Предлог за уставно име што НЕ СМЕЕ да се прифати

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
abe preeska go gledav janko na TV, i vika ako se stavi Skopje vo imeto togas ke se nalutat Ohrid, Prilep, Bitola itn. i kraj kraj koga ke podrazmislis u pravo e covekot

Па добро бе, нека стават тогаш: Реп. Македонија (Скопје, Охрид, Прилеп, Битола и тн.)
И тие што не се од Скопје - среќни, и ние - у НАТО.
 
pa da be, toa ke bide dolgo ime (REpublika Makedonija i posle site 30 i kusur gradovi) i neka ne pisuvaat segde taka, pa posle koj sto saka neka si najde skrateno ime, kako sto mu e arno na dusata. nego dosta zaebancii, imeto ne smee da se dade po nikoja cena.
 
Абе какви додавки и придавки,баталете тие верзии.

Нашето име е Македонија.

гледам почна да делува перењето на мозоци.
 
...nego dosta zaebancii, imeto ne smee da se dade po nikoja cena.

Без заебанции, ама ние стварно ништо не даваме од името. Во ниеден предлог на Нимиц, во ниедно лигавење на Бранко & co., не е дадено ништо од уставното име.
Само се додава.

знам дека има доста, на форумов, оперирани од иронија и сарказам
 
Абе какви додавки и придавки,баталете тие верзии.

Нашето име е Македонија.

гледам почна да делува перењето на мозоци.
abe ne se nerviraj pa ti odma, kakvo perenje mozoci kakvi bakraci. se znae imeto bilo i ke ostane MAKEDONIJA bez nikakvi gluposti pred ili posle nego.
 
abe ne se nerviraj pa ti odma, kakvo perenje mozoci kakvi bakraci. se znae imeto bilo i ke ostane MAKEDONIJA bez nikakvi gluposti pred ili posle nego.

Odlichna analiza za toa shto sakaat da postignat cigano-atinjanite so geografskata referenca/ime "Gorna Makedonija". Imeno, ja definiraat "dolna:" odnosno Egejska kako taa antichka Makedonija koja demek nim im pripagja, a nie sme nadvor od nea, i so toa dobivaat ekskluzivitet nat antichkata istorija i go zatvoraat makedonskoto prashanje.

Да не се биде или да не се биде во НАТО

д-р Митко Б. Панов

Предлозите за сложено име со „географска одредница“ што ни се сервираат и се афирмираат како „реален“ и „прифатлив“ компромис, сепак имаат многу подлабока димензија, и кон истите (како и кон формулациите) треба исклучително внимателно да се однесуваме, бидејќи претставуваат своевиден „Тројански коњ“ за националниот идентитет.


Географското дефинирање на државата Македонија со додавките и формулациите проследени во предлозите на Нимиц, само привидно ја одразуваат географската одредница, а всушност во себе ја интегрираат целокупната грчка позиција за негирање на правото на културно-историското наследство на античка Македонија, а со тоа и на самото име Македонија и Македонци.

Зад привидната географска одредница, како на пример Горна Македонија, всушност се кријат настојувањата на Атина територијално да ја разграничи и со тоа да ја монополизира историјата на античка Македонија (и на другите историски периоди поврзани со територијата на „историска Македонија“) , со што директно претендира да го обезбеди ексклузивното историско право на терминот Македонија и Македонци.

Доволно е да се посочи фактот дека самиот термин Горна Македонија (копнена, внатрешна) повеќе е историска, или поточно модерна историографска конструкција, со која се врши идентификација, односно разграничување на јадрото-татковината на античка Македонија (долна Македонија, крајморска Македонија) со територијата која во времето на владеењето на македонскиот цар Филип ИИ, била анектирана во државата Македонија. Доколку се прифати географската одредница од типот Горна Македонија, како и дел од формулациите кои се составен дел од последниот текстуален предлог на Нимиц, Грција автоматски ќе претендира на присвојување на правото на историскиот дел на „долна Македонија“ како татковина на античките Македонци, а со тоа и на културно-историското наследство кое би произлегувало од строго географски разграничената територија на „историска Македонија“. Грција ќе го смета прашањето за историјата на античка Македонија за затворено, упатувајќи на добиениот географско-територијален историски ексклузивитет.

Во таа смисла, Грција и се повикува на неопходноста за преименувањето на националните аеродроми во Скопје и Охрид, што не претставува ништо друго, туку акцентирање на ексклузивитетот врз Александар ИИИ Македонски, Филип ИИ Македонски. . . Апсурдот да е поголем, повикувајќи се на„чувствителноста“ (вознемиреноста) , Грција претендира да го прикаже како „свој“ дури и оштоекуменскиот апостол Павле, со смешното но не и наивно образложение, дека тој проповедал во делот од територијата на Македонија, кој од сегашен територијален аспект, Атина претендира да го присвои во културно-историска смисла. Генералниот контекст е дека дел од формулациите во предлогот на Нимиц, комбинирани со географската одредница во името, ќе и овозможат на Атина не само да се портерира како единствен наследник и сопственик на античкото минато на Македонија, туку првенствено и како сопственик на името Македонија и Македонци.

Во таа насока, сосема јасно можат да се аплицираат постулатите на грчката политика за името, презентирани од идеологот на спорот - Евенгелос Кофос во 2005 (по признавањето на уставното име од САД). Историската димензија на името Македонци, Кофос директно ја лоцира кај „првите сопственици на името, кои всушност го дале своето име на регионот“, а кои, според него, биле „грчко-говорен народ, кои во класичната антика ја населувале приближно територијата на денешна Грчка Македонија и се идентификувале како Македонци според нивниот грчки јазик“. Во таа смисла, секоја историска личност, настан и културно достигнување, во иднина Атина би го третирала и поврзувала со територијата како клучен елемент на националното наследство, повикувајќи се на формулациите во идниот договор. Со географското дефинирање на Република Македонија преточено во уставна категорија од додавката Горна (или друга географска одредница) , на Република Македонија всушност не само што ќе и се оспори правото на повикувањето на културно-историското наследство на античките Македонци (како и на другите историски периоди поврзани со територијата на „историска Македонија“) , туку и историското право на самата употреба на идентитетските имиња Македонија и Македонци.

Гледано од перспективата на Кофос, но во обратната насока, тоа ќе претставува „асимилирање на обата типови на култура - национална и географска“. Не случајно во весникот „Катимерини“ од 17 март годинава, повторно се актуализираат постулатите на Кофос за „македонското прашање“, во кои меѓу другото се наведува дека Грција поседува 90% од територијата на „историска Македонија“, како и дека Филип ИИ и античките Македонци биле Грци. Притоа не се навлегува во прашањето на кој начин Грција ја стекнала територијата на „историска Македонија“ и тоа во почетокот на ЏЏ век, и со какви методи се служела и се уште се обидува да ја наметне сопствената конструкција за грчкиот карактер на Македонија и на Македонците. Да не зборуваме за тоа дека изворните сведоштва целосно ги де-конструираат грчките тези за античка Македонија и го разобличуваат вештачкиот историскиот мит на Грција креиран во ЏИЏ и почетокот на ЏЏ век. Со крајно изместениот дискурс кој се обидува да го протурка Грција ние од носители на името Македонија и Македонци, со кој се означува нашиот идентитет низ вековите, ќе бидеме претставени како обични „иредентисти“ кои претендираат да ја „крадат грчката историја, култура и идентитет“, за што своевремено не обвини Кофос. Воедно Република Македонија може да влезе во замката во која недефинираниот сегмент на сопствената историја кој би произлегол од прифатената географски дефинирана одредница во името и формулациите, ќе биде трансфериран и во внатрешен проблем поврзан со оспорувањето на националниот идентитет. Дотолку повеќе што антиката може да претставува силен кохезивен елемент помеѓу македонскиот народ и албанската етничка заедница. Истото би можело да се претвори и во потенцијален проблем со останатите соседи со оспорувањето на делови од културно-историското минато на Македонија, а со тоа и на идентитетот, што веќе се насетува.

Со тоа на Република Македонија всушност вештачки ќе и биде оспорено историското право на користењето на имињата Македонија и Македонци, што ќе резултира со целосно обезличување на националниот идентитет. Сето тоа ќе добие и безбедносна димензија, од аспект на постојните геополитички прегрупирања на Балканот. Оттаму, лажната хамлетовска дилема која во моментот се обидува да ни ја сервира Грција на чинија во форма на македонска мирудија во грчката салата, всушност се сведува на прашањето: Да не се биде, или да не се биде во НАТО! Се надевам дека нашите многубројни партнери во НАТО, првенствено САД, нема да дозволат Република Македонија во Букурешт навистина да се соочи со вака исконструираната дилема наметната од Атина, и во почетокот на април ќе не поканат во семејството на демократските земји во Алијансата, бидејќи тоа реално го заслужуваме како цивилизациска земја.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1352&ArticleID=87579
 
И официјално :

Горан Момировски - А1 Телевизија напиша:
26.03.2008 08:56
Предлогот на Нимиц најверојатно е „Република Македонија - Скопје“, дознава А1 од дипломатски извори.
Според првичните информации на А1, предлогот бил неприфатлив за Грција.
Василакис и Димитров не дадоа изјави по средбата, а медијаторот изјави дека очекува државите сериозно да размислат за новиот предлог.

Ова е тотално срамно. Ако се случи вакво нешто - се откажувам од моето државјанство : ниту ми треба ниту пак го сакам. Никој нема право да ме нарекува според име коешто нема никаква врска со мене.

Толку од мене : Ви ја препуштам дискусијата Вам.
 
Нема шанси тоа да се прифати од наша страна.

Срамно е, да...На времето овој предлог го дадоа Киро Глигоров и Денко Малески...СРАМОТИЛАЦИ!
 
Европска Република Македонија
 
Скај: “Република Македонија – Скопје“ на кирилица е новиот предлог на Нимиц

Името “Република Македонија – Скопје“ напишано на кирилица е новиот предлог на специјалниот посредник на ООН, Метју Нимиц, јавува грчкото радио “Скај“ повикувајќи се на извори од централата на ООН.
Нимиц го предложил тоа име на синоќешната средба меѓу преговарачите на двете страни Адамандиос Василакис и Никола Димитров. За разлика од минатите средби каде Нимиц даде повеќе различни предлози сега тој понуди еден предлог.
По средбата со преговарачите Нимиц изјави дека предлогот не е сто проценти прифатлив за двете држави, но се надева дека ќе го разгледаат сериозно и ќе најдат решение. Тој призна дека во предлогот ја вклучил географската димензија. Уште не се знае дали предлогот ќе биде за меѓународна или билатерална употреба.
Меѓу двете страни повторно нема согласност, но Нимиц очекува брз одговор. Прашањето за името треба да биде решено до 3 април, кога на самитот ќе се одлучува за членството на Македонија во НАТО.


Republika Makedonija - Skopje.
1. Како што кажа Мацедалиен, за цел свет ќе бидеме познати како Скопје (или Скопџе)
2. Латиничен изговор: Република Македониџа - Скопџе
:nenene:
 
Грчки печат: Нов предлог – ултиматум на Нимиц


Централна тема во денешните грчки весници се резултатите од вчерашниот круг преговори во Њујорк за спорот за името на Македонија.
Официјално не се посочува содржината на предлогот, но во грчките весници протекува информација од седиштето на ООН, според која новиот предлог на Нимиц е името “Република Македонија – Скопје“.
Според “Елевтерос Типос“ седум дена пред средбата на врвот на НАТО Нимиц предложил ново име, кое има форма на ултиматум. Според весникот предлогот на специјалниот претставник е за двојна употреба, а првата реакција на Атина била, неприфаќање на предлогот.
“Та неа“ пак соопштува дека предлогот на Метју Нимиц е “Република Македонија (Скопје) и одбележува дека САД брзаат “крштевањето“ да биде пред средбата на НАТО.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 26.03.2008 11:04:18
 
Ја сум против секаво менување на имто ама и во случај да ставан некоја придавка таа нека биде пред Република а не после Република.

Значи не Република Нова Македонија или сл.
придавка+Република Македонија.
Јас навивам за Македонска Република ама изглеа не е ни номинирана.
 
Мене тоа -Скопје не ми пречи до толку, колку што пречи тоа што е напишано на кирилица. Јас не знам како ова џебно маже станало медијатор кога во најклучниот период кога е нужно да се најде прифатливо решение повторува предлози кои или веќе биле одбиени или пак е невозможно да се прифатат. Јас и претходно си кажав, јас сум за компромис со име како Демократска Република Македонија или некое слично со нормална додавка пред зборот република, но имам впечаток како Нимиц да не сака да изнајде заемно прифатливо решение. Имам впечаток дека мисијата на грците не е да ни го смени името туку да не влеземе во НАТО.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom