден па пак без проблем си ја изиграа сезоната.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Па им се случувало ова на Сити, памтам Де Брујн како најглавен и најклучен играч им беше повреден па пак без проблем си ја изиграа сезоната.
Мислам дека Де Брујн веќе две сезони не им е клучен играч на Сити, иако веројатно е нивниот најдобар поединец и ова што го пишуваш е точно, односно неговото отсуство е голем удар за Гвардиола.

Ама, за волја на вистината, затоа е еден од најдобрите во својата работа, Гвардиола сфати колку е часот, ја сфати природата на Де Брујн и го промени начинот на функционирање.
Со оглед на честите повреди и возраста на Белгиецов, Гвардиола престана да ја конципира играта врз неговите способности. Малку ја разложи и ги подели улогите. Гундоган, Кансело, Фоден, сезонава и Бернардо. Затоа не им чкрипи машинеријата и кога не игра Де Брујн. Дури и пофлуидно ми играат без него.

Сепак, во контекст на муабетот, повреда на еден играч е повреда на само еден играч. Дополнително, повреда дури и на Де Брујн во екипата со најјака и најдолга клупа, може да биде и пичкин дим.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.860
Поени од реакции
7.086
Ова да го правеше друг играч ќе имаше постојано негативен прес ама ете Џејми Реднап вчера на скај кажа дека Хари не бил таков дечко

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom