- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Како лингвист и почитувач на хјелмслевиот закон за “помал напор“, сметам дека е СРАМНО и тотално неодговорно да се презема ризикот со поцртаниот предлог. Зошто? Еве ќе ви објаснам :Горан Момировски - А1 Телевизија напиша:Меѓу модифицираните варијанти на предлозите „Република Македонија (Скопје)“ и „Република Нова Македонија“ ќе се кршат копјата на средбата што се очекува да започне на „Ист ривер“ во Њујорк.
Придружниот пакет, за кој Василакис и Димитров заедно со Нимиц ќе преговараат во наредниве неколку часови, ги содржи и прашањата за македонскиот јазик, култура и историја, но и прашањето за тоа дали постои можност во различни организации да се употребуваат различни варијанти за името на државата.
Дополнителна нервоза во разговорите внесоа денешните изјави на Премиерот и министерот за надворешни работи, кои ја комплицираат и онака тешката задача на Нимиц и пред се на преговарачот Димитров.
Колку е ситуацијата сложена кажува и информацијата дека прес-службата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ја одложи прес-конференцијата по средбата.
Најверојатно изјава по средбата ќе даде само медијаторот Нимиц. Неофицијално, грчката страна одбила да учествува на закажаната прес-конференција, по што таа била одложена.
Официјалното име на Република Чешка е “Чешка Република“. Речиси сите земји во светот го употребуваат терминот “Чешка“ бидејќи е најкраток термин од уставното име. Ελλινική Δημοκρατία е официјалното име на Грција. Нејзиниот “краток термин“ е ΗΕΛΛΑΣ, и како таков се употебува најчесто, како и неговиот дериват Ελλάδα.
Од таа гледна точка, доколку овој предлог е прифатен, кој, според вас, е најкраткиот термин? Како ќе не нарекува Грција? И како ќе не нарекува светот? Замислете ги англичаните коишто го читаат нашето уставно име “Република Македонија (Скопје)“. Им се брза, сакаат што помалку време губење за изговор... Кој е терминот којшто ќе го употребат за да си ги скратат маките? Република? Македонија? Скопје? Ви оставам да погодите :wink:
Уште нешто : спомнав, уште пред некое време, дека идеалниот предлог којшто оди во прилог на светската пракса би бил Македонска Република (долго име) коешто ги става грците во крајно незгодна ситуација. Штета што и покрај протестите - напорите на неписмените преговарачи е без резултати. Сетете се, само, дека во 1993 година Грција беше спремна да го прифати ова име : извисија СДС-БЈРМ коишто “плачеа“ за референца и коишто сега кукаат и јадат гомна за да се реши прашањето со името. Штета : решението постоеше уште тогаш ама нашиве неписмени политичари (и уште понеписмен народ) не знаеја да ја искористат таа прилика.
Да не должам многу : СЕГА е време да се протестира оти ако “Република Македонија (Скопје)“ влезе во пракса - грците автоматски победуваат и тоа со шах-мат.
Значи размислете пред да излупате серија глупости, пцовки и навреди.
И пак ќе речам : кога мајка ми се родила, смениле кум за да не ја крстат со името на мојата прабаба. Кумот се менува!!! И Нимиц не е вечен. Ќе жалам ако во иднина доаѓам во... Скопје! :nesum: